Започнуваме со работа во 06 часот, а завршуваме во 18 часот. Во објектот „Пепелашка“ се работи до 22 часот.
Наутро во градинката ве дочекува пријатна атмосфера, поддржана со внимателно избрана музика, која што се слуша во ходниците.
Потоа следуваат нежни средби на детето со учителката, утринска гимнастика, игри, културно - хигиенски навики и појадок. Започнува реализација на однапред планирани активности, како задоволување на индивидуални интереси, истражувачки проекти, престој во дворот и физички вежби.
Сето тоа се одвива во пријатна атмосфера, со тивко обраќање на возрасните. Со користење на современи техники за релаксација и стекнување на позитивна слика за себе и градење на поголема самодоверба на младите личности.