" /> Основање и локација на установата


ЈУДГ на О.Ц „Раде Јовчевски – Корчагин‘‘ е основана 1948 година.  Установата започна како јасли, но потоа прерасна во детска градинка која беше единствена во градот и работеше  втора смена. Започнавме со еден објект-барака, се проширивме и сега имаме 4 објекта. Со децентрализација објектот „Петар Пан‘‘ е доделен на друга општина и во моментов броиме три објекта, сите тие се наоѓаат на територијата на општина Центар. Во градинката згрижуваме, воспитуваме и образуваме деца на возраст од 0 - 6 години, организирани во 21 воспитна група, според станададите предвидени со закон.
Објект „Пинокио‘‘. Него го сочинуваат 12 воспитни групи. 3 групи на возраст од 0-2 год. и 8 воспитни групи на возраст од 2- 6 год. Групите се пространи, наменски опремени со содветни дидактички материјали за воспитно-образовна работа. Во рамките на објектот функционира и голема сала која се користи за различни намени. Работното време на објектот е од 06:00-18:00 часот.
Објектот „Пепелашка‘‘е простран и модерно уреден и целосно реконструиран. Во рамките на овој објект работат 7 воспитни групи од кои 1 хетерогена група втора смена. Располага со наменски уреден двор за игра и престој на децата на свеж  воздух. Работното време на објектот е од 06:00- 22:00 час.
Објектот „Палешка‘‘ го сочинуваат 2 хетерогени воспитни групи од 2 години до поаѓање на училиште. Групите се уредени модерно, со високи педагошки стандарди и објект кој е целосно реконструиран. Располага со голема тераса, која што се користи за игри и престој на децата на свеж воздух, приредби и дружења со родителите. Работното време на објектот е од 06:00 - 18:00 часот.
Податоци за Патронот на установата
Патронот на установата е млад револуционер, патриот, борец за слободата на Македонија од втората светска војна. Прогласен е за народен херој и неговата биста се наоѓа во Алејата на великаните на градските гробиштата во Бутел - Скопје.

We use cookies to improve our website and your experience when using it. Cookies used for the essential operation of the site have already been set. To find out more about the cookies we use and how to delete them, see our privacy policy.

I accept cookies from this site.
EU Cookie Directive plugin by www.channeldigital.co.uk