Исхрана

     Исхарната игра важна улога во одржувањето на здравјето на детето и неговиот физички развој. Од тие причини во градинката посветуваме посебновнимание на квалитетната исхрана која ќе ги задоволи барањата, стандардите и нормативите публицирани од Републичкот завод за Унапредување на домаќинството и истите се применуваат во пракса за подготвување на појадок, ручек, ужина и вечера. Се разбира дека во подготовката на обороците значајна е и креатвноста на готвачкиот кадар и умешноста да се состави листа (направи соодветен избор) на јадења во согласност со сезонските понуди на одредени продукти што се актуелни, квалитетни и неопходни за правилен раст и развој на детето.

     Во подготовката на листите за јадење, посебно внимание се посветува на информациите добиени од родителите, при уписот на децата во градинката, за тоа какви се навиките во поглед на исхраната, евентуалните ограничувања во тој поглед од здравствен аспектили од веќе дефиниран вкус и навика кон одредени видови на храна кои се омилени на детето.

     Оваа е еден од најважните сегменти во работата на Градинката бидејќи со формирањето на односот кон храната се формира и односот на личноста на детето кон животот воопшто

ЈУДГ на ОЦ „Раде Јовчевски Корчагин“- Скопје

 

We use cookies to improve our website and your experience when using it. Cookies used for the essential operation of the site have already been set. To find out more about the cookies we use and how to delete them, see our privacy policy.

I accept cookies from this site.
EU Cookie Directive plugin by www.channeldigital.co.uk