ЛИЧНА ХИГИЕНА
Во соработка со ЈЗУ Центарот за јавно здравје-Оделение за Социјална медицина(Отсек здравствено воспитување ) во нашата градинка реализиравме низа активности на тема "Лична хигиена"
-Чистотата е половина здравје, затоа е потребна секој човек да внимава на личната хигиена. Под лична хигиена се подразбира чистотата на телото, облеката и местото на живеење. Личната хигиена треба да ја одржуваме поради сочувување на личното здравје, а здрав човек е богат човек.Хигиенските навики се од значење за здравјето, белег се за добро воспитување и задолжителен елемент од секојдневниот живот на човекот. Затоа е важно да бидат создадени додека детето е мало.Потребните хигиенски навики за децата ние во нашата градинка ЈУДГна ОЦ "Раде Јовчевски Корчагин" ги преминуваме преку низа активности заедно со воспитниот тим децата да се запознаат со значението на личната хигиена.
1.Првата и задолжителна лекција што детето треба да научи, е да ги мие рацете пред јадење, по играње, после допир со милениче и одење во тоалет. Оваа навика е од особено значење, бидејќи го спречува ширењето на бактерии.
Музичка активност :
2.Втората задача е да се научи да си ги мие забите. Кон млечните заби треба да се пристапи со поголемо внимание, постојаната грижа за забите е за да бидат здрави и без кариес.
3.Третото правило е бањајте го детето се додека не пројавува некаква форма на независност, потоа оставете го сами. Првично влегувајте во бањата со него, за да ги контролирате нештата, и постепено оставете ја задачата целосно на него.Други задолжителни хигиенски навики со кои децата треба да се здобијат е да не ги гризат ноктите, да ја чешлаат косата....
-Два главни принципи со кои го учите вашето дете е да зборувате и да се забавувате. Разговарајте и давајте одговор на сите прашања, користете помошни материјали (игра,сложувалка,куклена претстава,песнички,дидактички фотографии,кретивни изработки-бактерии) за да го научите за личната хигиена.
-Не заборавајте, децата се огледало на родителите, одржувајте ја вашата лична хигиена и бидете пример за хигиената на вашите деца.Хигиената е многу повеќе од тоа да се биде само чист. Ја дефинираат многу постапки кои им помагаат на луѓето да бидат и да останат здрави. Примената на добрите хигиенски навики е корисна од две причини.Прво, им помага во отстранување на можноста да се добие заболување и истото да се шири, и второ, им помага на луѓето да се чувствуваат добро самите себе си и сопственото тело.
Добрата хигиена е најважна за секоја возраст и за секого.