" /> Родителско катче

Совети за родители

       Во градинката „ЈУДГ Раде Јовчевски Корчагин“ особено големо внимание се посветува на соработка со родителите во „животот и работата во градинката“. Се негува партнерскиот однос градинка - семејство се остварува квалитена комуникација на релација родител - дете - воспитувач-негувател. Тоа води кон подобро разбирање на секое дете, задоволување на неговите потреби и интересирања. Сето тоа на крајот резултира со среќно и задоволно дете, кое правилно расте и се развива.

 

Водич за родители

1. Адаптација на децата во градинката – флаер за адаптација може да подигнете при упис на детето во градинка

 

roditelsko1   roditelsko2  

 

2. Како да го навикнете двегодишното дете на нокшир – флаер може да подигнете при упис на детето во градинка

 

roditelsko3   roditelsko4  

 

3. Здравствени препораки

4. Обврски на родителот кон градинката

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ДОНЕСЕ ПРВИОТДЕН ВО ГРАДИНКА?

 

  Ранец со резервна облека;

  Патики за во градинка;

  Омилената играчка или предмет на детето, од дома (доколку детето ја има).

 

КАДЕ НАЈНАПРЕД ДА СЕ ОБРАТИТЕ ?

     Кај раководителот или одговорната негователка/мед.сестра на Објектот, тие ќе Ви ги дадат сите потребни информации за престојот на детето во градинката.

roditelsko5

ЈУДГ НА О.Ц „Раде Јовчевски- Корчагин‘‘-Скопје

      

СОРАБОТКА СО ГРАДИНКАТА

         За се што Ве интересира во врска со тоа:

 Како Вашето дете се прилагодува на градинката;

Како и во колкава мера се вклучува во активностите;

На кој начин стекнува нови знаења, умеења и вештини;

Како соработува со другарите;

Како реагира во конфликтни ситуации;

Како се снаоѓа во нова ситуација;

Во кој домен од развојот е најдобар, а каде му е неопходна помош и поттикнување;

За се онаа што се случува во групата, можете да дознаете од воспитувачот во група, преку:

  Разговорот што ќе го направите со воспитувачот-негувателот во групата, при носење и земање на детето во градинка;

  Индивидуален разговор што ќе го закажете со воспитувачот во група по Ваше или негово барање;

  Огласна табла или пано за родители, кое Ве молиме редовно да го консултирате, бидејќи таму ќе најдете многу интересни содржини за актуелните случувања во градинката;

  По пат на телефонска или писмена комуникација со воспитувачот во групата; (Внимавајте! Ако Вие постојано ѕвоните ние неможеме да работиме. Кога ќе се јавите бидете кратки. Ценете го нашето и Вашето време).

  Работилница за родители;

√  Родителски сосотанок

 

ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО КУЌНИОТ РЕД НА ГРАДИНКАТА

   Еден ден во нашата градинка„Корчагин“ поминува вака:

КУЌЕН РЕД НА ГРАДИНКАТА

Целодневен престој

06:00-08:15 - прием на деца и слободни активности

08:15-08:30 - подготовка за појадок и појадок

09:00-10:00 - реализација на денваната тема

10:00 – ужинка-овошје

10:30 – 11:30 - слободни игри и престој на свеж воздух

11:30-12:00 - подготовка за ручек и ручек

12:30-14:30 -пладневен одмор и тивки активности

14:30- 15:00 -ужина

15:00-18:00 - слободни активности, игри

Продолжен престој

12:00 -13:00 -прием на деца и слободни активности

13:00 -14:00 - подготовки за ручеки ручек

14:00 -15:30 - реализација на дневното планирање

15:30 -16:00 - подготовки за ужинка и ужинка

16:00 -18:00 - пладневен одмор

18:00 -18:30 - подготовки за вечера и вечера

18:00 - 22:00 - слободни игри и заминување на децата

ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТАТА НА ГРАДИНКАТА

Во градинката „ЈУДГ на ОЦ Раде Јовчевски Корчагин‘‘ , во која доаѓаВашето дете, децата се распоредени по воспитни групи.

     Со нив работат, стручно оспосбени кадри: негователки и воспитувачи, во постојана корелација со директорот, педагогот, музичкиот педагог, логопед ,дефектолог и други стручни лица по потреба.

 

ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ!

  •    За време на уписот го запознавме Вашето семејство, потребите, навиките и карактеристиките на самото дете.
  •      Подготвивме сигурна и поттикнувачка средина за правилен раст и развој на Вашето дете.
  •    Доколку имате потреба од стручна помош, обраттете се кај воспитувачот или педагогот на градинката.

Обврски на родителот кон градинката

На почетокот на месецот ќе добиете уплатница за изминатиот месец која треба да ја платите најдоцна до 20ти во месецот.

Задолжително при носење на детето во градинката, родителот мора да го најави своето доаѓање на домафон, а потоа и лично да го предате детето на учителката од групата. Исто така важно е да се знае дека детето од градинката го земаат родителите, или друго овластено возрасно лице од родителот, по предходна најава на учителките во групата (денес моето дете ќе го земе баба му!).

Во случај детето да е болно, родителот треба задолжително да ги извести учителките во групата, а по враќањето од боледување, задолжително да донесе медицинска белешка, дека детето е здраво и може да посетува градинка).

Отпишувањето на Вашето дете највете го еден месец однапред (во спротивно сте должни да ја платите уплатницата)

За пријатен престој на детето во градинката ќе обезбедиме:

-          флексибилна организација

-          ведра атмосфера

-          сигурно и потикнувачка средина( за игра, забава, дружење, развој)

-          стручна помош и соработка (директор, педагог, музичар, главна медицинска сестра, врвен воспитно-згрижувачки кадар)

На Стручниот соработник - педагог можете секогаш да му се обратите за помош, за совет, за објаснување на Вашите потешкотии на телефон 02-3215-959.

Сите информации за дополнителните програми кои Вашето дете може да ги следи во градинката ќе ги добиете од учителките во групата, или кај раководителот на објектот.

Сите вработени во детската градинка на Општината Центар Раде Јовчевски Корчагин” се грижиме Вашето дете да биде здраво, сигурно, слободно, самостојно, задоволно, весело, креативно, и СРЕЌНО!  

ЗДРАВСТВЕНИ ПРЕПОРАКИ

Почитувани родители, со цел да го подобриме здравјето на Вашето дете, во нашата градинка,препорачуваме детето да останува дома во следните случаи:

1.Ако детето е болно.

-Ако има температура над 37 степени.

-Невообичаени дамки на кожата, кожен осип.

-Пролив или повраќање.

-Вошливост.

-Отежнато или забрзано дишење.

-Конјуктивитис.

-Воспалено грло или потешкотии при голтање.

-Заразен кожен осип ( варичела, скарлатина).

- Присуство на стафилококна и стрептококна бактерија во нос или грло.

Со вакви симптоми детето не може да биде примено во градинка

-Дете кое прима антибиотска терапија не смее да престојува во градинка

-Негувањето на децата дома кога се болни, е најдобар начин за спречување и ширење на заразните заболувања

-Детето кое ќе покаже одредени знаци на болест и го испратиме дома, Ве молиме да не информирате за неговата здравствена состојба.

- При повторно доаѓање во градинка, задолжително донесете медицинска белешка дека детето е здраво.

2.Лекови во градинката се забранети.

 

 

ПРЕПОРАКИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ

 

МТСП: Едукативни материјали, игри и активности за деца од 3 до 6 години на платформата ЕДУИНО

 

Делот за предучилишно образование на платформата за е-учење ЕДУИНО е во функција. Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ и останатите партнери подготвија национална платформа за е-учење и игра наречена ЕДУИНО.

 

ЕДУИНО е едукативна платформа наменета за сите воспитувачи и родители на која може да се најдат, користат и преземат материјали, игри и активности за деца на возраст од 3 до 6 години. Платформата обезбедува содветни содржини за учење базирано на игра во воспитно - образовните институции детски градинки/центри за ран детски развој како и во домот со родителите за да се осигура квалитетна едукација и забава за најмладите. Оваа платформа нуди видеа со разработени воспитно-образовни содржини за децата на предучилишна возраст од 3-6 години. Видеата се во траење од 15-тина минути и се придружени со презентација и нарација/објаснување од воспитувач.  Досега се поставени над 150 видеа на македонски и албански јазик.

 

Во иднина, сите воспитувачи и родители на оваа платформа ќе може да најдат и преземат материјали, игри и активности подготвени за користење за деца од 3 до 6-годишна возраст.

 

Дигиталната платформа со видео материјали и активности за учење преку игра е достапна на следниот линк: www.eduino.gov.mk

 

 

We use cookies to improve our website and your experience when using it. Cookies used for the essential operation of the site have already been set. To find out more about the cookies we use and how to delete them, see our privacy policy.

I accept cookies from this site.
EU Cookie Directive plugin by www.channeldigital.co.uk