" /> Програми

ПРОГРАМА 2019/2020

 

                                                    Јавна Установа за деца-

                            Детска градинка на Општина Центар

 

                

                     „РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ - КОРЧАГИН“

                                      Г  О  Д  И  Ш  Н  А

                     П  Р  О  Г  Р  А  М  А     З  А     Р  А  Б  О  Т  А

                                                 З  А

                                     2  0  1  9 / 2 0 20

 

 

 

 

 

 

 

 

                                  Скопје, Септември 2019 год.

 

 

 

 

 

СОДРЖИНА

 

  1. ВОВЕД
  1. ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТНО ВРЕМЕ НА ГРАДИНКАТА

  3.   ПРОГРАМИТЕ НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКАТА

  4 .  РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ВО ГРУПИ

  5.  РАБОТА НА ДИРЕКТОРОТ,  СТРУЧНИТЕ И ДРУГИТЕ РАБОТНИЦИ

  6.  СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТE

  7.  СОРАБОТКА СО ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИ, СПОРТСКИ,ЗДРАВСТВЕНИ,КУЛТУРНИ,НАУЧНИ И ДРУГИ УСТАНОВИ, ФОНДАЦИИ И ЗДРУЖЕНИЈА

  8.  АКТИВНОСТИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ВО ГРАДИНКАТА

  9.  ПЕРМАНЕНТНО СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

10.  РАБОТА НА СТРУЧНИТЕ ОРГАНИ

11.  ДРУГИ РАБОТИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ДЕЈНОСТА

 

 

 

1.     ВОВЕД

          

Стручно-научните согледувања укажуваат на тоа дека првите пет години од животот на човекот се фундамент на воспитанието и образованието на секоја индивидуа.

Наученото во раната младост останува трајна придобивка на личноста, нејзин сознаен и вредносен капитал.Во овој свет полн со предизвици и неизвесности, секој човек треба да биде опремен со најдобри знаења, аксиолошки подготвен и етички изграден на најдобар можен начин уште на самиот старт на животот.

          Секако дека  не постои некоја дефиниција што целосно ќе ја дефинира добрата градинка, ниту пак, готов рецепт како може таа да се постигне.

Листата на квалитетите или карактеристиките на добрата градинка би била многу долга, а нивниот редослед според приоритетноста различен. Но сепак постојат некои одредници кои се сретнуваат кај повеќето теоретичари, а се потврдени и во практиката.

Наученото во раната младост останува трајна придобивка на личноста, нејзин сознаен и вредносен капитал, па затоа раното детство или „првите пет се најважни на свет„ е многу важно во развојот на човекот.

Во овој свет полн со предизвици и неизвесности, секој човек треба да биде опремен со најдобри знаења, аксиолошки подготвен и етички изграден на најдобар можен начин уште на самиот старт на животот.

Терминотефикасна и  ефективна градинка можеме да го користиме како синоним за успешна градинка

Се работи за таквата градинка која континуирано ја подобрува својата работа и како резултат на тоа постигнува подобри воспитно-образовни резултати.Тоа значи дека во градинката е создадена здрава и стимулативна клима за работа, дека е воспоставена современа и функционална работна култура , двонасочна комуникација и  кооперативност со родителите.

 Овој процес на подобрување на работата на Градинката се карактеризира и со тимска работа и воспоставен систем за обука и усовршување на кадарот, како основа за постигнување на високи резултати.

А.Дистервег вели:„ Не е можно на друг да го дадеш тоа што самиот го немаш.Значи, не можеш да образуваш, да развиваш и да воспитуваш други ако самиот не си образуван, развиен и воспитан.„

За да може градинката да ја оствари својата улога  неопходно е да се следат промените во општеството, но и самите да ги креираме личните неопходни промени и така да создадеме услови за усовршување на сопствената компетентност како квалитет со кој се разликуваме од другите.

Визија без акција е сонување.

Акција без визија е случајна активност.

Визијата и акцијата заедно можат

да го променат светот!

Визија на Градинката „Корчагин“ е :

Градинката ке биде безбедна и дисциплинирана средина во која децата ќе доаѓаат со задоволство и ќе се чувствуваат сакано и безбедно а игрите и сите активности ќе бидат прилегодени на нивните интереси и потреби.

Мисија на Градинката „Корчагин“ е:

Промовирање на сестрана;

креативна и

продуктивна личност,

развивање свеста за хуманистички и естетски вредности,

преку современ воспитно-образовен процес

За успешно и темелно реализирање на ВОР во Градинката ќе се раководиме според :

  • Законот за семејството;
  • Законот за заштита на децата ( Сл.весник на РМ. бр.23/2013 г);
  • -Закон за заштита на деца (Сл.весник на РСМ бр.  104/2019 г)

-   Програма за рано учење и развој (Сл.Весник на РМ БР.46/14);

  • Правилник за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на детската градинка ( Сл. Весник на РМ. бр. 35/09);
  • Стандардите за рано учење и развој кај деца од  0-6 години, иницирани од УНИЦЕФ, канцеларија во Скопје во соработка со МТСП;
  • Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ од МОБ;
  • Повеќедецениско искуство во работата на Градинката со традиција од 71 години успешно реализирање на дејноста;
  • Годишна Програма за работа на Градинката за период 2019/2020 година;
  • Програма за „Инклузија на децата Роми  во македонскиот образовен систем“;
  • Развоен план  на ЈУДГ на ОЦ „Раде Јовчевски – Корчагин“ за период 2019/2022 година.

    СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАМ, НАУЧИВ ВО ГРАДИНКА

                                                                                  Роберт Фулгам   

 

2.  ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА ГРАДИНКАТА

2.1 Организација  на градинката

                     

Организациски, Градинката  „Раде Јовчевски Корчагин“ функционира преку три објекта  и тоа : ,,Пинокио“, ,,Пепелашка“ и ,,Палешка“.

Лоцирани се во строгиот центар на градот Скопје и ги задоволуваат потребите на локалното население но и пошироко.

Патронот на Градинката е народниот херој Раде Јовчевски – Корчагин, од прекарот на градинката „Корчагин„ вработените составија акроним посветен  на мисијата на градинката кој гласи:

К - комуникација со врсниците

О - образование за 21 век

Р - радосно детство

Ч - човечки вредности кои се универзални

А - активности

Г - грижа и подршка во развојот

И - индивидуалност застапена како принцип во работата

Н - најважни сте вие и вачите деца - почитувани родители!

Распределба на деца и број на воспитни групи на ниво на установа

Р.б

Објект

Број на воспитни  групи

Проектиран капацитет

Број на запишани деца

1.

,,Пинокио“

11

220

  241

2.

,,Пепелашка“

8

115

  129

3.

,,Палешка“

2

45

    40

4.

   Вкупно

21

380

   410

 

 

 

Објект ,,ПАЛЕШКА“

 

  

 

„Палешка“ се наоѓа на ул. „Кеj 13-ти Ноември“ бр .4/1

 

Палешка ги содржи следните простории:

 

Простории за деца по воспитни групи

Две занимални

Простории за комуникација

Ходник, 1 влез тнр.антре

Економско-технички простории

Ладна кујна, термичка кујна, плакар за храна, хигиенски шпајз

Тоалетна просторија

За културно-хигиенски потреби на децата

 

Сместена е во стамбен простор од 120,17 м2 и наместо двор поседува тераса од 570м2. Проектираниот капацитет е 45 деца.

 

Во овој објект се формираат две воспитни групи  а работата ја обавуваат пет вработени лица од кои два се негyватели и два се воспитувачи.

 

Станот е адаптиран за предучилишна дејност и се наоѓа во склопот на ГТЦ- високо приземје во првата кула на кејот на реката Вардар.

 

Овој објект нема дворна површина но, големата тераса на внатрешната страна  во летниот период претставува вистинско доживување за игри со вода во пластични детски базени и други реквизити карактеристични за летен период.

 

На самата тераса со помош на Општина Центар, поставени се клупи, лулашки, клацкалици, лизгалки, жардињери со цветни насади, патеки за велосипеди, мини возила, кукичка за детски игри и друг вид играчки.

 

Во објектот во тек е  обнова на прозори-замена со нови од страна на ГТЦ,а се врши  и обновување на под и врати,тоалет, целосна реконструкција на објектот  од страна на Општина Центар.

 

Терасата се користи во текот на целата година по разни поводи и за разни намени според потребите на децата и родителите во дијапазон од завршна приредба до прослава на родендени на децата или активи на воспитувачи.

 

Оваа година ќе се  обноват  и прозори за топлотна изолација во двете воспитни групи од страна на ГТЦ.

 

Двете занимални се опремени според нивната намена со богат дидактички и игровен материјал, структуиран во центри за игра и учење.

 

  Воспитни групи ги дефинираме како мала и голема воспитна група. Групите се хетерогени. Се работи тимски во семејна, топла атмосфера во која децата непречено се движат од една занимална во друга.Физичките услови во овој објект  се типично урбани,  препознатливи по блискоста и семејната атмосфера која е овозможена во текот на престојот на децата.

 

Објектот работи до 18 часот секој работен ден, освен сабота и недела.

 

Објект ,,ПИНОКИО“

„ Пинокио “ е сместен на бул.„Кочо Рацин“ бр.24.

  „Пинокио“ ги содржи следните простории

Простории за деца по возрасни групи

11 занимални

Заеднички простории

Повеќенаменски простор , сала , просторија за изолација, „клуб“ за одмор

Простории за комуникација

Влез, ходници, скали

Простории за стручен кадар

3 кабинети

Административни простории

4 канцеларии

Економско-технички простории

Ладна кујна, термичка кујна, магацин за храна, магацин за инвентар и облека, за пеглање и шиење, хигиенски шпајз за сортирање постелнина и облека и перење, просторија за хаус -мајсторот, подстаница со бојлер од сончевиот колектор, скривница

Датира од 1972 година и претставува наменска градба за предучилишно згрижување, воспитание и образование.

Изграден е според сите технички прописи и стандарди за градба на градинка од тој период.Обезбедува сончева изложеност и осветлување во текот на денот.

Архитектонската градба  се состои од подрум, приземје и кат со вкупна површина од 1965 м2. Проектираниот капацитет е 220 деца.

Обиколен е со двор од 637 м2, во кој се поместени реквизитите за игра, патеки, цветни и други насади, дрвја и песочарник.

Оваа година дворот го уредивме  со засејување на нови тревни површини,а  во очекување сме на обновување на реквизити во дворот на градинката со помош од Општина Центар.

Сите занимални и простории се опремени адекватно на нивната намена со богат дидактички и игровен материјал, структуиран во центри за игра и учење, што овозможува холистички пристап во развојот на децата.

Реквизитите  во дворот наменети за игра и физички активности како што се клацкалици, вртелешки, лулашки, елементи за провирање и качување, клупи за одмор, се обезбедени со помош на Општината Центар.

На покривот од овој објект се инсталирани соларните плочи за добивање на топла вода за санитарните потреби на вработените и децата.Тоа е трет соларен колектор во РСМ поставен во градинката, добиен е со ангажман на раководството на градинката и невладина организација како донација.

Секоја занимална располага со тоалет, сопствена тераса, домофон,  центри за работа,клима уреди,прочистувачи на воздух.

Воспитно-образовна работа се изведува во11 воспитни групи од кои три се со деца од најрана предучилишна возраст   и тоа  :

-воспитна група до 12 месеци

-воспитна група од 12-18 месеци

-воспитна група од 18-24 месеци

-воспитна група од 2-3 год(2 групи)

-воспитна група од 3-4 год(2 групи)

-воспитна група од 4-5 год(2 групи)

-воспитни група од 5-6 год(2 групи)

Опременост на занималните  за деца од најрана предучилишна возраст со мебел и дидактички средства

Во овој објект дејноста ја обавуваат вкупно 45 вработен.

Во објектот „Пинокио“ е сместена администрацијата, главниот магацин и главната кујна од која се дистрибуира храната во другите два објекта, во садови наменети за транспорт според ХАСАП системот и во соодветно возило за пренос на храната.

Појадокот се подготвува во самите објекти  ,,Пепелашка“ и ,,Пинокио“ во чајните кујни додека главниот оброк се подготвува во централната кујна.

За вкусната храна,  се грижат квалификувани готвачи  во главната кујна,  чајните кујни и одговорните за набавка на квалитетни продукти од кои се подготвуваат оброците.

Листата на јадење ја подготвуваат главната мед. сестра и  готвач а ја одобрува директорот, кој учествува во подготовката со свои предлози.Во состав на листа за јадење се почитуваат нормативи дадени од страна на МТСП.

Се подготвува зимска и летна листа на јадење која им е транспарентно достапна на родителите.

Пристапот до објектот е обезбеден  преку градскиот паркинг за кој родителите и градинката имаат повластен третман.Исто така родителите користат и пешачки патеки во оклината на градинката.

Во однос на пристапот во објектот кој е секојдневно попречен со паркирани автомобили,се превземаат мерки во соработка со Општина центар тој проблем да биде надминат што поскоро.

Во   ,,Пинокио“ функционира електронски систем на отворање на вратите, со домофон, со што е зголемена безбедноста  при приемот и издавањето на децата.

Поставен е и видео надзор  на  главниот влез во градинката и во ходникот кај економскиот влез.

Објектот е ограден со висока железна ограда со што се спречени несакани посети во дворот, и  е одстранета можноста за фрлање на отпад од надвор.

Објектот има поставени  скали во случај на опасност,  кои

обезбедуваат можност за симнување од катните занимални во дворот.

         Со своето ентериерно и екстериерно уредување ,објектот ,,Пинокио“  е  градинка која ги задоволува потребите за вршење на дејноста.

Со помош на Општина Центар претходната година се заменети дрвените стари прозори со PVC прозори со стакло 4 сезони во приземјето и подрумот, со што ќе се овозможи поголема термичка изолација на просториите и заштеда на топлинска и електрична енергија.

Во Објект ,,Пинокио“ поставени се и панични светла и евакуациони планови,кутии со материјал за прва помош  во соработка со Црвен Крст на О.Ц во реализација на проектот ,,Намалување на ризици од катастрофи“ кој се реализира само во овој објект и оваа градинка на ниво на О.Ц.

Во план е оваа година да побараме реновирање на покривот и ентериерот на оваа градинка од Општина Центар и се надеваме дека ќе ни излезат во пресрет.

Потребна е и поправка на соларен коректор.

 

Објект ,,ПЕПЕЛАШКА“

,,Пепелашка“ е сместена на ул.„Стив Наумов“ бр.102.

„Пепелашка“ ги содржи следните простории:

Простории за деца по возрасна група

7 занимални

Заеднички простории

Повеќенаменска просторија, сала, летниковец,

Простории за комуникација

Влез, ходници, скали

Простории за стручен кадар

1 кабинет

Административни простории

1 канцеларија

Економско-технички простории

Ладна кујна, термичка кујна, магацин а храна, магацин за инвентар и облека, за пеглање и шиење, хигиенски шпајз, за сортирање на постелнина и облека за перење

Објектот е од цврста градба и се состои од подрум, приземје , кат и мансарда која не се користи.Вкупната површина изнесува 885 м2. Проектираниот капацитет е 115 деца.

Изграден е како стамбен објект пред 1950 година даден како  завештание во него да се згрижуваат деца од предучилишна возраст, и е преадаптиран  за вршење на дејноста  детска градинка.

Станува збор за релативно стар објект во кој  се реновирани целосно тоалетните чворови, кујната, поставени се нови врати на влезовите , поставен е  видео надзор на главниот влез.

Во текот на оваа година од месец Октомври планирана е целосна реконструкција на објектот и салата од страна на МТСП во соработка со Светска банка и Општина Центар.

           Во склоп на дворното место се наоѓа салата за приредби, физички активности, часови по музичко воспитание и други содржини.Во салата се реконструирани прозорите со што се подобри природната осветленост на просторот, се овозможи вентилацијата и се подобри енергетската ефикасност.

      Во склоп на овој објект е сместена и гаражата за возилата на градинката.Едното возило се паркира во дворот.

            Дворот од 434м2 е посебно убаво уредена површина со летниковец(кој е донација од родител изграден во 2006год,) за престој и одмарање на децата и нивните родители, опкружен со цветни насади, интересни зимзелени дрвја и грмушки, патеки за поминување.  Реквизитите  за детски игри и физички активности, како и клупите се поставени со помош на Општина Центар.

Објектот е изложен на сонце и обезбедува осветлување во текот на целиот ден.Фасадата е уредна и оддава впечаток на уреден и пријатен екстериер.

Во овој објект се спроведува  згрижувачка и воспитно-образовна  работа во две смени.

Втората смена започнува од 12 часот на пладне и завршува во 22 часот.

Воспитно-образовна работа се изведува во 8 воспитни групи од кои едната е со деца од најрана предучилишна возраст од 18-24 месеци.

Останатите деца се од постара предучилишна возраст од 2-6 години.

„Корчагин е единствената градинка на ниво на О.Ц која работи во две смени.

Влезот на родителите е регулиран со домофонија.

Дејноста ја обавуваат 17  вработени.

Градинката има се што е потребно за нормално обавување на дејноста.

 

Програмската 2019-2020 година установата ја започна со вкупно 66  вработени.

 

2.2 Работно време на градинката

  КУЌЕН РЕД НА ГРАДИНКАТА

  Целодневен престој

  06:00-08:15 - прием на деца и слободни активности

  08:15-08:30 - подготовка за појадок и појадок

  09:00-10:00 - реализација на денваната тема

10:00 – ужинка-овошје

10:30 – 11:30 - слободни игри и престој на свеж воздух

11:30-12:00 - подготовка за ручек и ручек

12:30-14:30 -пладневен одмор и тивки активности

14:30- 15:00 -ужина

15:00-18:00 - слободни активности, игри

Продолжен престој

12:00 -13:00  -прием на деца и слободни активности

13:00 -14:00 - подготовки за ручек и ручек

14:00 -15:30 - реализација на дневното планирање

15:30 -16:00 - подготовки за ужинка и ужинка

16:00 -18:00 - пладневен одмор

18:00 -18:30 - подготовки за вечера и вечера

18:00 - 22:00 - слободни игри и заминување на децата

        

3.   ПРОГРАМИТЕ НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА

Градинката според времетраењето по потреба ќе остварува програми за: целодневен престој, полудневен престој, скратени програми, пилот програми, вонинституционални форми за активности со деца.

Според побарувањата на корисниците на услуги градинката реализира програма за целодневен престој на децата и тоа преку воспитно-згрижувачка дејност.

а) Згрижувачка  дејност

Во Градинката се формирани 4 јаслени групи распоредени во 2 објекти. Воспитувањето и негата на децата во јаслите ја реализираат негувателки, а нивна стручна подршка при планирање и реализација на активностите за работа со децата им ја пружаат: директорот, главната медицинска сестра и стручниот тим на градинката.

Основни задачи на воспитно-образовната работа, нега и здравствена заштита на децата од јаслена возраст се:

  • зачувување и унапредување на здравјето на децата (низ активности за превентивно-здравствена заштита);
  • негување, потикнување и оплеменување на спонтаниот развој на детето (низ различни системи и облици на активности и игри);
  • почитување на специфичноста на работата и индивидуалните потреби на детето;
  • создавање на поволно социјално-емотивно опкружување и структурирање на воспитната средина која ги задоволува потребите на децата;
  • стекнување на здравствено-хигиенски навики;
  • одржување на личната хигиена.

             Периодот на адаптација осебено е важен период во прилагодување

на детето во новата средина и од тие причини со особено внимание се планираат активностите, кои на детето му овозможуваат попријатен престој во групата.

Соработката со родителите ќе се реализира преку индивидуални контакти, родителски состаноци, писмена  комуникација во соработка на стручниот тим на установата, давање на совети и информации за родителите околу адаптацијата на нивните деца, сезонските болести и превенција на истите ,вклучување во панирани активности заедно со децата и вклучување во  стручни предавања-едукации  и др.

Основната воспитно-згрижувачка дејност се реализира врз основа на Програмата за рано учење и развој - за деца од јаслена група. Со цел обезбедување на квалитетен  згрижувачки и воспитен процес во работата со децата од јаслената возраст, активностите, целите и задачите ќе се планираат преку годишни, среднорочни (месечни) и дневни (оперативни планови), а во процесот на подготвување на истите перманентно ќе се вклучуваат стручните работници и соработници во градинката и директорот. Реализираните активности континуирано ќе се евидентираат во новиот прилагоден Дневник на воспитна група (јасли).

За унапредување на квалитетот на воспитно-образовната работа и примена на Програмата се планираат активности за континуирана едукација на згрижувачкиот кадар од страна на стручниот тим на Градинката, како и преку ангажирање на стучни лица од надвор и преку континуирано следење и евалуација на реализирањето на програмските активности.

б) Организација на воспитно - образовната дејност

Специфичноста на Градинката, потребите, интересите, можностите на децата во групите на ниво на објект, како и на ниво на установа во голема мерка го предодредува планирањето, следењето и евалуацијата на работата на индивидуален план, на ниво на тимови и на ниво на установа. 

Во Градинката се формирани 21 воспитни групи распоредени во 3 објекти со вкупен број на 410  деца.

Воспитувањето и образованието на децата во групите на возраст 2-6 год. ја реализира воспитувачите и негувателите.

Во согласност со современиот тек и брз развој на науката, техниката и техничките достигнувања, стручно-научните сознанија во воспитанието и образованието, а согласно со искуствата и можностите на Градинката, приоритетни задачи на воспитно-образовниот и згрижувачки кадар во работа со децата ќе бидат:

-поттикнување на развитокот на соработката со родителите со цел на нивно вклучување како партнери во грижата за психофизичкиот

  • развиток и воспитанието на децата;
  • спроведување и вреднување на воспитно образовната работа со цел обезбедување на квалитет и самовреднување;
  • осмислување и структуирање на сите можни, но безбедни простори за детската игра, во функција на поттикнување на детската активност, самостојност во играта, меѓусебна комуникација и креативност;
  • поттикнување на воспитно-згрижувачкиот кадар во сите сегменти на реализација на планираните програми и проекти.

Во однос на децата -придонесување на целокупниот развиток и квалитетот на нивното живеење преку:

  • вклучување во воспитно образовната работа во периодот на адаптација на децата;
  • проценка на психофизичкиот статус/развој на детето;
  • учество во откривањето на деца со посебни потреби;
  • следење и проценување на актуелните потреби на децата;
  • збогатување на квалитетот на живеење во градинката со цел развивање на холистичкиот пристап на развој на секое дете;
  • непосредна-индивидуална работа со децата;
  • следење на писмена педагошка документација (Досие на дете)

Во однос на воспитувачите-поттикнување на стручно компетентна работа, насочена на унапредување на педагошко-психолошката и дидактичко методичката практика во интеракција со децата, родителите, стручниот тим, директорот и останатите стручни соработници преку:

  • соработка во конкретизација на развојните задачи и нивното остварување;
  • иницирање на иновации и работа на унапредување на воспитно образовниот процес;
  • помош на воспитувачите во проценување на потребите на децата и сугерирање на активности за поттикнување на детскиот развој;
  • осмислување на организациски и материјални услови за работа;
  • помош и потпора на воспитувачите во согледување на нивото на личната практика;
  • поттикнување на стручното усовршување како и поттикнување на личниот развој на секој воспитувач низ различни форми на консултација, советувања и сл.
  • поддршка и поттик на воспитувачите во интеракцијата со родителите.

Bo односот кон родителите - јакнење на родителската функција, поддршка на родителот во одговорноста за развитокот на детето и развивање на доверба кон воспитниот кадар и градинката преку:

помош и поддршка во совладувањето на периодот на адаптација. За што оваа година ќе воведеме нов начин на соработка со родителите

  • односно ќе одржиме родителски состанок на крајот на месец август со родителите на новозапишаните деца. На тој состанок родителите ќе бидат запознаени со она што градинката го нуди како јавна институција и како полесно да се справивме со адаптацијата на децата во новата средина-градинката.
  • вклучување на родителите во воспитно образовниот процес во интеракција со воспитувачите, негувателите и стручните работници и соработници;
  • информирање, советување и комуникација со родителите по пат на: индивидуални и групни разговори, родителски состаноци и сл.

Во однос на пошироката општествена заедница-влијание на прифаќање и усвојување на ставови за децата и вложување на општеството во организациските, кадровските и материјалните услови за работа преку:

  • соработка со културни и јавни институции со цел збогатување на програмата;
  • соработка во осмислување на различни проекти во опкружувањето и пошироко;
  • евалуација и популаризација на остварените резултати;

Во однос на стручни институции-координирано делување, меѓусебна поддршка и модел на успешна комуникација за возрасните и децата во градинката и сл., како и успешно дисциплинарно унапредување и интегрален пристап на промените во практиката преку:

  • координирано делување во планирањето и спроведувањето на програмските задачи на градинката;
  • обезбедување на услови за реализација на програмата на градинката;
  • активно вклучување во едукации кои се организирани од институции и стручни лица;
  • презентација на достигнувањата од практиката

И оваа програмска 2019/20 година планирано е реализирање на  повеќе интересни теми, прилагодени на развојните потенцијали, потреби и интереси на детето каде воспитувачот ќе биде поттикнувач, организатор, креатор на сопствените цели и задачи.

Долгорочно годишно планирање

 

1. ,,Јас и градинката“

2. ,,Есенска убавина“

3. ,,Ги сакам животните“

4. ,,Празници се ближат ,волшебства се нижат“

5. ,,Во светот на бајките“

6. ,,Здрава храна за детство без мана“

7. ,,Пролетно будење“

8. ,,Моето тело најубаво дело“

9. ,,Се се сменило во зеленило,шаренило,црвенило“

10. ,,Спротивности“

11. ,,Ајде да патуваме “

12. ,,Летни лудории“

3.1 ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА  на ЈУДГ на

ОЦ „Раде Јовчевски – Корчагин“

Со Закон за заштита на децата  пропишано е дека Јавната детска градинка донесува Годишна Програма за работа во тековната година за наредната година.

        Програмата ги содржи главните насоки, определби , приоритети, програми и проекти , врз кои ќе се базира работата на градинката во идниот период .

Во програмата особено се уредени теоретските основи и принципи, целите на програмата, примери на активности, очекувани резултати и соработка со родителите.

         Во неа се  назначени и дефинирани распоредот на децата по групи, работата на директорот, стручните и други работници, соработката со родителите и надворешната средина, стручно усовршување и други работи за остварување на дејноста.

Годишната програма се презентира пред Стручниот Совет на градинката,Советот на родителите а ја одобрува Управниот Одбор на градинката кој ја предлага на усвојување на Советот на Општина Центар по предходно мислење од Комисијата за здравствена-социјална заштита на децата, составена од советници на Советот на О.Ц.

Мисијата на Јавната детска градинка е да понуди што е можно подобро згрижување, воспитание и образование за сите деца и да биде одличен сервис на родителите во едно демократско и предприемачко општество.

Во рамките на Годишна Програма за работа вклучени се

Проектитеиницирани од Министерството за труд и социјална политика :

-„Инклузија на деца Роми во предучилишните установи“; За потребите на овој Проект во чија реализација се вклучени МТСП. Општина  Центар и ЈУДГ на ОЦ „Р.Ј.Корчагин“  вклучени се 20  децата Роми ,кои по одлука на Влада се ослободени од партиципација а се под ингеренции на Општина Центар во однос на партиципација,по донесување на одлука  на Седница на Совет.

Целта е да се подобри интеграција на децата-Роми, намалување на нивната запоставеност преку зголемување на  застапеност во јавните општински установи. Целна група се децата на возраст  од 3 – 6 години.Децата ке бидат сместени во 6 воспитни групи без било каква сегрегација или дискриминација по било каков основ;

-„Инклузија на деца со посебни потреби во редовните училишта-градинки“ По идентификацијата на децата со ПП со самото запишување воградинката, или во текот на иницијалната опсервација на децата на почетокот на годината се утврдува потребата од изготвување на овој вид програма. Проценката на искусниот воспитувач или надворешен  специјалист  секогаш резултира со акционен план, со однапред поставени цели за секое дете посебно.

   

Проекти иницирани од Општина Центар:

         

1.,,Денови на македонскиот мед“-реализација со едукативни предавања за мед ;

2.,,Хуманоста на дело“-хуманитарна акција по повод одбележување ,,Детска недела “

3.Одбележување на ден на здрава храна 16.10.2019

4.Манифестација ,,Центар пее“-одбележување ден на Екологија  23.03.2020г.

Општина Центар и оваа година продолжува со доделување на награди и пофалници  за истакнат работник: Даватели на услуги(воспитувач,неговател),помошно технички персонал и помошно техничка служба,стручни работници/соработници и административна служба.

Проекти  и проектни активности иницирани од стручните со/работници  и воспитниот тим на градинката:

-,,Моето училиште од соништата“-проект

-,,Музичка лектира“-проект

Планирани се и проектни активности по воспитни групи на ниво на Установата во трите објекти со деца на возраст од 4-6 год. на теми:

1.,,Иако сум мал и јас знам прва помош“

2.,,Со децата околу светот“

3.,,Мали ликовни истражувачи“

4.,,Имам право да живеам здраво“

5.,,Низ игра готвиме“

6.,,Обоен свет “

Оваа година планирани се и предавања од педагогот на установата  за воспитниот и згрижувачкиот тим на тема:

1.,,Интелегенцијата е стекната или се наследува“

2.,,Најчести грешки на родителите при адаптација на детето во градинка“ предавање за родители

3.,,Прва средба во градинка-три вида на адаптација“.

Планирани се и предавања од стручен работник логопед на тема:

1.,,Развојот на говорот кај детето“

2. ,,Артикулативни нарушувања кај децата од предучилишна возраст“.

Предавања од стручен работник дефектолог на тема:

1.„Интелектуален развој кај деца од предучилишна возраст“.

2.„Аутизам“.

    

        Планирањето и програмирањето   може да се врши за покус или подолг период, да биде детализирано или глобално, да

опфаќа само дел од содржините и целите или да се однесува на целата

програма.

           Во Годишната Програма предвидени се и

         Манифастации посветени на децата:

- „Светски ден на детето“-првиот ден од  Детската недела,

- „Детска недела“-прва полна недела од месец октомври,

- „Ден на детето“- последниот ден од  Детската недела.

3.2. „ПРОГРАМА ЗА РАНО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ“

Со оваа Програма се утврдуваат клучни детерминанти во процесот на

Развојот, учењето и постигањето успех  во предучилишниот период.

Програмата  се однесува на :

-  ЗГРИЖУВАЊЕ И ВОСПИТАНИЕ НА ДЕЦА ДО ДВЕ ГОДИНИ ;

-  ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ НА ДЕЦА ОД ДВЕ ДО ШЕСТ   

    ГОДИНИ.

За периодот 2019/2020 година  формирани  се  четири воспитни

групи на деца на возраст до 24 месеци и седумнаесет воспитни

групи деца на возраст од 2-6 години.      .

Запазен е холистичкиот пристап, како базичен, за равојот на

учењето на детето, за обезбедување на безбедна и сигурна  околина за учење и развој, зајакнување на развојна подготвеност, како и формирање на правилни навики за заштита на здравјето на детето.

Ќе се применуваат Принципите врз кои се базира Програма  и тоа:

- еднакви можности и почитување на различностите меѓу децата и принцип на мултикултурализам;

- доминација на игра и принцип на поврзување со животната реалност;

- активно учење и поттикнување на различни начини на изразување;

- усогласеност со возрасните карактеристики и принципи на индивидуализација;

-целосност и интегритет;

-отвореност на воспитно-образовниот процес

- следење и поттикнување на детскиот развој;

- развојно-процесен пристап;

- критичко вреднување;

- развивање елементарна способност за самовреднување кај децата;

- градење партнерство со семејството;

- соработка со училиштата и локалната самоуправа;

-почитување на детскиот избори негово користење за реализирање

  конкретните цели;

- реално планирање, усогласување со можностите и потребите;

- тимско работење, соработка со стручни, научни и други институции

- обезбедување стимулативна средина, позитивна клима, нагледност

  и автентичност;

- поттикнување на децата кон истражувачки, откривачки, креативни

  процеси;

- континуиран професионален развој на воспитувачот.

         Во Програмата за рано учење и развој посебно е нагласена улогата

на воспитувачот како организатор и носител на целокупната воспитно-образовната работа во детската градинка.Во таа смисла, согласно целите, неговата улога ќе биде во:

- следење на детскиот развој индивидуално,

- почитување на детските индивидуални разлики, потреби и предлози при планирање и реализирање на воспитно-образовната работа;

- водење досие на детето;

          Организација на времето во градинката ќе биде во службата на ефективно изведување на најразлични воспитно-образовни активности во интерес на раното учење и развој на децата. Учество во различни манифестации и индивидуална работа со децата и родителите по потреба.

Правилен и оптимален развој и учење на детето  возможен е единствено во тесната соработка на детската градинка со родителите на децата.За таа цел особено ке се погрижиме да ги поттикнеме родителите активно да се вклучат во подготовката за воспитно-образовниот процес преку учество во реализација на одредени теми, изработка на дидактички средства и сл.

Како и  секогаш градинката ке биде максимално отворена за соработка.

Во рамките на Програма за рано учење и развој предвидени се и Центри за учење кои претставуваат тематски структуриран простор кој што на децата им овозможува да работат на различен начин и при тоа да се реализираат индивидуалните и групните цели на учење.

     Во занималните ќе се формираат особено основните центри и тоа:

  • литературен центар;
  • математички центар;
  • центар за игри со конструктивен материјал;
  • научен-истражувачки центар;
  • уметнички центар;
  • центар за игри со улоги, драматизација, куклени претстави;
  • центар за изложување на детските творби-во висина на детските очи.
  • центар за игри со песок и вода, особено во летниот период;
  • ке се формираат и други центри по потреба.

Особено внимание ќе се посвети на тоа како децата ги стекнуваат

знаењата и вештините односно на Пристап кон учењето.

Развојот на пристап кон учењето кај децата вклучува развивање на мотивацијата, градење на ставови, стекнување навики и когнитивни стилови кои укажуваат на тоа како тие се вклучуваат во процесот на раното учење и реагираат во различни ситуации.Ке се развиваат љубопитност, интерес, иницијативност, упорност и истрајност, креативност и инвентивност. Со тоа ке придонесуваме за подготвеноста на децата за на училиште што е еден од приоритетите на ЈУДГ на ОЦ„Раде Јовчевски – Корчагин“.

Програмата за рано учење и развој ке се реализира преку

внимателно избраните   теми  и субтеми, со прецизирани воспитно- образовни цели, примери на   активности и очекувани резултати.Во рамките на темите ке се запазат сите Домени и  стандарди соодветно на развојниот период на децата.

Активностите ке се изведуваат низ  интегративен приод во воспитно образовните содржини со што ке се обезбеди холистички пристап во развојот на децата.

Нагласено ке се внимава на обезбедување на ситуации на поттикнување, постигнување успех и задоволство, со што кај децата ќе се развива самодовербата и себеприфаќањето.

Секако ке се ползуваат дидактичките препораки за децата на одредена возраст дадени во Програмата кои ке бидат од особено значение во работата .

 Досието, кое го води воспитувачот треба да содржи:

-листи за постигнувања, анегдотски белешки, студии за случај;

-детски изработки, детски искази, изјави, творби во рамките на говорното творештво запишани или снимени;

-форографии на децата од различни активности;

-детски цретежи;

-протокол за набљудување;

-листи за евалуација изработени од страна на воспитувачот;

 Досието на децата постојано ке биде на увид и достапно до родителите и стручните служби во градинката и истото продолжува да се води и наредната година а по испишувањето на детето се предава во училиштето.

 Од големо значение е децата да бидат постојано следени, опсервирани во текот на нивниот    престој во градинката.Нивните постигања да бидат континуирано забележувани за да може да се врши проценка на  постигањата. Следењето на постигањата и напредувањето на децата се  врши преку доказите во досието(анегдотски белешки,цртежи,изработки), кое се води за  секое дете од  воспитната група.   

Во текот на годината вклучени сме и во активности и обуки во подготовка на новата Програма за работа на ниво на МТСП во соработка со УНИЦЕФ во колегијална поддршка.

 

3.3. ПОСЕБНИ ПРОГРАМИ

ПРОГРАМА „ ИНТЕГРАЦИЈА НА ЕКОЛОШКАТА ЕДУКАЦИЈА ВО

МАКЕДОНСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ “

   I ЕКО-СТАНДАРД: ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА      

            Полиса: Рационално користење на електричната и топлинската енергија во зградата на градинката.

           Цел: Намалување на потрошувачката на електрична и топлинската енергија за 10% во споредба со претходната година.

II ЕКО-СТАНДАРД: ЗАШТЕДА НА ВОДА

             Полиса: Рационално користење на водата во зградата и дворот на градинката.

             Цел: Намалување на потрошувачката на вода за 10% во споредба со претходната  година.

III ЕКО-СТАНДАРД: ОДРЖУВАЊЕ НА ЗГРАДАТА И ЗДРАВА СРЕДИНА ВО ГРАДИНКАТА

            Полиса: Здрава и чиста внатрешна средина за престој и работење.

            Цел: Обезбедување на здрави услови за престој и работење во градинката.

IV ЕКО-СТАНДАРД: УРЕДЕН И ЕКОЛОШКИ ДВОР

               Полиса: Уреден и функционален двор кој е во согласност со потребите за   заштита на животната средина.

              Цел: Функционално уреден двор според сите еколошки параметри на начин на кој максимално ќе користи за потребите на сите кои престојуваат во градинката.

              Изработените и пополнети документи кои ги добивме од МОН за

„ Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен

систем “   ќе ги доставиме и до канцеларијата на програмата по

електронска порака. Во рамките на овој проект формиран е еко-одбор, составен од  членови од разни профили кој е вклучен во целокупната работа на еколошката едукација на децата во градинката.

Градинката зема свое учество со  реализирани активности на тема ,,Што е убав овој свет“ од различни возрасни групи,а за целите и потребите за новиот прирачник по ЗПО за предучилишна возраст.

Во соработка со ДКЦ,,Карпош“ ќе се вклучиме во проектот ,,Улични библиотеки“ под мотото ,,Книга од дете за дете“ –донирање на книга за овие библиотеки.

Целта на проектот е подигање на свеста на младите за читање ,но и развивање на одговорност,доближување на книгите уживање на пишаниот збор-приказните раскази,песни,романи.

Принципот е :земи,прочитај,замени или врати.

Во текот на воспитно-образовната 2019-2020 година ќе се реализира Проектот инициран од  стручните соработници и поддржан од директорот- „ Моето училиште од соништата„ чија цел е полесна адаптација на децата од  градинка при поаѓање во училиште.

                                                        ПРОЕКТ:

„Моето училиште од соништата!“

Вовед

Спремањето на детето за во училиште денес е многу важно прашање.

Како можеме да им помогнеме на децата во процесот на транзиција од предучилишна во училишна средина со сите предизвици со кои ќе се сретнат во училиштето.

Во минатото правени се истражувања и напори во врска со ова актуелно прашање но мора да се потенцира дека транзицијата на децата од градинка во училиште е многу сложен процес кој што зависи од повеќе фактори(карактерни особини на децата,семејството,општествената средина,здравствената состојба) и бара сериозен пристап на проблемот на трите важни субјекта:градинката,училиштето и семејството.

Градинката како и програмата за подготовка на детето за во училиште работат на поттикнување и актуелизирање на детскиот капацитет.Со тргнување во училиште детето ги развива,проверува и покажува своите различни способности и особини.

Иницијатори на проектот

Директорот,стручните служби,воспитно-образовниот и згрижувачкиот тим на ЈУДГ на ОЦ„Раде Јовчевски Корчагин“

Место на реализација на проектот:

- Во основните училишта„11ти Октомври“, „Димитар Миладинов“ и „Кирил и Методиј“

-во детската градинка

-во поширокото семејство на децата воспитаници на Градинката

Цели на проектот:

-да им помогне на децата полесна адаптација од градинка во училиште

-мотивирање на децата за различни видови активности во градинката и училиштето

-охрабрување за изразување на креативноста низ процесот на учење и развој

-развивање способност за адаптација на нова средина,интерперсонални односи,комуникациски вештини

-развивање на социјалната перцепција,негување и развивање на социјалната интелегенција

-развивање социјални вештини во интеракција со другите деца,со возрасните

-развивање на способноста за комуникациски вештини

Целна група

-Деца од 5-6 годишна возраст

Планирање

-Посета и запознавање со училиштето(училница,фискултурна сала,трпезарија за јадење,тоалети идр.)

-Организирање на заеднички активности во градинката и училиштето

-Организирање на заеднички активности- работилници со родителите

Очекувани резултати

-детето покажува интерес  за нови работи врз основа на претходни искуства;

-подобрени комуникациски вештини преку слушање и разбирање на говорниот јазик,раскажување и искажување на своите идеи и мисли,збогатување на речникот;

-умее да ја поттикне љубопитноста,иницијативноста,креативноста и истрајноста во активностите;

-подобрена интеракција со возрасни и школски деца како и зајакнувањето на способности за индивидуалното функционирање како и функционирањето во група со возрасни и школски деца

-поставување на прашања за нешто што ги интересира

-познавање на правилата на однесување  во градинката и надвор од неа и знае дека треба дa се почитуваат

-разговара со своите врсници за некоја случка(како поминало на активност во училиштето)

Придобивки од реализацијата на проектот

-емоционална подготвеност на децата за нова средина-училиште

-успешна адаптација

На ниво на ЈУДГ на О.Ц,,Раде Јовчевски Корчагин „ ќе се реализира и проектот

ПРОЕКТ

,,Музичка  Лектира“

1.Вовед

2. Иницијатори на проектот

Краток опис  на проектот

Проектот ќе се реализира во Детската градинка ,,Р. Ј.Корчагин“, во поширокото семејство на децата воспитаници на градинката

- Во сите високо-стручни и образовни институции во кои се негува музиката.

3. Цели на проектот

-Воспитување на децата во холистички пристап со посебен акцент на воспитување на петте карактерни особини на личноста- љубов,мир,висстина,ненасилство, убаво однесување, ..преку метод на игри и сите останати методи согласно воспитно –образовните цели и задачи предвидени од МТСП и Програма за рано учење и развој за предучилишно образование.

- развој и негување на љубов кон музиката која ќе придонесе за оформување на севкупните способности на младата личност;

- доживување на музиката со сите сетила, побудување најсуптилни,највеличенствени чувства, емоции, естетско формирање на личноста;

- поттикнување и негување на акустичната перцепција;

- негување на способност за естетско вреднување на музиката ;

- развивање на музички способности, осет за мелодија, чувство за ритам и такт;

- запознавање со карактеристичните танци и  игри, ора , кај нас и во светот;

- запознавање со одредени видови на музика и нивната карактеристика;

- запознавање со „јазикот“ на музиката;

- запознавање со професиите во музичката уметност;

- запознавање со различните видови на инструменти;

- како се создава звук;

- восприемање и репродукција на песни;

- култивирано пеење;

- артикулирано хорово пеење;

-изработка на сопствени инструменти.

4. Целна група

Директни корисници на проектот се деца на возраст од 09 м. – 6 години

Индиректни корисници се: пошироката општествена заедница , семејствата и воспитно – образовните тимови во градинката и градинките

-Остварување контакти со локалната и пошироката средина

- во зависност од нивните годишни програми и проекти: Соработка со МТСП и БРО, Општина Центар, Совет на Општина Центар, Поврзување со бизнис сектор, МОБ, МТВ, НУ Танец, МБУЦ ДКЦ Карпош, Воен оркестар на АРМ, Мак.  Филхармонија

- Соработка со семејставата на воспитаниците во градинката

Очекувани резултати

-Всадување на чувство за доживување на музиката како дел од севкупнотот живеење и творење;

- Правилно држење на телото при пеење;

- Пеење со природна јачина на гласот,гласно викање, гримаси, кревање на рамениците и сл.

- Артикулирано хорово пеење;

- Пеење и придружување со орфови муз. Инструменти;

- Правилно пеење на народни и песни наменети за деца, препознавање и именување на вокална и инструментална музика;

- Препознавање и именување на неколку инструменти од симфониски оркестар и неколку народни инструменти;

- Препознавање на детски (орфови ) музички инструменти;

-Свирење на : стапчиња, чинели, барабан, звончиња, триангл, ксолофон, тропалки дајре, тапан, и сл.

-Наоѓање на готов природен материјал или самостојно правење едноставни детски музички инструменти кои произведуваат звуци;

-Вклопување во колективно музицирање;

-Усогласување на своето движење со едноставна музика;

-Изведување движења со однапред утврдена кореографија;

-Играње на лесно оро;

-Измислување кратка музичка секвенца со со употреба на детски музички инструменти со прстите

Придобивки од реализацијата на проектот

-Воспитување на сетрано – холистички образовна личност

-Завршна презентација

-Презентација пред пошироката општествена средина, пред семејствата

Цели и задачи

„Музичките активности во функција на холистичкиот развој на децата во предучилишното воспитание“.

Музиката е особено важен двигател на детските активности и емоционален темел на севкупното воспитно образовно делување.

Сваќањето на детето како неддливо биолошко, психичко , социјално битие и севкупните кативности кои притоа се превземаат, се основните компоненти во развојно примерниот предучилишен курикулим.

Целите и задачите се така обликувани да делуваат рамномерно и складно на севкупниот детски раст и развој .Холистичкиот приод во воспитанието и образовнаето на предучилишните деца, се темели на гледиштата , дека организмот во физиолошка и психолошка смисла може да функциоира како целина.Играта е основен и главен двигател на севкупниот детски развој , но и развојот на творештвото и естетските чувства.Таа создава можности децата да комунцираат и да ги изразат своите чувства низ  музиката,да негуваат и сочувствуваат со се што ги опкружува.Музиката е поврзница, линч на се она што детето го игра низ игра го учи, прифаќа , сублимира, и презентира во својот внатрешен свет.

Пристапувајќи холистички , делувајќи во потполност и поттикнувајќи ги сите аспекти на развојот на детската личност, музиката се обидува планирајќи- интегрирано темелејќи се на идејата за„ обединување “ на различни содржини околу согледувањето на реалноста од најразличи аспекти како природни и општествени појави , математичкиот концепт, говорот и комуникацијата, решеавањето на проблем ситуациите, уметноста....., да делува на сите развојни аспекти на детето.( физички, социјални, когнитивни и емоционални , здравствени како развојни комукациски творечко креатвини изразувања на децата.

Основата на моето делување и плнирање  ја наоѓам во активното учење, учење низ игра и истражувачки активности.

Играјќи детето , експериметира со опкружувањето , материјалите , открива, решава, составува, дели , бира и креира, осмислува, размислува, пее и игра...... со еден збор детето учи.

Играта, учењето се основа која неопходно мра да е поткрепена органзирана , стимулирана средина за развој и развивање на муз. способности каја децата. Ссогледувајќи ја работата и поставувајќи си цел, за што подобро доближување на музиката, овозможувајќи им на децата да трагаат и истражуваат , да бидат креатори  на сопственото учење , ќе ги вклучам воспитувачите и родителите , ќе соработувам со децата , стручните сор. во тим кој ќе допринесе на структурирање на курикилумот , доаѓање до многубројни идеи, се со цел да им се овозможи на децата можност за поттик и развој на сите аспекти на муз. способност.

Заклучок- „ Со музика се лета, со музика се сонува, со музика секаде се шета....!“

Се надевам дека вака конципираниот проект ќе го реализирам во целост

-Воспитно -образовните цели , содржините и актвностите се соодветно одбрани( затоа ќе им посведочам  на детските однесувања како највалиден критериум, нивното задоволство , ангажираност, исполнетост, интереси, мотивираност за учество во активностите, творечка енергија , набојот на емоции, барањето за достигање на повисоко ниво во учењето  и играњето и сл.....

МУЗИЧКА КУЛТУРА

Колку подобра музика, толку подобра држава-ПЛАТОН

  • Курикулум
  • Активности

1.Слушни и одреди за кои природни појави се работи( презентираме најразлични природни појави: грмотевици, разбрането море, олуја, жубор на поток, шум на ветрот, врне,паѓа дожд-пороен-пролетен,црцорење на птици, ономатопеи на животни

2.По ислушана музика ги препознаваат инструментите со кои е изведена (на снимката се презентирани музички секвенци во кои јасно може да се разликуваат музичките инструменти (труба „Една труба везден труби-“; виолина гитара,тапан, хармоника ....)

3.Кои чувства ги побудува слушнатата музика (смеа,тага,плач(плач виолината) радост, поттик на игра....).

4.Кое чувство го изразува презентираната репродукција(презентација на фрагменти и секој фрагмент изразува различни чувства: тага, веселост, спокој,раздраздливост.

5. Репродукција и изведба по слух на слушнатата мелодија(истражуваат со сопствени импровизации).

6.Репродукција и изведба на слушнатата мелодија со помош на музички инструмент по избор на детето.Обид да се истражува со сопствени импровизации.

7. Помнење и репродукција на кратки ритмичко-мелодиски мотиви.

8. Поставување на детето во улога на млад композитор, преку компонирање на текст на позната детска мелодија( Стариот Мекдоналд има фарма... и сл.)

9. Самостојна интерпретација т.е изведба ( програмска активност, по музичко воспитување во рамки на приредба во Градинка или пошироко.

10.Изнаоѓање на музички броенки од богатата Македонска ризница, народна-со коментар –објаснување за нивната функција и намена.

11. Музички квиз

12. Разговори за музички дела, презентација на впечатоци и асоцијации.

13. Музичко вреднување на карактерот на музичкото дело(весел,тажен,разигран,....) темпо(брзо ,бавно, умерено...) динамика(силно,тивко).. движењето на мелодијата ( постепено –мирна , со скок –немирна, повторена-различна, или слични музички целини...).

14. Воочување на односот и зависноста на музичките целини во градењето на музичките форми(две музички целини , дводелна форма, три музички целини од кои првата и третата се со иста или слична содржина, а втората музичка целина е различна- троделна форма.

15. Естетско врднување на музичко дело, презентација индивидуално пред групата

16. Индивидуална интерпретација на музичките асоцијации и импресии по слушањето на „Бумбаровиот лет“ од Н Р Корсаков, „Болеро“ од М Равел....

17.Самостојна интерпретација на музичките асоцијации ,импресии по слушањето на познати фрагменти од балетот„ Лебедово езеро“ П И Чајковски///

18. Креирање на музичка сценографија за реализација на куклени претстави , приредби, прослави

П:С Сите три треба да бидат проследени со музика, бидејќи тоа го стимулира развојот на моториката.

  • Холистички приод –корелација со други домени
  • „ Оп-хоп, вртиме хулахоп, обрачот горе, обрачот долу, наполовина и десно , лесно е и интересно....

Теми –Активности

1.Пеење

2.Музика и движење

3.Слушање музика

4.Свирење на детски музички инструменти

5. Основи на музичка писменост

6.Основи на детско музичко изразување и творење

              

                  

          ПЕЕЊЕ

Пеењето во основа претставува најдостапен начин на музицирање  за секоја индивидуа.Пеењето песни е еден од најважните елементи во психофизичкиот развој на кај децата и во музичкиот развој – образование, со песната, децата ги изразуваат свиоте чувства и најдлабоки доживувања.

Во активностите , каде обработувам песна, обрнувам особено внимание на тоа дека детскиот глас е во развој, кревок, нежен и со мал опсег.Изборот на песни соодвествува со можностите на гласот,пеењето не е форсирано (со викање).Сите елементи на правилна вокална интерпретација, разработени во активностите се развиваат и усвојуваат ,постепено со особен осврт на нивна правилна примена.Заземање правилен пејачки став.

Цел- Усвојување на правилен пејачки став(при седење, стоење , држење, движење:

-Основни видови на музичка дејност(начин преку кој децата музицираат, ја доживуваат музичката уметност или ги изразуваат своите музичко –творечки способности). Во одредување на бројот на активности за секоја од темите, поаѓам од нивната актуелност и пристапност за децата.!

Од другастрана, спецификата на музичката уметност е во постојаната внатрешна интеграција на темите и различните видови на музичка дејност(слушање музика, и про тоа пеење и ритмизираме, изведуваме движења внимателно слушајќи ја музиката, креативно се изразуваме преку пеење, свирење, движење и.т.н.).

Темите имаат и надворешна холистичка интеграција со стандардите и домените кои ги реализираат воспитувачите ,затоа и има преклопување, и во обработката на некои теми се среќаваат елементи од други теми.

Одредени музички композиции и бројалки можат да послужат во обработката на повеќе активности , како на пр.„Оптам топтан“ ќе се сретне како слушање песна за учење и придружба за изведба на оро.

При изготвување на годишен – месечен план се обрнува големо внимание на редоследот на темите во кои е застапане една иста композиција...!

 

  МУЗИКА И ДВИЖЕЊЕ

Во основа на музичко- ритмичките движења е „моторно пластичното доживување на музиката( нејзиниот ритам, динамика, артикулација , регистар, форма и сл.)

Оваа дејност има посебна важно ,особено значење за развојот на комплетната музичка перцепција ( особено во најраната возраст (09-18)месеци.

Моите воспитаници , од 09 -6 години , го поседуваат чувството за единството на музиката и движењето , така да способноста за моторно доживување на музиката кај нив е со сосема природна и спонтано се пројавува при реализацијата на музичките активности ( пеење, слушање музика, свирење на ДМИ). Музичко ритмичките движења придонесуваат многу за музичкиот развој – за музикалност, го оспособуваат детето за учество во групни активности, ги развиваат творечките способностии особено позитивно влијаат на развојот на ритмичко чувство , за спонтаниот креативен израз.

Музичко ритмиката дејност има значајно место во музичкиот развој т.е развој на музички слух,ритам, меморија ,перцепција, координираност на музиката со движењата , како и продлабочување на знаењата.

_Формирање на правилни навики на движењата (чекорење, подскокнување, трчање, кружење, движење на рацете, плескање со рацете, престројување, движење со предмети, елементи на танц.

Формирање способност за ориентација во просторот и умешност за владеење со истиот(тесен, широк, празен, исполнет со неподвижни и подвижни објекти.

За оваа цел, внимателно ги одбирам мзуичкитематеријали кои се во функција на конкретни знаења и навики, при што строго го контолирам времето кога ги воведувам и какви се задачите.

Доброто познавање на музичкиот материјал е основен предуслов за контрола на движењата како и добро познавање и презентација умешна на истите.

Во овој момент во МУЗИКА И ДВИЖЕЊЕ се издвојуваат 3 типа на содржини:

  • музичко-ритмички чекорења
  • музички игри (основна поделба: игри со песна( пееме или слушаме на снимка) , игри со инструментална музика, (најчесто снимена)
  • -видови танци-фиксирани –танци со однапред снимена кореографија и слободни (слободна импровизација на танцовите движења.
  • -евалуација- следење и отценување на постигнувањата на децата- се реализира постојано следње, набљудување , вреднување на задачите, соработката, усогласеноста на движењата со музичките карактеристики(ритамот, темпото,динамиката и др.).

При ова се евалуирам и себеси , начинот на кој сум ги презентирал , поставил ,реализирал задачите во рамките на овој домен.

СЛУШАЊЕ МУЗИКА

Внимателно одбирање на музиката која се слуша ,уште од најрана возраст,треба да задоволува одредени квалитети и треба да е одбрана така да соодествува со возраста и развојното ниво на слушателите-децата.При изборот на композиции за слушање се раководам од истите принципи како и при изборот на песните кои ќе ги пееме.Композоцијата да одговара на возраста ,да е кратка, достапна по содржина и карактер(ведра,весела, танцувачка, маршова, ороводна) како и да има уметничка вредност.

Секоја композиција се слуша повеќе пати во текот на воспитно –згрижувачката година , така да децата се во можност истата да ја меморизират, повторно доживеат и репродуцираат.

Активностите поврзани со темата „Слушање музика“ преставуваат јасно поставување  задачи преку кои се овозможува системски развој на способностите за активно слушање на музички дела во услови блиски на условите во концертните сали.( Предновогодишен концерт во сала на градинката).Музичкиот педагог треба добро да ја познава одбраната композиција која ќе ја презентира на активноста, при тоа избира вокални дела, за детски хорови, кратки инструментални композиции со програмска насоченост, вокално-инструментални дела( на пр. Песнички од детски фестивали) од домашни  и странски автори, различни по содржина ,карактер, жанр, народни песни и ора.Оваа тема , тесно е интегрирана со содржината.„Звукот од  наставната тема,пеење“ Активностите во темата „Слушање музика“ може да се поделат во три фази 1 ва фаза- непосредно слушање (музиката се слуша без зададени задачи,„музичарот го кажува само насловот на композицијата .По ислушувањето се разговара за тоа кој и како го доживеал , (добивам најразлични одговори-пее дете, свири мекој инструмент, дека било весело, тажно, бавно, брзо и сл.

СОРАБОТКА СО СЕМЕЈСТВОТО

„Семејна работилница“

Семејната работилница е посебен вид на комуникација помеѓу семејството  и градинката .Во неа родителите играат и креираат со своите деца.Рамноправно се вклучуваат во активностите .На овој начин се развива самопочитта кај детето , љубов кон потесното семејство , како и кон се и сите.

Родителите пак преку овие работилници и активности кои ги реализираат , стекнуваат искуства и вештини во давање поддршка на своето дете и во градењето на неговиот идентитет.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

  - Емоционално воспитување( Развивање на емпатија)

- Холизам

- Воспитување во духот на петте карактерни особини на човекот(љубов, мир, вистина, ненасилство, добро однесување).

-Мултикултурализам

-Сочувување и негување на традицијата

- Екологија.

Без музика, животот би бил грешка“ Фридрих Ниче

„Детето не ги наследува музичките способности, туку основата,диспозицијата за нив.Тие диспозиции не се еднакви за сите, но од допирот со музиката , зависи во колкава мера тие ќе се развијат.

Аристотел своевремено рекол дека –Музиката има моќ да го формира карактерот-

Платон пак: - Најдоброто воспитание произлегува од музиката , затоа што хармонијата и ритамот продираат најдлабоко во душата и ја освојуваат така што на слушателите ум даваат мудрост и разум....!

И уште ..„Музичката обука за образованието е помоќен инструмент од било кој друг..!

  

Изработиле :

Викторија Маџаревска- воспитувач

Борислав Јоргушески –музички педагог

Лидија Поповска-Директор

Оваа година вклучени сме и во предлог Проект ,,Зајакнување на капацитетите на градинките за успешна социјална инклузија“ во соработка со Општина Центар.

Главна цел на проектот е зголемување на социјалната инклузија и развојот на децата со посебни потреби во трите градинки на Општина Центар.

Специфични цели на проектот се:

1.Намалување на бариерите  за вклучување на маргинализирани деца во градинките;

2.Адаптирање на неискористени простории задолжителни терапевтски соби за помош,напредок,рехабилитација на лица со посебни потреби;

3.Збогатување на ресурсите за поголема благосостојба на децата и семејствата ;

4.Подобри услови за престој на децата во градинките;

5.Изградба на занимална на отворено  за организирање на работилници,едукации и културно –забавни манифестации.

 

ПРОГРАМА ЗА ЛЕТНИОТ ПЕРИОД-ЗАБАВНО РЕКРЕАТИВНА ПРОГРАМА

Оваа програма ке се изведува во летните месеци Јуни, Јули и Август. Воспитниот тим во секој од објектите ја создава оваа програма според условите на објектот, локалната средина во која се наоѓа, интересите на просутните деца, учеството на родителите и временските прилики.

Предвидените активности ке  бидат објавени  на огласните табли за родителите за нивно информирање и евентуални вклучување.

Воспитните активности од програмата за рано учење кои ја сочинуваат оваа тнр.„Летна програма“ уредно ке се евидентираат во пропишаниот документ за педагошка евиденција – Дневник за работа на воспитна група, во пишана и електронска форма.

Со оглед дека голем број на децата се на одмор со родителите, оние кои присуствуваат во градинката се превземаат во друга воспитна група, но ќе се евидентираат на вообичаен начин и со нив ке се изведува дневен оперативен план од страна на воспитниот тим кој е на работа.

 

4.РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ВО ГРУПИ

Запишани деца во 2019 – 2020 год.( месец септември)распределени по објекти:
Објект „ПИНОКИО“
 - Вкупно запишани - 241 дете.

Објект „ПЕПЕЛАШКА“
 - Вкупно запишани - 129 деца.

Објект „ПАЛЕШКА“

 - Вкупно запишани - 40 деца.

 

Вкупно запишани на ниво на градинка 410 деца.

 

5.РАБОТАТА НА ДИРЕКТОРОТ  И СТРУЧНИТЕ И ДРУГИТЕ РАБОТНИЦИ

 

         

 

 Директорот на предучилишната установа како менаџер, мора посебен интерес да покаже во однос на менаџирањето со човечките ресурси со кои располага, како најважен сегмент од работењето  како и со другите добра и работи кои се во сопственост на градинката.

 

Човечките потенцијали се најзначаен ресурс во една организација и кон нив мора да се обрнува внимание и покажува  особен интерес.Луѓето, нивниот развој, можностите и мотивацијата , како и  начинот на кој се  управува секако се одлучувачки фактор на конкурентната способност и развојот на организацијата од секаков вид.

 

Современите тенденции во педагогијата укажуваат на огромното

 

       значение на :

 

- Споделена одговорност

 

-Транспарентност и објективност

 

-Поттикнување на промени

 

-Децентрализација во донесувањето  на одлуките

 

Со оглед на тоа Директорот особено ке се залага за создавање на позитивна клима за работа како предуслов за  тимско работење, заедништвото и  уважување на квалитетите и резултатите на  секој член на колективот  поединечно.

 

                                               

 

                  ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ДИРЕКТОРОТ

 

Директорот како раководен орган на ЈУДГ во текот на

 

програмската 2019/2020 година, своите активности во установата ќе

 

ги насочи во согласност со поставените стратешки цели за развој на

 

Установата и спрема проценетите актуелни потреби на градинката,

 

децата, родителите, вработените, локалната средина што треба да

 

резултира со современа, флексибилна, динамичка, мотивирачка и

 

креативна средина за воспитно-образовно делување.

 

Одлучувачки фактор во глобалното воспитување на личноста на детето се социјалната средина и квалитетот на воспитувањето и образованието во периодот на раното детство.

 

Па ,токму затоа ,во последно време се повеќе се нагласува улогата на градинката како место за социјално учење и нејзино отварање кон местата каде што се одвива вистинскиот живот,како и организирање на градинката со цел тоа да биде не само место за престој и учење,туку и место за живеење на децата.

 

Познавањето на воспитно-образовната практика има посебно значење кога се однесува на детската градинка.Во тој сегмент неможеме да си дозволиме неуспех во воспитно-образовната работа.

 

Прашањето на успехот ,односно неуспехот во детската градинка има општествено и педагошко значење,кој е тесно поврзан со поставеноста на предучилишното воспитание и образование и неговите карактеристики во рамките на целокупниот систем на воспитание и образование.

 

Организираното предучилишно воспитание и образование има за цел да го поттикнува развојот на децата согласно законитостите на развојниот период ,да овозможи индивидуално темпо и да ги задоволи актуелните потреби на децата.Детето го осознава светот како целина ,а соодветна поддршка ,инструкции и стимулација ќе се трудиме секое дете да го достигне максимумот во неговиот развој.

 

Почитувајќи го холистичкиот пристап во воспитно-образовниот процес и избегнувајќи ја тенденцијата да се фаворизираат одредени домени во развојот на детето ,нашето внимание оваа година ќе биде усмерено на сите домени на развојот на детската личност.

 

Општествено-демократските движења бараат доследна практична примена на стручно научните сознанија,како и доследна примена на хуманистичкиот теоретски,педагошко-психолошки процес во толкување на детската личност.

 

Според тоа во Програмата ќе бидат втемелени најновите сознанија и современи тенденции како во педагошката,така и во сродните науки.

 

                    

 

                     ОТВОРЕНОСТ КОН ПРОМЕНИТЕ

 

Во наредниот период ,една од битните одлики на градинката ,,Раде Јовчевски Корчагин“,која со многу труд вложен од страна на директорот и сите вработени во неа,се стреми да биде ефективна и ефикасна е нејзината отвореност кон промените.Тоа е едно од барањата кое ни го наметнува животот на современо општество,а со цел градинката да постане место која ќе го поттикнува и обезбедува индивидуалниот развој на децата и воспитувачите,ќе ја развива свеста за правдата и одговорностите,ќе го негува меѓусебното разбирање и почитување и ќе работи на поставување на повисоки етички стандарди.

 

Отвореноста кон промените подразбира осовременување на воспитно-образовниот процес,преку конкретна имплементација на најновите научни сознанија во педагошката и другите сродни науки ,како и опремување на градинката со современи играчки,дидактички средства и материјали во функција на давање на поддршка на раното учење и развој на детето.

 

Имајки го во предвид фактот дека основната цел на градинката

 

е пред се професионалниот пристап во згрижувањето , воспитанието

 

образованието на децата во текот на раниот развој, уважување и

 

задоволување на потребите на родителите, децата и вработените,

 

како и фактот дека градинката дава особен и свој придонес во

 

одржување на професионалноста и континуитетот во остварување

 

на успеси во работата, клучен фактор во работата на директорот е правилното менаџирање со ресурсите кои се на располагање во градинката.

 

Од тука произлегува и структуираноста на работните задачи на директорот како:

 

-Оперативни задачи

 

-Инструктивно-советодавни

 

-Работа со кадарот

 

-Аналитичко-студиски работи

 

-Соработка со родителите

 

-Соработка со Институции

 

                                               

 

                                           ОПЕРАТИВНИ ЗАДАЧИ

 

ПРИОРИТЕТИ

ВРЕМЕНСКА ДИНАМИКА

Подготвување на Годишен Извештај за работата на ЈУДГ  на О.Ц „Р.Ј-Корчаги“за 2018/2019год.

01.08.2019г.

Изготвување на Годишна Програма за 2019/20г.

30.08.2019г.

Изготвување на План за вработување за 2020г.

 

Организирање на работи околу Реконструкција на објектот ,,Пепелашка “и објект ,,Палешка“

2019/20 г.

Изготвување на барања до надлежните органи во Општината и  Републиката за подобрување на условите за работа во објектите на градинката

Континуирано по потреба

Изготвување на планови за учество во проекти на повеќе амбасади и невладини организации, со цел обезбедување средстава за подобрување на условите за работа во градинката.

Континуирано по потреба

Изготвување на План за јавни набавки

09.2019г.

Учество , како дел од тимот во изготвување на Програма за работа со деца со ПП

По укажана потреба

Изготвување на сопствен план за работа

08.2019г.

Изготвување на распоред на вработени по Објекти за 2019/20г.

08.2019г.

Изготвување на предлог-задолженија на членовите на стручните органи во градинката за изработка на одделни делови-подрачја на Годишниот Извештај за 2018/19и Програма 2019/20г.

07 и 08.2019г.

Изготвување на Предлог Програма за тековно инвестиционо одржување на објектите

08.2019г.

Учество ви изготвување на Финансов план за 2019/2020г.

08.2019г.

Врши други оперативни работи предвидени со Законот, Статутот и актите на Градинката

Континуирано по потреба

Изготвување на Годишен план за вработувања за 2020г.

09.2019 г.

Ја утврдува потребата од ангажирање на волонтери,видот и услугите и начинот и постапката за обезбедување на истите,врз основа на Програма за волонтирање и Правилникот за волонтерство.

Континуирано по потреба

Дисциплина и одговорност на вработените,за поуспешно извршување на работните задачи,а воедно и за поуспешно рационално работење,преку воведување Етички кодекс во градинката,кој ќе биде обврзувачки за сите вработени.

2019/20 г.

 

ИНСТРУКТИВНО –СОВЕТОДАВНИ АКТИВНОСТИ

 

ПРИОРИТЕТИ

ВРЕМЕНСКА ДИНАМИКА

Изготвување на Оперативен план за работа на Стручен Совет

09.2019г.

Изготвување Оперативен план за работа на Совет на Родители

09.2019г

Изготвување на оперативен план за работа на Совет на Воспитувачи

09.2019г.

Изготвување на Оперативен план за работа на Совет на Негователи

09.2019г

Дадени инструкциина  на стручен соработник педагог  во врска со изготвувањето на Годишниот Извештај за 2018/2019г., Годишната програма  и други задолженија во врска со работата во воспитната 2019/2020год.

07.2019г.

Континуирано 2018/19г.

Дадени инструкции за  работењето и неговите ангажмани, и изработка на сопствена програма за работа  на стручен соработник Логопед за воспитната година 2019/2020г.

08.2019г.

Континуирано 2019/20г.

Дадени инструкции за  работењето и неговите ангажмани, и изработка на сопствена програма за работа  на стручен соработник Дефектолог за воспитната година 2019/2020г.

09.2019г.

Континуирано 2019/20г.

Дадени иструкции на главната мед.сестра за набавка на одреден медицински материјал за потребите на градинката како и договор околу изготвувањето на листата за јадење.

Континуирано 2019/20г.

Дадени се инструкции на воспитувач во врска со соработката со Медиумите во текот на 2019/20г.

09.2019г.

Давање насоки во врска со соработката со родителите и првиот родителси состанок

09.2019г.

Консултации и инструкции со вработениот кадар во врска со проблемите при работењето и нивно полесно надминување.

Континуирано 2019/20г

Врши увид и постојано ја следи и насочува работата на воспитувачите, негователите ,стручните работници и соработници.

Континуирано 2019/20г.

Соработува со еминентни стручни лица и ги договара нивните предавања во рамките на стручното усовршување на вработените.

Континуирано 2019/20г.

Давање на инструкции на Воспитните тимови по објекти во поглед на аналитичкиот осврт на присутен број на деца и запишан број на деца по групи.

Континуирано 2019/20г

Инструктивни и советодавни активности во врска со поттикнување на вработените за тимска работа

Континуирано 2019/20г.

Дадени инструкции во врска со активностите во реализирање на проекти

09/2019 г.

Вршење постојан увид и контрола на финансиско-материјално и административно работење

Континуирано

Вршење консултација со кадарот со цел да се одстранат недостатоците или да се подобри дејноста.

Континуирано

Соработува и договара стручњаци и институции за одржување на предавања со: Д-р Мери Бошкова-Ремедика;Проф.д-р Лена Дамовска-Филозофски факултет;Д-р Габриела Дурчевска-Георгиева и Лилјана Самарџиска-Панова –советници во Бирото за развој на образование,проф.Константин Петковски.

Континуирано по потреба

 

                                РАБОТА СО КАДАРОТ

 

ПРИОРИТЕТИ

ВРЕМЕНСКА ДИНАМИКА

Давање на соки за работа на сите профили на вработени и истовремено создавање позитивна и стимулативна клима за работа

2019 /20г.

Давање насоки за изработка на сопствени планови за работа на педагогот,логопед,музички педагог,дефектолог

09.2019.

Работа со згрижувачкиот кадар на полето на истражувачките активности и примена на стандардите за Ран детски развој.

Континуирано 2019/20г.

Работа со новопримен кадар ,запознавање со начинот на работа и куќниот ред.

По потреба

Одржување состаноци со одредени профили-кадри со одреден Дневен ред и тема за дискусија

Континуирано по укажана потреба.

Комуникација и негување на тимската работа со акцент на добрите интерперсонални односи.

Континуирано

Организирање на предавања и работилници на Теми за кои се заинтересирани вработените, во склоп на стручното усовршување на кадарот.

Во текот на 2019/20год по договор.

Насоки на Музичкиот педагог за откривање на талентирани деца.

Континуирано 2019/20г.

Формирање на тимови за изработка на сценарио за предстојниот Патронат и сценографија

10.2019г

Информирање на вработените за Промени во одредени закони

По потреба

Одржување на индивидуални разговори со вработените и интервју

По потреба 2019/20

Согледување ,подржување и истакнување на успешни  работници

Континуирано 2019/20г.

Работа соПедагогот , логопедот,дефектолог  за организирање на предавање од нивна страна на вработените во склоп на стручното усовршување на воспитниот и негователскиот кадар

10.2019г. и 03.2020г.

Залагање за дисциплина и одговорност на вработените се со цел успешно и навремено извршување на работните задачи.

Континуирано

Вовед во работа на новопримен кадар

По потреба

Планирање на исхрана на деца за секој месец и вршење анализа на месечна потрошувачка на храна.

2019/20г

Организира учество на стручни средби,семинари,дебати,советувања и симпозиуми во соработка со надлежни органи и институции на Државата и надвор од неа,особено семинари што ќе ги организира МТСП,МОН,БРО и др.

2019/20г.

Се грижи за лично усовршување преку учество на стручни средби ,семинари,дебати,советувања,семинари кои ќе ги организира МТСП,МОН,Биро за развој на образование и други релеванти институции во земјата и во странство.

2019/20г.

Континуирано во текот на годината ,ќе се подготвуваат анализи,осврти,извештаи,информации и други стручни материјали во врска со реализиација на Годишната  програма за работа на Градинката

2019/20г.

Постојано следење на и анализирање на состојба со присутност на деца на ниво на воспитна група и на ниво на градинка во целост.

2019/20г.

Целосна грижа за унапредување на работата на стручните органи во установата.

2019/20г.

 

                          

 

АНАЛИТИЧКО СТУДИСКИ РАБОТИ

 

ПРИОРИТЕТИ

ВРЕМЕНСКА ДИНАМИКА

Подготвување на анализи ,извештаи, информации.и други стручни материјали во врска со реализација на Програмата за работа на Градинката

Континуирано

Анализа на потрошувачката на одредени артикли потребни за подготовка на храна во кујната со цел успешно спроведување на тендери за набавка на храна,

анализа на потрошувачката на храна.

Континуирано

Анализа на месечната потрошувачка на електрична енергија

Месечно

Анализа на потрошена топлинска енергија и споредба

Месечно

Анализа на потрошувачка на горива

Месечно

Анализа на присатност на деца

Месечно

Анализа на присатност на вработени на работното место

Континуирано

Анализа на успешна примена на проектот „Инклузија на деца Роми„

Месечно

Анализа на здравствена состојба на децата

Континуирано

Изготвување на анализи,осврти,статистички инфирмации и други материјали за потребите на Министерствата, Државните институции и Органите на Општина Центар.

По потреба

Анализа за потребен дидактички материјал и играчки за потребите на градинката

2019/20г.

Следење и анализа на промените на кадарот, внатрешно прераспределување.

Континуирано

 

                                   СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ

 

ПРИОРИТЕТИ

ВРЕМЕНСКА ДИНАМИКА

Општ родителски состанок

09.2019г.

Совет на родители

09.2019г

Индивидуални контакти со родители

Континуирано

Закажани индивидуални разговори и решавање на проблеми

По потреба

Присаство на родителите на активности на градинката

По потреба

Помош и асистирање на родителите при излегување надвор од градинката.

По потреба

Активно-креативно учество на родителите во ВОР во согласност со нивната професија

По потреба

Учество во работа на Управен Одбор.

По потреба

Учество во работа на Совет на родители

По потреба

Прослава на детски родендени

По потреба

Информирање на родителите за здравствената состојба на нивните деца

Континуирано

Телефонски контакти

По потреба

Предлози од родителите за теми за работа во Програмата за работа.

09.2019г.

Домашни посети на иницијатива на родителите

По потреба

Информирање на родителите преку информации на инфотмативна табла за тековните настани во градинката.

Континуирано

Информирање на родителите во врска со листа на јадење за деца

Континуирано

Отворен ден за родители(Последна среда во месецот)

Еднаш месечно

Тематски работилници со родители и деца

Континуирано

Користење на тетратка за поплаки и пофалби

Континуирано

Можност за користење на Веб страница на градинката –како информатор

Континуирано

Донаторство и спонзорство од страна на родителите

Според можностите

Јавни настапи на децата на разни манифестации и по разни поводи организирани од Институциите.

По потреба

Здравствено –педагошко-психолошко едуцирање на родителите преку брошури, флаери, предавања

Континуирано

Учество во планирање на ниво на воспитна група.

2019/20г.

Секојдневно информирање на родителите преку официјални информации од реализирани активности,објавени на ВЕБ страна на градинката.

2019/20г.

Ангажман на планот за здравствено –педагошко-психолошко едуцирање на родителите.

2019/20г.

 

                                          СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИ

 

ПРИОРИТЕТИ

ВРЕМЕНСКА ДИНАМИКА

Соработка со Локалната самоуправа  на Општина Центар, и нејзините органи.

Според динамиката на работа на Локалната самоуправа

Соработка со МТСП; Педагошки факултет,Агенција за храна и ветеринарство,ЈЗУ на ниво на град Скопје,Институт за Педагогија Биро за развој на образованието, Републички и градски сојуз за грижи на децата, Сојуз на борците на Град Скопје и Општина Центар.МОН

Континуирано по потреба

Соработка со Црвен крст на Општина Центар и град Скопје.

По потреба

Соработка со медиуми

По потреба

Соработка со приватен бизнис сектор

По потреба

Посета на Градоначалник, службите на Општина Центар,Собрание.

По потреба

Соработка со Градска болница „Наум Охридски„, Детска клиника

По потреба

Соработка со невладиниот сектор

По потреба

Соработка со Странски амбасади со цел учество во проекти за добивање средстава од странски донации

По потреба

 

  

 

Со вака структуирани планирани задачи директорот ќе работи според постоечката законска регулатива  и само така ќе придонесе за успешно функционирање на сложена институција како што е Градинката.

 

Во склоп со работа со кадарот планирани се  предавања и работилници на Теми за кои се заинтересирани вработените, во склоп на стручното усовршување на кадарот.

 

Предлог теми за обуки :

 

1.,,Соработка на установата за деца со родителите и локалната средина“-главен обучувач проф.Константин Петковски

 

2.,,Ангажираност,интринзична мотивација и деловно однесување на вработените во установата за деца“

 

Во поглед на соработка со родители предлог теми за едукација :

 

1.,,Соработка  на установата за деца со родителите и локалната средина“-главен обучувач проф.Константин Петковски

 

        За поуспешно менаџирање со градинката директорот особено ќе работи на своето лично стручно усовршување, преку посети на разни семинари, Меѓународни конференции, предавања од областа на најновите педагошки трендови  и најновите измени во законската регулатива.

 

                 

 

  ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА РАБОТАТА НА ПЕДАГОГ

 

          УЧЕСТВО ВО ПЛАНИРАЊЕ И ПРОГРАМИРАЊЕ НА ВОР ВО ГРАДИНКАТА

 

Изработка на сопствена Годишна Програма

Август

Изработка на Извештај за спроведувањето на сопствена Годишна програма

Јуни,

Креирање на проекти

По потреба

Усогласување на сопствена програма со  Годишната програма на директорот

Септември,

Подготовка на дополнителни активности во Градинката

Септември

Учество во работата на Стручните органи

Континуирано

Програм за стручно усовршување во рамките на Актив на воспитувачи

Август

Програма за соработка со родителите

Септември

Програма за јавна и културна дејност

Септември

Учество во изработка на План и програм за дете  со ПП

По потреба

Учество и помош во планирање на ВОР со деца од 0-2 години

Континуирано месечно

Учество и планирање на ВОР со деца од 2-6 години

Континуирано месечно

 

                                              СЛЕДЕЊЕ И РЕАЛИЗАЦИЈА НА ВОР

 

Ја опсервира работата на воспитувачите и негувателите преку непосреден увид

Ноември, април

Воспитувачот и негувателот ги запознава со евидентниот лист и заклучоците од опсервацијата

Непосредно по направениот увид

Ги запознава воспитувачот и негувателот со планот за опсервација

Ноември април

 

                             ПЕДАГОШКО-ИНСТРУКТИВНА И СОВЕТОДАВНА РАБОТА

 

Реализира различни форми на опфат на педагошко инструктивна работа

Континуирано

Секојдневно ја евидентира својата работа

Континуирано

Врши анализа на на овој сегмент од работата и ги запознава стручните органи

Според Годишна програма и на барање на Директорот

 

     ВОВЕДУВАЊЕ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА, ИНОВИРАЊЕ И                               МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА ВОР

 

Следење и постојано информирање на воспитувачите за современи педасгошки решенија и нивно воведување во секојдневната работа

Континуирано

Соработка со воспитувачите и негувателите на планот на креативна примена на постојните средства, форми и постапки во секојдневната работа

По потреба

Стручно толкување на нивните можности и нивната примена

Според Годишна Програма за работа

Поседува евиденција за иновациите во ВОР

Континуирано

 

           НЕПОСРЕДНА РАБОТА СО ДЕЦАТА И НИВНИТЕ СЕКОЈДНЕВИ АКТИВНОСТИ

 

Обавува индивидуална и групна советодавана работа

Континуирано

Води евидентна листа за овој сегмент од работата

Континуирано

На адекватен начин ги вклучува : родителите на децата, воспитувачот во грапата, релевантни стручни лица или институции надвор од градинката

Континуирано

За преземените активности го информира Директорот

Континуирано

Постојано ја следи и ја унапредува советодавно-инструктивна работа со децата

Континуирано

Поттикнува ликовно творештво, работа со талентирани деца и избор на цртежи за изложбите

Континуирано

Води досие за секое дете со кое обавува корективна рабора

По потреба

Реализира индивидуелни и групни облици на педагошка корективна работа

По потреба

Применува различни методи на работа

 

Во педагошко-корективна работа активно ги вклучува: родителите на децата, воспитниот тим во граупата, релевантни стручњаци или институции надвор од градинката

По потреба

Прави анализа на ефикасноста и резултатите од педагошко корективна работа

По потреба

Поседува евиденција за децата со ПП, спрема видот на попреченост

По потреба

Поседува евиденција за талентирани деца

По потреба

 

При идентификација  на деца со ПП, податоци прибира од воспитниот тим во граупата

Континуирано

Редовно го следи нивниот развој и за тоа води евиденција

Континуирано

Во овој сегмент од работата континуирано соработува со : родителите на децата, воспитувачот во граупата, релевантни стручни лица или институции надвор од градинката, со членовите на стручниот тим за подржка

Континуирано

Реализира активности со цел подготвување на другите деца во воспитната група, во која се вклучени деца со ПП

Континуирано

Се вклучува во изработка на посебни програми за дете со ПП и талентирани деца

По потреба  и континуирано

Користи стандардизирани инструменти за утврдување на зрелост на детето за училиште

Април

При утврдување на зрелоста на детето за поаѓање во училиште, задолжителнообавува разговор со детето

Април

Со резултатите од испитувањето ги запознава: родителите, воспитувачот

Април

Учествува во структурирање на воспитните групи според однапред избрани критериуми : возраста, индивидуални особини на детето

Август

Ги запознава родителите со критериумите за структуирање на воспините групи

Август

Ги запознава воспитувачите со критериумите за формирање на воспитните групи

Август

Дава свој придонес во адаптацијата на децата

Септември

 

                            СОРАБОТКА И СОВЕТОДАВНА РАБОТА СО РОДИТЕЛИ

 

Реализира различни индивидуални и групни форми на соработка со родителите

По потреба

Води евидентни листови  од кои може да се видат формите, методите, содржината и фреквенцијата на соработката со родителите

Континуирано

Го унапредува педагошкото образование на родителите ( популарни предавачи, дискусии,  пружање адекватна помош околу воситувањето на децата и сл.)

Според Годишната Програма на Градинката

Иницира и осмислува различни начини на вклучување на родителите  во поедини сегменти од работата на градинката

Континуирано

Ги испитува очекувањата на родителите од градинката

Континуирано

 

                                         АНАЛИТИЧКО-ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА

 

Реализира акциони истражувања во градинката

По потреба

Дава свој придонес во анализата на годишната програма за работа на градинката

По барање на Директорот

Вклучена е во истражувачки проекти кои се организираат во градинката

По потреба

Ја истражува  воспитно-образовната пракса и ги анализира воочените проблеми

Континуирано

Резултатите од аналитичко-истражувачка  работа ги презентира на стручните органи и тела  на градинката

По барање на директорот

Резултатите од аналитичко-истражувачката работа се достапни за родителите и пошироката јавност

По потреба

 

УЧЕСТВО ВО РАБОТАТА НА СТРУЧНИТЕ ОРГАНИ И СТРУЧНОТО УСОВРШУВАЊЕ НА   ВОСПИТНИТЕ КАДРИ

 

Остварува соработка со стручните органи на градинката

Континуирано

Реализира нагледни предавања за потребите на Совет на воспитувачи и Совет на негуватели

Според Годишната Програма за работа

Учествува во дисеминација на методичко-дидактички упатства за воспитувачите

Континуирано

Дава упатства за начин на планирање и програмирање на работата на воспитувачите и негувателите

По потреба

Иницира активности на стручните органи за промоција на резултатите од воспитно-образовната работа

Според Годишната Програма

Иницира, организира, помага во организацијата на воспитно-образовните активности

Континуирано

Остварува соработка  и ја планира активноста на Активот на воспитувачи

Континуирано

Дава предлози и учествува во изработка на Програма за стручно-усовршување на воспитувачите и негувателите

По барање на Директорот

Активно учествува во сопствено стручно усовршување, групно и индивидуално

Континуирано

Учествува во поорганизирани форми на размена на искуство и договори за заедничка работа со други педагози

Континуирано

Учествува во печат и медиуми

По потреба

 

                СОРАБОТКА И ПОВРЗУВАЊЕ СО ОПШТЕСТВЕНАТА СРЕДИНА

 

Остварува соработка со различни институции од општествената средина, релевантни за работата на педагогот

По потреба

Води адекватна евиденција за соработка од која може да се види начинот, содржината и фреквенцијата на соработката

Континуирано

 

                      ПОДГОТОВКА И ВОДЕЊЕ ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА СОРАБОТКА

 

Подготовка на сопствена Год.Програма за работа

Август

Водење на Дневна документација за работата

Континуирано

Водење документ. за аналитичко-истражувачка работа

По потреба

Изготвување на документација и материјал за деца со ПП

Континуирано

Водење на дидактичко досие за стручно усовршување на секој воспитувач, негувател стручен работник

Континуирано

Извештај за реализација на сопствена Год.Програма

Јуни

 

                           ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ЛОГОПЕД

 

Говорот како психичка функција претставува основен начин на човековата комуникација. Тој е тесно поврзан со интелигенцијата, помнењето, вниманието и перцепцијата. Постои паралелизам во развојот на говорот и моторните функции, а емоционалната и социјалната интеграција се услов без кој не се може на патот на формирање на квалитетен говор.

 

           Предучилишната установа - градинката претставува втор дом за детето, а за некои деца и најпријатно катче, како и најпријатен период од животот. Периодот на развој кога децата престојуваат во градинка е многу комплексен период  така што сите инволвирани во развојот на детето имаат првенствена задача да го следат истиот, да ги откријат и најмалите показатели за евентуален проблем во развојот и да преземат активности со кои ќе го стимулираат и урамнотежуваат развојот кај децата без проблеми, а ќе работат за подобрување на состојбата и намалување на нарушувањата кај децата со проблеми. Статистиката покажува дека најчести и најпоживот важни се проблемите со нарушувања во говорот, бидејќи говорната и јазичната комуникација е одлика единствено за човечкиот род.        

 

Логопедската работа многу е тешко да се одвои како посебна затоа што говорниот проблем претставува истовремено дел од психолошкиот, дефектолошкиот, психијатрискиот, педијатрискиот и невролошкиот дел од проблематиката.

 

Најчести нарушувања  со кои логопедот се сретнува се: фонолошко – артикулаторни нарушувања, нарушување на ритамот и темпото на говор (пелтечење, брз говор), забавен или недоволно развиен говор, специфични јазични нарушувања и аутизам.         

 

          Во рамките на своите програмски активности логопедот посебно внимание посветува на раната детекција и раната интервенција, а особена улога има во дијагностика и третман на говорно – јазични нарушувања кај децата.
          Во соработка со другите стручни работници и соработници, логопедот значајно допридонесува за мултидисциплинарниот, холистички пристап во воспитно – образовната дејност на децата.             

 

                               Подрачја на работа:

 

Ред. бр.

СОДРЖИНИ

СОРАБОТКА

1.

Изработка на годишна програма за својата работа – оперативен план

директор,

стручен колегиум

2.

Учество во изработка на годишна програма за работа на детската градинка

директор, работни групи

3.

Запознавање со воспитните групи по објекти и нивна опсервација

одговорни воспитувачи, воспитувачи, негуватели

4.

Запознавање на воспитно – негувателскиот кадар со специфичните развојни потреби и пречки во развојот на децата во однос на говорно – јазичната комуникација и со последиците од јазичното нарушување на ниво на психосоцијален и едукативен план

воспитувачи, негуватели

5.

Изработка на распоред на денови за организирање и реализирање на логопедската работа

Стручен тим

6.

Поттикнување на говорно – јазичниот развој кај децата од 2-4 години, особено кај деца со фактори на ризик

 

7.

Спроведување на логопедски индивидуален и групен третман (стимулација на говорниот развој и  коригирање на неправилно формирани гласови)

 

8.

Изработка на план за работата со секое дете и водење евиденција за реализација на говорно – јазичните вежби

 

9.

Следење на усогласеноста на обликот,  формите и средствата  на воспитно – образовната работа со потребите и можностите  на децата со проблеми во говорно – јазичниот развој

директор, стручен тим, воспитувачи, негуватели

10.

Консултативно – советодавна соработка со родители за прашања и проблеми во однос на говорниот развој на детето

директор, стручен тим, воспитувачи, родители

11.

Стручно усовршување

директор, стручен тим, воспитувачи, негуватели, компетентни институции

12.

Планирање на активности и реализација на проекти, како и учество во сите тематски работилници на ниво на Општина, на ниво на град Скопје, соработка со научни и стручни институции

институции блиски на дејноста

 

МЕСЕЦ

АКТИВНОСТИ

СОРАБОТКА

СЕПТЕМВРИ

ОКТОМВРИ

  • Идентификација и дијагностика на деца со говорно – јазични нарушувања од 5 – 6 години

директор,дефектолог,

воспитувачи, негуватели,

деца, родители.

  • Изработување на план и програма за својата работа
  • Учество во изработка на годишна програма за работа на детската градинка;
  • Учество во проценка и изборот на дидактички средства и материјали;
  • Запознавање со воспитните групи по објекти и нивно набљудување;
  • Детекција и идентификација на деца со говорно – јазични нарушувања, деца со посебни потреби и тешкотии во развојот;
  • Утврдување на глобалниот говорно – јазичен статус кај децата од 5 - 6 години преку адекватен тест;
  • Запознавање на воспитно – негувателскиот кадар со специфичните развојни потреби и пречки во развојот на децата во однос на говорно – јазичната комуникација и со последиците од јазичното нарушување на ниво на психосоцијален и едукативен план;
  • Процена на потенцијали и слабости кај деца со говорно – јазични нарушувања;
  • Детекција на причините за појава на нарушувања во говорот;
  • Процена на аудитивна перцепција, дискриминација и меморија;
  • Планирање и формирање на групи според типот и видот на нарушување за спроведување на логопедски вежби;
  • Подготовка на дидактички материјали за логопедските вежби;
  • Евидентирање и информирање на родителите за говорно – јазичниот статус кај детето и упатување за дополнителен логопедски третман во стручните институции.

НОЕМВРИ         -

МАРТ

  • Логопедски третман со деца кои имаат говорно – јазични нарушувања од 5 – 6 години
  • Изработка на индивидуален план за работа со деца од воспитните групи од 5 – 6 години;
  • Водење евиденција за реализација на говорно – јазичните вежби;
  • Спроведување на индивидуален логопедски третман кај деца со брзоплет говор и нарушен ритам и темпо на говорот – пелтечење;
  • Спроведување на фонолошко – артикулаторни вежби, работа во група – (формирање на гласови и коригирање на неправилно формирани гласови);
  • Автоматизација на формираните гласови во иницијална, медијална и финална положба;
  • Вежби за правилно говорење и изразување;
  • Изработување на логопедски вежби за спроведување во домашни услови;
  • Следење и евидентирање на сите промени настанати  во текот на третманот;
  • Евидентирање од страна на стручниот тим на децата со забавен говорен – психомоторен развој и упатување на родителите за понатамошно следење и дијагностика во стручните институции;
  • Советување и инструктивна работа со родителите;
  • Водење евиденција за индивидуалните состаноци со родителите;
  • Следење на усогласеноста на обликот, формите и средствата  на воспитно – образовната работа со потребите и можностите  на децата со проблеми во говорно – јазичниот развој.

родители, деца,

стручен тим

АПРИЛ        

МАЈ

  • Опсервација и поттикнување на говорно – јазичниот развој кај децата од 2 - 4 години
  • Поттикнување на говорно – јазичниот развој кај децата од 2 - 4 години, особено кај деца со фактори на ризик;
  • Вежби за орална моторика во воспитните групи од 4 - 5 години;
  • Реализирање на логопедски работилници во сите објекти;
  • Следење и вежби за правилен развој на графомоториката кај децата (цртање, боење, нижење перли, моделирање со пластелин);
  • Стручно усовршување за воспитно - негувателскиот кадар и за родители;
  • Учество во тимската работа во реализација на завршните  активности  од годишната програма.

Воспитувачи, дефектолог,негуватели, родители

ЈУНИ

  • Изработка на годишен извештај за својата работа;
  • Учество во изработка на годишниот извештај на установата.

директор, стручни соработници

ЈУЛИ                 

АВГУСТ

  • Разработка на стручна литература од доменот на својата работа;
  • Изготвување на годишна програма за својата работа за наредната учебна година;
  • Учество во изработка на годишната програма за работа на установата за наредната учебна година.

директор, стручен тим, воспитувачи, негуватели

 

  • Континуирано во текот на годината:

 

  • Соработка со воспитно – негувателскиот кадар

 

  • Запознавање на воспитно – негувателскиот кадар со специфичните развојни потреби и пречки во развојот на децата во однос на говорно – јазичната комуникација и со последиците од јазичното нарушување на ниво на психосоцијален и едукативен план
  • Планирање и реализирање на логопедската дијагностика на децата во договор со воспитниот кадар;
  • Информирање на воспитно – негувателскиот кадар за деца со говорно- јазични нарушувања;
  • Советодавни и консултативни разговори со воспитно – негувателскиот кадар за примена на одредени вежби за поттикнување на говорно – јазичниот развој кај децата и формирање на правилен говорен модел;
  • Едукација на воспитно – негувателскиот кадар со цел зајакнување на стручната компетенција за препознавање на деца со проблеми во говорно – јазичната комуникација;
  • Соработка во планирање и реализирање на воспитно – образовните содржини за децата со забавен говорен – психомоторен развој (изработка на ИОП, стратегии за поддршка и остварување на процесот на инклузија).
  • Учество во активности, тематски работилници и приредби на ниво на Општина.

 

  • Соработка со родители

 

  • Запознавање на родителите со работата на логопедот во предучилишната установа;
  • Соработка со родители на ниво на установа и на ниво на воспитна група;
  • Запознавање на родителите со најчестите логопедски нарушувања во предучилишната возраст;
  • Соработка со родители на  деца со говорно – јазични нарушувања;
  • Поддршка на родителите во препознавањето и разбирањето на говорно-јазичните способности на детето;
  • Информирање на родителите за постигнувањата и развојот на нивните деца;
  • Групни и индивидуални состаноци со родителите;
  • Давање насоки на родителите како да откријат евентуални нарушувања во говорниот и изразниот јазик кај сопствените деца;
  • Советување на родителите како во домашни услови да го стимулираат говорот кај своите деца и како да работат на коригирањето на постоечките проблеми;
  • Организирање и реализирање на креативни работилници, едукативни предавања од страна на стручниот тим;
  • Запознавање на родителите со стручна литература;
  • Консултативно – советодавни разговори со родители по нивно и по барање на кадарот.

 

  • Стручно усовршување

 

  • Индивидуално стручно усовршување од областа на логопедијата – учество на предавања, работилници, семинари, со цел размена на искуства и соработка со стручни работници од пошироката средина;
  • Соработка со  институциите ,,Завод за Ментално здравје“ и Центар за рехабилитација на слух, говор и глас“ – Скопје, за третирање на одделни развојни прашања и случаи;
  • Следење на стручна литература од областа на логопедијата и учество со лични трудови;
  • Стручно усовршување во установата  за воспитно – негувателскиот кадар и за родители;
  • Континуирана соработка со предучилишни установи во државата, други образовни, културни институции во градот како и невладини организации и асоцијации

 

ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ДЕФЕКТОЛОГ

 

Детската градинка е средина во која се реализира програма која овозможува на децата со пречки во развојот да учествуваат во сите активности со другите деца. Со други зборови децата со пречки во развојот со помош на другите деца развиваат односи со врсниците, што им е од голема важност за здрав сознаен и социјално-емоционален развој. Децата на таков начин имаат можност да растат и учат на најприфатлив начин. Низ заедничка игра и активност со останатите деца се дава можност да развиваат социјални и комуникациски вештини и осамостојување.

 

УЧЕСТВО ВО ПЛАНИРАЊЕ И ПРОГРАМИРАЊЕ НА ВОР ВО ГРАДИНКАТА

Изработка на сопствена годишна програма Август

Изработка на Извештај за спроведувањето на сопствена Годишна програмаАвгуст 2019 год.

Усогласување на сопствената програма со Годишната програма на директоротСептември  2019 год.

Учество на проекти, семинариКонтинуирано според потребите

Учество во работата на Стручните органиКонтинуирано

Програма за стручно усовршување 2019/20 год.

Програма за соработка со родителитеСептември 2019 год.

Учество за избор и изработка на потребниот материјал за работа со деца со пречки во развојотСептември и по потреба

 

 

СЛЕДЕЊЕ И РЕАЛИЗАЦИЈА НА ВОР

 

Следење на опременоста на градинката со неопходни дидактички средства и помагала потребни за децата со посебни потреби

Континуирано

Давање предлози за подобрување на ефикасноста и ефективноста на градинката во исполнување на развојните потреби на детето.

Континуирано и по потреба

Запознавање на воспитувачот и негувателот со заклучоците од опсервацијата

Постојано  веднаш по опсервацијата

 

ВОВЕДУВАЊЕ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА    ТЕХНОЛОГИЈА,

ИНОВИРАЊЕ И МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА ВОР

 

Следење и информирање на воспитувачите за современи дефектолошки решенија и нивно воведување во секојдневната работа

Континуирано

Соработка со воспитувачите и негувателите на планот на креативна примена на постојните средства, форми и постапки во секојдневната работа

Континуирано

Стручно толкување на нивните можности и нивната примена

Континуирано

 

РАБОТА СО ДЕЦА И НИВНИТЕ СЕКОЈДНЕВИ ИНДИВИДУАЛНИ И ГРУПНИ АКТИВНОСТИ

 

Опсервација на деца  во средна и голема група во сите три објекти

Септември- Октомври 2018 год.

Превенција на деца со пречки во развојот

Континуирано по потреба

Идентификација на деца со пречки во развојот

2019год.

Проценка на нарушувањето  со спроведување на тестови

Септември- Октомври и по потреба

Детекција и забележување на децата со пречки со развојот во помалите групи

Континуирано

Адаптација на детето со пречки во развојот

По потреба

Вежби за редукација на психомоторика

По потреба

Вежби за внимание - визуелни и акустички (составување на слики со делови од телото или облеката, разгледување на сликовници со животни и нивно именување, опишување на предмети итн).

По потреба

Поддршка на децата со пречки во развојот за време на слободни активности, насочени да ги следат истите постапки како и другите деца

По потреба

Потикнување на развојот на социоемоционалниот процес

По потреба

Поттикнување на вежби, индивидуални и групни игри за деца со пречки во развојот

По потреба

Поддршка на децата со пречки во развојот за време на слободни активности, насочени да ги следат истите постапки како и другите деца

По потреба

Насоки за игри по групи, насоки за зголемување на барањата во одредени активности за децата со пречки во развојот

По потреба

Поддршка за развој на комуникациски вештини (разговор, слика-збор) и интеракција меѓу децата

По потреба

Развој на општите праксо-гностички функции, вежби за координација на движењето по ритам и контрола на моториката во мирување, вештината за координација око-рака, вежби за просторна организација и ориентација, откривање на доживувањето на времето, контрола на вниманието и зголемување на визиомоторната контрола.

По потреба

Запознавање на телесната шема ( око-уста, нос-уво, рака- нога..)

По потреба

Работа со деца кои имаат потешкотии во совладување на одредена активност поради субјективните неурофизиолошки, аудиовизуелни, перцептивни, визуелни и емоционални попречености и не покажуваат успех во наставата и покрај посебната ангажираност на воспитувачот

По потреба

Следење и вежби  на графомоториката (цртање, боење, нижење перли.....)

По потреба

Следење и вежби на когнитивните способности на децата (поттикнување на мислење, насочување и задржување на вниманието, помнење, раскажување...)

По потреба

Превенција, дијагностика, рехабилитација на децата со пречки во развојот

По потреба

 

СОРАБОТКА И СОВЕТОДАВНА РАБОТА СО ВОСПИТУВАЧ

 

Заедно опсервирање на детето

По потреба

Запознавање на воспитувачот со проблемот на  нарушување кај детето- видот и степенот на нарушувањето, причината и последиците

По потреба

Учество во избор на дидактички материјали и други помошни материјали кои се користат во работа со децата

По потреба

Стручни предавања, советувања и стручна литература

Според програмата на Директорот

Соработка со останатиот стручен тим и воспитувачи, со цел да се обезбедат оптимални услови за развој на детето

Континуирано

 

СОРАБОТКА И СОВЕТОДАВНА РАБОТА СО РОДИТЕЛИ

 

Запознавање на родителите за работата на дефектолог на објективен и за нив разбирлив начин

Континуирано

Помош на родителот при препознавање и разбирање на детето со пречки во развојот- Изработка на флаер

Септември и по потреба

Информирање на родителот за типот на нарушување на детето

По потреба

Информирање на родителот за напредокот на детето

По потреба

Советување на кој начин да вежба дефектолошки вежби со детето за поуспешен и побрз напредок

По потреба

Инструктивна и советодавна работа со родителите на децата

По потреба

 

СОРАБОТКА СО ДИРЕКТОР, СТРУЧНИТЕ ОРГАНИ И СТРУЧНО

УСОВРШУВАЊЕ

 

Работните задачи се реализираат индивидуално во соработка со стручните соработници

Континуирано

Соработка со директор и стручни соработници во подготовка на извештај, план, програма, проекти, распоред на работа

2019/ 2020год.

Соработка со директор и стручни соработници за координација на активностите во подржување на децата при нивната работа

Континуирано

Соработка со директор и останатите соработници во анализа и решавање на проблемите и потребите во градинката

Континуирано

Учество во работата на стручните органи во остварување на одредена задача, програма или проект

Според Годишната програма на Директорот

Соработка со директорот и стручниот тим во изборот на дидактички средства и материјали кои се потребни за работа со деца со пречки во развојот.

По потреба

Соработка и разменување на информации со директорот и стручните соработници и учество во унапредување на воспитните потреби на децата

Континуирано

Информирање на стручниот тим за додатна дефектолошка работа кај детето

По потреба

Активно учество во сопствено стручно усовршување со стручна литература, учество на семинари, симпозиуми и други форми на стручно усовршување

Континуирано

Учествува во организирани форми на размена на искуства и соработка со други дефектолози

Континуирано

 

СОРАБОТКА И ПОВРЗУВАЊЕ СО ОПШТЕСТВЕНАТА СРЕДИНА

 

Остварува соработка со различни институции од општествената средина, релевантна за работата на дефектологот

По потреба

Соработка со Ј.З.У Завод за ментално здравје

По потреба

Соработка со други предучилишни установи во Р.Македонија

Континуирано

 

ПОДГОТОВКА И ВОДЕЊЕ ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА СОРАБОТКА

 

Подготовка на сопствена Годишна програма за работа

2019 год.

Водење на дневна документација за работата

Континуирано

Извештај за реализација на сопствена Годишна програма

Август  2020 год..

 

ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА РАБОТАТА НА МУЗИЧКИОТ ПЕДАГОГ

 

Музичкото воспитување во предучилишната установа е составен дел од воспитно-образовниот процес, со кој се влијае врз развиотокот на личноста.

 

Задачите по музичко воспитување се остваруваат со систематска работа.Основна форма на систематската работа е музичката  активност,преку која се реализираат задачите и програмата на истата. Со музичката  активност се опфаќаат сите деца од сите воспитни групи , истата  се спроведува и се остварува заедно со воспитувачот и негувателот  во воспитната група според однапред планираните задачи и содржини на музичката активност.

 

Слушање музика во работата со децата од предучилишна возраст е една од активностите по музичко воспитание и образование, преку која децата ги воведуваме во „Светот на музика без зборови“.Преку оваа активност се создаваат првите чекори за воведување на децата во светот на една апстрактна материја, која и покрај тоа што ,се чини е толку далечна, им причинува толку блиски чувства и радост.Првите чекори во тој широк свет на музиката ги започнуваме уште од најмалата возраст, со на прв поглед, примитивни , но за децата многу сложени и далечни форми на работа.

 

Видови на музика за слушање:

 

-вокална,вокално-инстриментална и инструментална музика

 

Музичките  активности по воспитни групи од 6-18 месеци

 

Предучилишното воспитание и образование , како примарна и почетна алка во единствениот систем на образованието, денеска се понагласено се спроведува во организациите од посебен општествен интерес во кои се преплетуваат повеќе компоненти на оваа дејност(згрижување, исхрана, здравствена превентива,образование, воспитание и сл.

 

Музичките активности во овие воспитни групи се спроведуваат со пеење едноставни монотони песни, бројалки, приспивни песни, ритмички песни со употреба на орфови музички инструменти, и секако слушање на музика.

 

Музичките  активности по воспитни групи од 18-24 месеци

 

-активности и форми за работа

 

Во втората половина на втората година детето покажува изразена љубопитност и се поблиску ја запознава својата околина,предметите, луѓето и другите деца.Децата на оваа возраст веќе ќе можат постепено преку потпевнување да се воведуваат во првата репродукција на поедноставните детски песни. ( бројалка часовник)

 

Посебно внимание ќе обрнеме на бројалките преку кои го поттикнуваме и развиваме говорот.

 

Музичките  активности по воспитни групи од 2-3 години

 

Децата од оваа возраст го имаат развиено во доволна мера говорниот апарат.Тоа овозможува децата постепено да се воведуваат,преку интермедијални музички активности, во вистинска мелодиска репродукција –детската песна.

 

Песната ја оформуваме преку повеќе форми на работа: пеење (групно и индивидуално), слушање песни и пеење и движење .

 

Децата се оспособуваат да ја восприемаат и запомнат песната, мелодијата да ја пеат интонативно точно,со чиста и јасна дикција и умерена јачина.

 

Музичките  активности по воспитни групи од 3–4 години

 

Содржините и задачите за оваа возраст се скоро исти со тие од 2 -3 години, само што се предвидени и други посложени задачи на кои треба да се обрне внимание.

 

На оваа возраст бројалките и ритмичките вежби добиваат се поконкретна примена.Преку нив децата директно се ангажираат со механички движења со рацете,марширање во играта , имитирање и сл.

 

Музичките  активности по воспитни групи од 4-6

 

Активностите на децата од оваа возрасна група е од таква природа , што таа може да се искористи за создавање на најразлични мелодиско ритмички игри и елементи за развивање на музичките способности кај децата.Обемот на корелацијата е толку голема на пример со играта,што дава можности да се најдат многу допирни точки ,преку кои тие реципрочно ќе влијаат едни врз други.

 

Хоровото пеење во точно зададена интонација како и свирење на детски музички инструменти.

 

Содржините и елемнтите на детската игра, може да послужат за создавање на ритмички и мелодиско ритмички мотиви, што ќе се користат за поттикнување на активности на децата за правилно и содржајно одвување на оваа форма на работа.

 

Таквата поврзаност на мелодиските и ритмичките елементи со детската активност се среќава скоро на секој чекор, нам ни останува само да ја откриеме.

 

Соработка со воспитниот тим

 

Посебно за оваа година сакам да ја „потенцирам“ соработката со воспитувачот и негувателот во рамките на воспитната група за време на, планирање и реализација на редовните активности по музичко воспитување, со тоа што за време на одржување на активностите по музичко , воспитувачот и негувателот ќе бидат активно  вклучени во самата реализација како што претходно напоменав.Соработката со  директорот , педагогот, дефектологот и логопедот , ќе се одвива на дневна комуникација , се со цел подобрување на квалитетот на изведување на програмските активности а со тоа и до поквалитетно образование .

 

За воспитно образовната 2019-2020 се предвидува да се реализираат повеќе куклени претстави кои музичкиот педагог заедно со стручниот и воспитниот тим ќе подготват куклени претстави  кои ќе ги изведат во сите три објекти на градинката, а како предлог , се предлага со една претстава да се изведе во другите две градинки на О Центар со што и тие би можеле да се вклучат со нивни претстави во нашите објекти, со што ќе се оствари една соработка , односно како градинки на територија на О Центар ќе прикажеме една заедничка соработка со цел децата од сите градинки да добијат што поквалитетно воспитување и образување

 

6.   СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ

 

        

 

              Тријадата Дете –Воспитувач-Родител е од особена важност за успешна соработка помеѓу родителите и Градинката.

 

Родителите како конзументи на услугите на градинката треба да бидат запознаени со се она што Градинката како институција може да им го пружи.За таа цел оваа година пред почетокот на ВОР ќе отпочнеме со практикување на нова соработка со родителите, а тоа е Групен родителски состанок со родителите на ново примените деца .На овој состанок родителите ќе се запознаат со куќниот ред на градинката и со можностите што таа како институција им го нуди.На оваа средба родителите ќе бидат во можат да поставуваат прашања кои ги интересираа а се  во врска со работењето на градинката. На состанокот ќе бидат присатни: Директорот, педагогот, главната мед.сестра и раководителот на објектот.

 

        Постојаната соработка со родителите ќе биде разновидна, респектабилна, квалитетна и софистицирана, која ќе ги задоволи  потребите на меѓусебната информираност на градинката и  родителите во интерес на детето.

 

           Во таа смисла ќе се негува постоење на односи на взаемно почитување помеѓу воспитувачот, негователот и родителите. Родителот секојдневно ќе   се информира за постигнувањата и  развојот на неговото дете, а од родителот  ќе се добиваат информации неопходни за планирањето, реализацијата  и следењето на ВОР.

 

       Соработката со родителите се планира заедно со нив, зависно од

 

можностите и интересите на самите родителии и потребите на  воспитно-образовниот процес

 

                           

 

                    

 

                        ПЛАН ЗА СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ

 

ЗА 2019/2020 ГОДИНА

 

ВИД НА СОРАБОТКА

ВРЕМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА

Групна родителска средба:

-Запознавање со Програмата за работа,

-Запознавање со куќниот ред,

-Формирање на Родителскиот одбор, -Набавување на дидактички материјал

- Писмено анкетирање на родителите

Септемв. 2019год.

Индивидуални контакти при приемот и издавање на детето

Континуирано

1.Општи родителски состаноци посебно за секој објективност.

2.Организирање предавања за родителите на актуелни теми за секој објект

3.Запознавање со настава од повисок ранг која ќе се изведува во „Корчагин“

Септември, Октомври 2019год.

Закажан разговор со родителот

По потреба

Активности со Родителскиот одбор во воспитна група

Континуирано

Учество во планирање на ВОР

-Работилница со родителите на тема Моето училиште од соништата.-запознавање со проектот

Октомври

Присаство на активностите  во градинката и наставна активност

Според интересот на родителот

Според потребите на дневната тема за работа

Работилници по одредени поводи

1.Пакување подароци од хуманитарната акција

2.Есенски изработки

3.Н.Година

4.Честитка за мама

5.Априлијада

6.Еколошка работилница

7.Работилница со родителите Роми

Асистирање при излегување надвор од Градинката

По потреба

Активно –креативно учество во ВОР во склад со професијата на родителот

По потреба

Организирање приредби

1.Добро ни дојдовте другарчиња

2.Патронат

3.По повод пролетта

4.Завршна приредба

5.Групна приредба

6.Приредби на организаторите на настава од повисок ранг

Јавни настапи на децата од Градинката на манифестации организирани од други институции по разни поводи и од Општина Центар

По потреба, 2019/2020год.

Учество во работата на Совет на родители

Во склад со Правилникот за работа на Советот на родители

Користење на поволности во услугите на Градскиот паркинг

Континуирано,

Информирање преку Информатовна табла за родителите во секој објект посебно

Секојдневно

Здравствено-психолошко едуцирање на родителите преку брошури, флаери  плакати и друг вид материјал подготвен од стручниот тим на Градинката

Континуирано

Вклучување на родителите во проектните активности во рамките на  Интеграција на еколошка едукација“

Континуирано во 2019/2020год.

Анкетни листови и прашалници за добивање согласност за активности или информации во врска со ВОР

2019/2020год.

Донаторство и спонзорство од страна на родителите

Според потребите и иницијативите на родителите

Индивидуални или во мали групи контакти по иницијатива на родителите

По потреба

Усно информирање на родителите

Континуирано по потреба

Информирање на родителите преку огласна табла

Континуирано

Збогатување на просторот со средства и неструктуриран материјал изработен или набавен од страна на родителите

2019/2020год.

Информирање на родителите преку изработка на ПОРТФОЛИО  за децата од средна и голема воспитна група

2019/2020год.

Информирање за промени во листата за јадења

Сезонски ( со промена на продуктите на пазарот)

Телефонски информации

По потреба

Донирање  храна и средтсва за хигиена  за хуманитарни цели на ниво на Градинката

По потреба

Организирање ВИКЕНД-БИБЛИОТЕКА во секоја воспитна група, така што секој петок родителот може да позајми  книга од своја воспитна група, по избор на детето, да ја задржи во текот на викендот и да ја врати наредната недела во понеделник

Континуирано

ОТВОРЕН ДЕН за разговори со родителите

Еднаш месечно

Изработка на ТАБЛО на генерацијата

05.2020год. 

Информирање за антрополошките мерења извршени во текот на месецот

Континуирано

Соработка иницирана од страна на родителите

По потреба

Советодавно-инструктивна работа со родителите од страна на стручна педагошка  служба  на Градинката ( педагог, Директор, музички педагог, логопед)

По потреба

Откривање на таленти и соработка со родителите

По потреба

Вклучување на родителите во соработка со логопед

Поединечно по потреба

Соработка со родителите на деца со ПП како ресурси во изработка на план и програм за работа

Поединечно по потреба

Писмени изјаснување на родителите за впечатоците од работата на градинката преку користење на ТЕТРАТКА ЗА ВПЕЧАТОЦИ и преку користење на сндаче за ПОФАЛБИ – ПОПЛАКИ поставни во холовите во секој од објектите

Според наоѓање на родителите и нивната мотивираност

Соработка со родителите ќе се реализира и преку контактите на ВЕБ страната на Градинката, нивните забелешки, посети на страната, сугестии и коментари.

Континуирано

Изложби на ликовни творби и  друг вид творби изработени од децата

Континуирано

Изложби на фотографии од реализирани активности

Континуирано

Учество во крводарителна акција организирана во Градинката

По потреба

Информирање за листата на јадење

Континуирано

 

Велигденски појадок во градинката

Велигден 2020г.

Едукативни предавања и работилници за правилен раст и развој на децата

Континуирано

 

          Формите на соработката се разновидни  а оние кои се покажале како

 

    многу корисни и успешни ги репризираме секоја година.

 

7.  СОРАБОТКА СО ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИ,

СПОРТСКИ ,ЗДРАВСТВЕНИ, КУЛТУРНИ,

НАУЧНИ И ДРУГИ  УСТАНОВИ ФОНДАЦИИ,

ЗДРУЖЕНИЈА

7.1.Соработка со воспитно-образовна установа 

Назив

Вид на соработка

Време на реализација

Детски градинки на ниво на град Скопје и надвор од градот

Размена на искуства,следење приредби,презентации и сл.

По потреба

Детска градинка „13.Ноември“

Присаство  на приредби и презентации на проектни активности

По потреба

Детска градинка „Кочо Рацин“

Присаство на стручно усовршување на воспитувачите, на приредби и презентации на проектни активности

По потреба

МБУЦ „Илија Николовски-Луј“

Организирање на Новогодишен концерт за децата

12.2019год.

Соработка со Основни Училишта:

„Д.Миладинов“, „11 Октомври“; „Св. Кирил и Методи“

Реализација на Проектот„Моето училиште од соништата„.

Во период од 10.2019г до 05.2020г.

7.2. Соработка со спортска установа 

Назив

Вид на соработка

Време на реализација

Спортски клубови на територија на Општината Центар

Организирање курсеви по шаховска игра за деца

По договор2019/20г.

7.3.Соработка со здравствена установа

Назив

Вид на соработка

Време на реализација

Унуверзитетска клиниика за детски болести - Скопје

Посета со детска претстава за болните деца

По договор2019/20г.

Министарство за здравство на РСМ

1.Активности за спроведување на Национална стратегија за превенција на орални заболувања кај децата од 0-14 години во РСМакедонија

2.Инспекциски надзор од Државен санитарен и здравствен инспектор

1.Континуирано

2. Континуирано

Републички Завод за Трансфузиологија Јавна Здравствена Установа - Скопје

Во Градинката организирање крводарителна акција

Октомври 2019г.Недела на детето

ЈЗУ, Центар за Јавно Здравје Скопје

1. Следење на енергетска и биолошка вредност на храната за децата

2. Санитарно-хигиенски  увид во работата на Градинката

3.Детектирање, следење и превземање мерки при појава на инфективни заболувања во Градинката

4. Вршење на редовна дезинфекција, дезинсекција, дератизација во објектите

1.Континуирано

2.Континуирано

3. По потреба

4. Според агендата на ЈЗУ

МВР - Амбуланта

1. Посета на ординација  на лекар специјалист, родител

2. Посета на стоматолошка ординација

Според тематското планирање

7.4. Соработка со културна установа 

Назив

Вид на соработка

Време на реализација

РСМ  НУ СПОМЕН КУЌА НА МАЈКА ТЕРЕЗА

1.Културно- едукативна посета на објектот

2.Организирање на Априлијада во екстериерот

1. Според тематското планирање

2. Април 2020год.

Меморијален Музеј на Холокаустот

Културно-едукативна посета

Според тематското планирање2019/20г.

МОБ

Следење на балетски претстави наменети за деца

Според тематското планирањеза 2019/20г.

Македонска филхармонија

Следење на концерт

Според тематско планирање за 2019/20г.

Театар за деца и младинци

Следење на театарска претстава

Според тематското планирање.

Музеј на Град Скопје

Културно- едукативна посета

Според тематското планирање.

Детски Културен Центар

Учество на манифестација „Го градам мојот град“

13.11.2019г.

МРТВ

  Снимање емисии за деца

По  потреба

     

7.5.Соработка со научна установа 

Назив

Вид на соработка

Време на реализација

     

Филозофски факултет- Скопје, Институт за педагогија

1. Присаство на семинари, предавања и др, вид активности во организација на Институтот.

2.

По потреба

Педагошки факултет -Скопје

1. Претплата на списание „Педагошка ревија“

2.Присаство на предавања, тематски трибини во организација на факултетот

По потреба

7.6 . Соработка со друг вид установа 

Назив

Вид на соработка

Време на реализација

Акционерско друштво за издавање учебници и наставни средства „Просветно Дело“

1. Набавка на стручна литература у друга литература за предучилшна педагогија

2. Набавка на Списание за деца „Росица“

3.Набавка на дидактички и нагледен материјал за ВОР

1.Континуирано и по потреба

2. Континуирано

3. По потреба

Црвен Крст на Општина Центар

Хуманитарно дарување на облека и храна од вработените и родителите во Градинката

01.10.2019год.

Центар за обука и развој на кадри КДС

Стручно усовршување на вработените

По потреба

ЗОО градина -Скопје

Едукативна посета на децата од сите објекти  воспитна група од 5-6 г.

Според тематско планирање.

Општина Центар

1.Посета на Општинските служби и запознвање со работата

2.Учество во разни манифестации во организација на Општина Центар: Денот на Европа; Дедо мразијада и др.

Според агендата на Општината

МТСП

1. Инклузија на деца Роми во „Корчагин“

2. Присаство на семинари и друг вид на обука во врска со Инкл. На деца Роми

1.Континуирано 2018/2019год.

2.По потреба

МОН

1. Интеграција на еколошката едукација во Македонскиот образовен систем“

2. Извествање за постигнатите резултати

1.Континуирано

2.Септември 2019/2020год.

Меѓуопштински Центар за Социјална работа на Град Скопје

Донирање на материјална и друг вид на помош за децата без родителска грижа и децата сместени во друго семејство

01.12.2019год.

Хуманитерн дом „Даре Џамбаз“

1.Културно едукативна посета на Дом „Даре Џамбаз“

2.Учество во акции од хуманитерен карактер со донирање храна и облека во соработка со родителите и децата од градинката

1.Според тематското планирање

2. Октомври, Декември 2019год.

Забавен – Луна парк

Посета на паркот и забавни активности

Според тематсото планирање.

7.7.Соработка со фондации

Назив

Вид на соработка

Време на реализација

Македонски Центар за меѓународна соработка МЦМС

Соработка на планот на Екологија

По потреба

УНИЦЕФ

Соработка на планот на Етиката во екологијата

По потреба

7.8.Соработка со здруженија 

Назив

Вид на соработка

Време на реализација

Национален Совет на Жени на РСМ-СОЖМ

Учество на ликовни манифестации

Според агендата

Сојуз на Просветните работници на РСМ

Учество на манифестации во организација на Сојузот

Според агендата

Сојуз за грижи и воспитување на деца на РСМ.

Учество на манифестации организирани од Сојузот

Според  агендата

Центар за социални иницијативи „Надеж“

Донации за градинката

По потреба

Организација – Редакција за Македонија  на Ринге Раја од Дану Филантропија ЈИЕ

Учество во проектите„Прегратка на дар“ и др.

Според агендата

Сојуз за грижи воспитување на децата на град Скопје

1.Следење на фестивалот „Златно Слвејче“

2.Учество на ликовни конкурси

Според агендата

Сојуз на Борците на Р.М.

Соработка по повод патрониот празник и друг вид соработка

20.02.2020год.

„СУМНАЛ“ невладина организација

Соработка на планот „Инклузија на децата Роми “ во Корчагин

Континуирано

ОХО -невладина организација

Соработка на планот на Еколошка едукација

Континуирано

7.9. Соработка со локална средина 

Назив

Вид на соработка

Време на реализација

ГТЦ

1.Истражувачки активности во трговските локали во врска со екологијата

2.Дистрибуција на маркиците по повод Недела на детето

1.По потреба

2.Октомври

Скопски пазар „Зелен пазар“

1.Истражувачки активности во врска со екологија

2. Дистрибуција на маркиците

1.По потреба

2. Октомври

КЈУБИ

1.Истражувачки активности во врска со екологијата

2. Дистрибуција на маркиците

1.По потреба

2. Октомври

Градскиот парк „Жена борец“

Едукативна прошетка

Ноември

Плоштад на градот Скопје

Едукативна прошетка

Декември

                             

8.  АКТИВНОСТИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕЦАТА

                 ВО ГРАДИНКАТА

           Врз основа на пријава децата во градинката „Корчагин“ се примаат

во текот на целата година.

          Според времетраењето ќе  ја остваруваме програмата за

целодневен престој.

            Според законот родителите имаат можност да користат полудневен престој, скратени програми и пилот програми.

          Вонинституционални форми за активности со деца ќе реализираме

доколку постои заинтересираност и реални можности.

Во соработка со Општина Центар децата од возрасните групи од 4-6год. ќе имаат можност да следат  настава по Германски и Англиски јазик

Финансиски покриени од страна на   Општината Центар.

Тоа е гест за поздравување бидејќи родителите се растеретени од паричен надоместок за вакви додатни активности. Наставата ќе се одвива во попладневните часови, според соодветна програма и динамика. Контрола и увид прават  педагогот,воспитувач-раководител и Директорот на Градинката. Општина Центар исто така обезбедува памперс пелени за децата од јаслена возраст, тоалет хартија и течен сапун за потребите на децата.

Во рамките на својата редовна работа дефектологот, логопедот и педагогот имаат зацртано и советодавни активности наменети за децата и  родителите, со што е исполнета и советодавна функција на Градинката.

 Настава од областа на  балет, танц, народни игри, ритмички игри, музички кореографии и јога ќе се организираат спрема заинтересираноста на децата и родителите.

         По реализацијата на програмските содржини пред родителите се

Изведуваат приредбии завршна приредба на која децата ги демонстрираат новостекнатите вештини и знаења и за тоа добиваат соодветни серттификати – дипломи.

  9. ПЕРМАНЕНТНО СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА

                                 ВРАБОТЕНИТЕ

         Посебно внимание во менаџирањето со градинката треба да се посвети на човечките ресурси со кои таа располага.Вниманието теба да биде насочено кон постојано стручно усовршување на кадарот, со што тој ќе биде постојано во тек со новите трендови во науката и праксата, современите решенија на проблемите кои ќе придонесат за зголемување на компетенциите за вршење на дејноста. Со тоа континуирано ќе се влијае на процесот на професионалниот и личен развој на кадарот.Примената на стекнатите нови сознанија и вештини во своето работење ќе придонесе за подобрување и усовршување на  дејноста на самата на градинката .

 Потребите за обука и стручно усовршување се идентификуваат  од страна на Стручниот Совет и вработените  преку план за  индивидуален развој.                                

                    Начинот на стручно усовршување

         Вработените ке се усовршуваат стручно преку генерички обуки и специјализирани обуки.

Генеричките обуки се однесуваат на потребите на сите  вработени  во Градинката  во врска со :

               - административно работење;

               - комуникација;

               - управување со човечки ресурси;

               - управување со проектен циклус;

               - управување со финансии;

               - информатички вештини и странски јазици.

Специјализираните обуки ке се однесуваат на определени  вработени или група вработени за унапредување на нивните  специфични знаења и вештини :

                - Теоретски основи на детскиот развој;

                - стандарди за рано учење и развој;

                - проценка и документација на развојните достигања;

                - стратегии за рано учење и подучување на малите деца;

                - соработка и партнерство со родители;

                - развивање и поттикнување на креативни вештини

                   кај децата;

                -  комуникациски вештини;

                - иновативните методи за учење и подучување

                   на малите деца, како и управување со воспитните

                   групи.

  За  обуките ке се користат следните форми:

              Семинар;

              Работилница;

              Студиска посета;

              Обука на работно место;

              Курс;

              Конференција;

              Специјализација,

              Учење од далечина.

                   

  • Самофинансирано лично, стручно усовршување за стекнување на повисок степен на образование или академска титула.

                  Индивидуално  стручно усовршување

             

              Современите тенденции упатуваат на констатација дека е

најисплатливо професионално развивање и усовршување на работното место. Во таа смисла Градинката ке обезбеди:

- Стручно-теоретско следење на стручна литература;

- Програма  за „Ран детски развој“-Стандарди за рано учење и развој кај деца од 0-6 години, МТСП.

-Обука на воспитувачи за колегијална поддршка-МТСП

- Списание „Просветно дело“;

- Прирачниците за воспитно-образовна работа кои имаат одобрение од МТСП;

- Детски списанија „Росица“ , „ Смешко“ ,,,Месечко “со одобрение од  Министерот на МТСП;

- Присаство на научни предавања, семинари, симпозиуми  организирани од релевантни институции во РСМ и надвор од неа ;

 

10. РАБОТА НА СТРУЧНИ ОРГАНИ

Стручните органи на градинката се тимови кои што ја следат и унапредуваат воспитно- згрижувачката работа во градинката. Перманентното набљудување на напредокот на децата и процесот на работата, планирањето и евалуацијата на сопствената професионална работа ја наметнуваат потребата од постојано стручно усовршување на ниво на установата, но и на ниво на поединци.

Во Градинката дејствуваат следниве стручни органи:

  • Управен одбор;
  • Совет на родители;
  • Стручен совет;
  • Совет на воспитувачи;
  • Совет на негователи.

Стручните органи ќе работат на унапредување на квалитетот на воспитно-образовната работа, ќе ја следат реализацијата на Програмата и реализацијата на планираните цели и задачи, како и други стручни прашања.

Управниот одбор на детска градинка е составен од 7 члена и тоа двајца претставници од основачот, еден претставник од градот Скопје, еден претставник од установата, двајца претставници од родителите на децата  и еден претставник од министерството.

Управниот одбор на јавна детска градинка на своите состаноци редовно ќе предлага и носи одлуки за Годишна програма за работа и  Извештајот за работа на градинката, финансискиот план, годишна сметка, како и ќе разгледува и одлучува и за други работи утврдени со закон и статут.

Советот на родители - Посебен вид на вклучување на родителите во животот и работата на Установата е учество во овој совет, кој го сочинуваат  родители,  по еден претставник од сите објекти на Градинката.

Го следи, разгледува и дава мислење за остварувањето на дејноста на установата;

Работата, бројот на членовите, начинот на избор и организацијата на советот на родители се утврдува со статут.

Стручен совет - како посебен стручен орган во работењето на Градинката  го сочинуваат вработени кои вршат стручна работа и ја остваруваат дејноста во установата: директорот, стручните работници и соработници . Со Стручниот совет раководи Директорот на Градинката.

Совет на воспитувачи - го сочинуваат воспитувачите, стручниот тим и директорот на градинката. Воспитувачите како носители на основната дејност на јавната установа   имаат  мошне  значајна и одговорна улога. Советот на воспитувачи ќе работи врз основа на досегашните искуства,но и со воведување на нова современа практика ,условена од современите текови во предучилишното воспитание и образование, од потребата за перманентно унапредување на квалитетот на воспитно-образовната дејност на Градинката. Целокупната работа на Советот на воспитувачи ќе биде насочена во интерес на децата згрижени во градинката и нивниот развој, од потребата за стручно и професионално усовршување на воспитниот кадар,како и на севкупно унапредување на воспитно-образовната дејност на градинката.

На состаноците Советот на воспитувачи ќе работи според  Годишната програма на Градинката и планираните активности.

Своите задачи советот на воспитувачи ќе ги реализира преку разни форми на дејствување: редовни месечни состаноци, состаноци за потребите на Градинката, дискусии, обуки, истражување, работилници и информирање за резултатите од истото и др.

Совет на негуватели - го сочинуваат негувателите, стручниот тим и директорот на градинката. Советот на неговетелки,своето работење ќе го остварува континуирано преку разни состаноци, средби, дискусии и сл.  Советот на негователки ќе расправа и за прашања од тековното работење на градинката, комуникација со родителите и семејствата ,надминување на појавените проблеми, ќе има можност да дава предлози  заради унапредување на згрижувачката и воспитната дејност , ќе учествува во активностите што ќе се организираат во Градинката и пошироко, на планот на стручното и професионалното усовршување на овој кадар,кој заедно со воспитниот кадар има значајна и одговорна улога во воспитно-образовната дејност на Градинката.

Сите стручни тела на градинката ги координира директорот на Градинката.

             

11. ДРУГИ РАБОТИ  ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НАДЕЈНОСТА

                Материјална политика и финансово одржување

Во периодот 2019/2020 година  материјалната политика и  финансово одржување ќе се спроведува според подготвениот  годишен финансов план за работа.

 Градинката својата дејност ја обавува преку четири жиро сметки

и тоа две стандардни : 7820102001178716 и  782010201190310 , во ЈУДГ на ОЦ „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје782010201178519  и  сметка 782010201160310 .

-Се планира набавка на нова стручна литература, набавка и  опрема на занималните со софистицираните нагледни средства и компјутери .

-Набавка на мебел во занимални

 - Се планира континуирано да се вршат набавки и по потреба други апарати.

-Ќе се настојува да се реконструира објектот „Пинокио“

Сепак, и покрај материјалните побарувања, нашите потреби се  најголеми во поглед на човечките ресурси, со оглед дека и  понатаму ни недостасува кадарот за нормално обавување на дејноста.

Недостаток на  хигиеничарки,магационер,архивар,материјален книговодител, потреба за   професор по физичко воспитување со што би се проширил тимот од стручни соработници кој би допринел во збогатување на квалитетот на работата на Градинката.

Предлози- барања  за идниот период:

1.Физичко лице за обезбедување на два објекти

2.Реконструкција на Објект ,,Пинокио“

3.Проширување на просторен капацитет за прием на деца

                                                        Со почит,

              Директор на ЈУДГ на О.Ц,,Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје

                                          Лидија Поповска

                                                                                                      

 

 

We use cookies to improve our website and your experience when using it. Cookies used for the essential operation of the site have already been set. To find out more about the cookies we use and how to delete them, see our privacy policy.

I accept cookies from this site.
EU Cookie Directive plugin by www.channeldigital.co.uk