" /> Посета и донација на Универзитетската клиника за детски болести(Одделението за онкологија)

ПОСЕТА НА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ
????Врз основа на истражувањата од страна на Светската здравствена организација, секоја минута умираат 17 луѓе заболени од рак во светски рамки, а се предвидува бројката на смртност да достигне дури до 16 милиони до 2040 година.
????Бројките се алармантни и загрижувачки, а процентот на деца кои боледуваат од малигни заболувања, за жал се зголемува и во Северна Македонија.
????Токму поради тоа, одбележувањето на овие денови треба да биде потсетување и одговорност за секој од нас, да пратиме силна порака за подигнување на јавната свест за лицата кои живеат со малигни заболувања, како и нивно рано дијагностирање и превенција.
????По повод одбележување на Меѓународниот ден на децата болни од рак - 15 февруари, денеска со моите колеги директорките на општинските градинки во Центар и Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ го посетивме Одделението за онкологија на Универзитетската клиника за детски болести. За сите дечиња кои се лекуваат на овој оддел, обезбедивме едукативни игри, книги, играчки, корпи со овошје, како и многу други дидактички материјали.
????Оваа донација е наша поддршка за сите дечиња кои водат битка со ракот и леукемијата и искрено се надеваме дека ќе успееме да им го олесниме и исполниме нивното секојдневие, како и на нивните семејства.

 

149243048 1375650159446681 7117875261675307869 n

149291502 1375650169446680 2126435748741988453 n

149705880 1375650106113353 4092255255035962564 n

 

We use cookies to improve our website and your experience when using it. Cookies used for the essential operation of the site have already been set. To find out more about the cookies we use and how to delete them, see our privacy policy.

I accept cookies from this site.
EU Cookie Directive plugin by www.channeldigital.co.uk