-Зимските денови искористете ги заедно со семејството да поминете пријатни моменти на планина или во играње на снег во вашиот двор или околина . Придобивките ќе бидат повеќекратни – вашето дете ќе дише чист воздух, убаво ќе си игра и ќе биде весело ќе ја развие моториката.
Денес зимата главно се поврзува со скијање и лизгање, како никој веќе да не се сеќава на санкањето, борбите со снежни топки, правењето снешко, сликањето во снегот,мешање на бои …Децата се многу убави што ги прават снежните луѓе од влажниот снег, фигурини животни, па дури и тврдини. Помогнете им на децата да ги направат своите креации користење на импровизирани материјали (конуси, гранчиња, камења,морков,), непотребни предмети за облека, градинарски алати. Не мора да правите скулптури на земја можете и снегот да го искористите во својот дом градење на снежен град,боење на снегот...
Зимската забава ја сакаат не само децата, туку и возрасните. Не пропуштајте да се забавувате на отворено со вашето дете И да фати среќни моменти, не заборавајте да земете земете камера или видео камера со вас.♥
Ние го искористивме снегот за разновидни активности(правевме снешко,го боевме снегот ,правевме снежен град ) и уживаме во зимската бајка во нашата градинка ЈУДГ на ОЦ "Раде Јовчевски Корчагин "во сите 3 Oбјекти (Пинокио,Пепелашка и Палешка) заедно со нашите другарчиња ....♥