Душата на градинката се децата на кои им овозможуваме непречено другарување, комуникација, воспитување на добри социјални и емоционални односи.
Избор на разновидни активности, стекнување, знаења, учења, културни и хигиенски навики, елементарна компјутерска обука, странски јазик, ритмичко - спортски активности и се разбира - креативност.
Основа за работа ни се задолжителни и факултативни програми, реализирани во убаво уреден простор во кој престојуваат децата.
Амбиентот е функционален, рационално искористен, пријатен, безбеден, топол и со високи естетски дострели.