Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.
-Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.
Во светот денеска се одбележува Денот на планетата Земја - 22 aприл. По повод Денот на планетата Земја ОН со низа манифестација ќе се обидат да мобилизираат милиони луѓе да создадат одржлива, здрава природна средина со озеленување на градовите ширум светот.Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.
Воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме и земјата од која расте нашата храна е дел од деликатниот глобален еко систем кој се повеќе е под притисок на човечките активности. Од уништување на тропските шуми до намалување на рибите во океаните, од недостиг на вода за пиење до забрзаното намалување на растителниот и животинскиот свет, како и загадувањето на воздухот и морињата - се е тоа дело на човечките раце, вели генералниот секретар Бан Ки-Мун по повод Денот на планетата Земја.
Според него мора да се стави крај на брзото трошење на ресурсите на нашата планета и поради тоа е неопходно луѓето да го сменат однесувањето.
-Во таа чест преку низа активности нашите вредни другарчиња го одбележаа "Денот на планетата Земја" за подобро утре за сите нас♥ ..........
Линк од видео од нашата градинка и нашите вредни другарчиња :