Услови за упис
Поради големата заинтересираност за престој на децата во градинката ЈУДГ на ОЦ„Раде Јовчевски Корчагин‘‘ , неопходно е навреме да резервирате место за упис на Вашето дете. Сите потреби информации за упис на детето во градинка, можете да ги добиете од главната медицинска сестра и раководителот/на установата, секој работен ден во период од 11 - 12 часот во Објект Пинокио .
Почитувани родители,Како една од превентивните мерки од заштита на здравјето и овозможување безконтактна административна услуга на нашата градинка ЈУДГ на О.Ц. „Раде Јовчевски Корчагин“ - Скопје, воведува нова постапка за електронско поднесување барање за вашето дете :
- Испис на деца кои се запишани во установата
- Издавање потврди и други документи поврзани со престој на децата
Барањето треба да го испрати родител/старател на дете на следната е-маил адреса:
1. Барање за упис
- Превземете го следното барање, целосно пополнето со потребните точни податоци и скенирано испратете го на горенаведениот е-маил.
2. Потребни податоци при поднесување барање за испис
- Податоци за дете:
* Име и презиме
* Објект и воспитна група во која е запишано детето
3. Вид на потврда/за запишано дете (документ)
Откако нашата институција ќе го добие барањето, по проверка на податоците и ќе го контактира барателот телефонски или по електронски пат.
4. Потребни документи доколку сте известени од установата дека е примено детето :
- Барање за упис
- 2 Договори(од установата)
- Потврда од матичниот лекар дека детето е здраво
- Образец пополнет кај матичен педијатар од Досие (Образецот кој се пополнува од досието на детето)
- Вакцинален статус со задолжителни примени вакцини
- Уплатница(од установата)
-Потврда за 2 родители (потврда /вработен издадена од институцијата во која е вработен)
-Самохран родител (потврда /вработен издадена од институцијата во која е вработен)
-Досие на детето испринтано (пополнето на стр.1,2,3,4) во бела папка.
Овразец досие/преземи: