"Најголемите животни и морални вредности во етичкото воспитување на децата во предучилишна возраст" - воведување на етичките вредности: вистина, мир, љубов, добро однесување и ненасилство.
"Детското срце без граници патува во Пустец - Р. Aлбанија" - хуманитарен и прогласен за проект од јавен интерес.
"Искористување на сончевата енергија преку инсталирање на соларни колкетори во градинката" - вклучување во светските текови за заштита на природата и намалување на емисијата на штетни гасови.
"Со демократија и детски права - не боли глава" - излегување во пресрет на потребите на сите деца и родители, да се запознаат со детските права, но и обврски.
Прв македонски детски мјузикл „ Љубовта победува се “
„ Велигденски појадок “ – децата со родителите
„ Рецептите од кујната на градинката Корчагин “
Како резултат на реализираните проекти произлегоа и трите интерни прирачника, со голема и трајна едукативна вредност.