Денес учествувавме на одбележување во детската градинка „13 Ноември“ во Општина Центар, во пресрет на Светскиот ден на здравата храна, се потсетивме како треба здраво да се храниме и што треба да јадеме.
Дечињата од градинката нѐ изненадија со своите кулинарски специјалитети подготвени од здрава храна и ни ги презентираа нивните вештини во подготвување на здрави оброци.Од оштината Центар за сите дечиња, на директорките на трите центарски градинки се доделија пакети со здрава храна, за поздрави навики и посреќно детство.