Под покровителство на УНЕСКО, 23 април е назначен за Светски ден на книгата, за првпат прославен во 1995 година.Датумот има цел да ги промовира книгите, да ги поттикне издавачите и да укаже на заштитата на авторското право.Светскиот ден на книгата има задача да ги охрабри младите да го пронајдат задоволството во читањето книги.
Читањето на детето уште од најрана возраст е многу вашно за неговиот развој, идниот школски па и деловен успех. Истражувањата покажуваат дека не децата на кои им се читало уште од најрана возраст, се развиваат побрзо, покажуваат поголем интерес за животната средина, подобро комуницираат, брзо учат и тоа е директно поврзано со нивните успеси во иднина. Исто така, истражувањата покажуваат дека ненадокнадно е она што не е стимулирано во раното детство. Додека слушаат што читате, децата го чувствуваат јазикот на сосема поинаков начин. Дури и многу мало дете ужива додека му се чита, посебно ако го менувате гласот, имитирајќи различни јунаци од приказните. Има многу придобивки од читањето книги.
Читањето го подобрува менталното, емоционалното и физичкото здравје на децата.
Во нашата градинка го одбележаваме "Светскиот ден на книгата" со низа активности ........Наши вредни другарчиња