" /> Градинка Корчагин

КАКО БАКТЕРИИТЕ БЕГААТ ОД САПУН?

сапун

Детето е способно да истражува и открива нови работи. Го поттикнувам истражувачкиот дух за откривање на важноста од правилната употреба на сапунот за заштита од бактерии и нашето здравје.

 

„Што се тоа бактерии?“ - прашува куклата Ана; „Бактериите може и да бегаат.“ - додава Ана.
Дали вие деца знаете што се тоа бактерии? Како бактерии може да бегаат? Каде ги има бактериите? ...

Погледнете што ни донесе куклата Ана и ќе видиме како тие бактерии може да бегаат. Во еден сад ставаме вода со сапун. Во друг сад со вода ставаме бибер, а тој ни ги претставува бактериите, потоа чепкалка за уво ја натопуваме во вода со сапун и ја ставаме во водата со бибер (бактерии). Бактериите се разбегуваат по крајот на садот и ги нема во местото каде што е сапунот.

Воспитувач:
Јелена Вангелова

                                                                                                                                                                                                                                             

24.03.2020 

ЧУВАЈ ЈА ПРИРОДАТА

Детето се оспособува за координирано движење на телото според тактот на музиката.                   природа                                     

Разговараме за потребата од грижа и љубов кон природата и истата како да ја чуваме.

Природата е….(искази од деца)

Продолжуваме со пеење и танцување на песната „Чувај ја природата“.

 

Воспитувач:
Кристина Лабудовиќ

25.03.2020

ПРОЛЕТНИ ЦВЕЌИЊА

cvekje1

Детето се поттикнува кон естетско доживување на опкружувањето.                                                                                               
Разговараме за пролетни цвеќиња, разгледуваме фотографии од букети со цвеќе, ги именуваме цветовите.
Зошто се нарекуваат пролетни цвеќиња?

Може да сликате пролетни цвеќиња (лале, зумбул и други) со темперна боја, моделирање со пластелин, цртање цветови со фломастер и дрвени бои.

Воспитувач:
Славица Ристеска                    

26.03.2020 

ПЧЕЛИТЕ ВО ГРАДИНА

   

pcela

Детето покажува напредок во правилен говор и го збогатува речникот со нови зборови.
Разговараме за дрвјата во пролет, боите и убавините на пролетта, мирисот на цветовите на дрвјата, мирисот на цвеќињата и како мирисот ги привлекува пчелите.

Изработуваме пчели:

Дајте им на децата празен лист, темперни бои, самолеплива хартија, ножички, итн.

Воспитувач:
Маја Цоканова

27.03.2020

 БРОЈОТ ЕДЕН

number 1

  

Поттикнување на децата на размислување и логика.
Децата учат најдобро преку игра, користејќи ги поимите кои претходно ги усвоиле, ги мотивираме да организираат разновидни игри и сликички во нивниот дом.
Формираат множества со еден елемент и се запознаваат со бројот 1.

 

Потоа може да моделираат број 1, да сечат колаж хартија по контура, пишување со креда, итн.

Воспитувач:
Анета Димковска 

                                                        

30.03.2020

  

КАКО СЕ ЧУВСТВУВАМ?

  

Активностите коишто ги правите секојдневно со вашите деца и игрите го подобруваат менталниот склоп на личноста на детето и влијаат врз развојот на сите негови способности.

Со цел да видите како се чувствуваат вашите деца во овие денови, направете календар на кој ќе ги бележите нивните емоции секојдневно.

Именувајте ги и бележете ги емоциите на вашите деца (радост, тага, лутина, страв) со помош на стикери или смајли ликови.

Бележењето правете го пред крајот на денот и разговарајте со детето зошто се чувствува така.

Постапката може да трае и подолго, следете ги промените и разговарајте.

                  happy                sad.png               fear.png          angry.png

                                            Воспитувач:

Славица Цикарска

  

31.03.2020

ПРЕПОЗНАЈ ГО ЗВУКОТ

Игра која влијае врз развојот на говорот, мислење, помнење и концентрација.

На детето му пуштате различни звуци од животни, предмети или звуци од природата без да ги гледа. Детето погодува за кој звук станува збор и го опишува.

Заедно имитирајте звуци.

Менувајте го интензитетот на звукот од најтивко до најгласно.

Следете и играјте додека трае интересот на детето.

       

             Музички педагог:

Борислав Јоргушески

 

01.04.2020

 АПРИЛИЈАДА

Детето може да ги препознае и да ги контролира своите чувства и може да се движи координирано со цел.
Да се поддржува детето на свој начин да придонесува за радосен и интересен живот во групата.
mask22.pngmask1.png

Активноста ја започнуваме најнапред со цртање на маска и изработка на маска по желба на децата.
Маската ќе ја обоиме со фломастери и декорација по желба на децата.
Потоа, ја слушаме песната „Априлијада“ (Поточиња, 2006), играме и пееме.

                                           

Воспитувач:
Андријана Арсова

02.04.2020

ПОЧВА

                  

Детето стекнува информации за средината преку набљудување и манипулација.   

Разговараме што е почва, набљудуваме почва, ја допираме, за да ја почувствуваме почвата.


Во саксија ставаме почва, потоа неколку зрна пченица и ја полеваме со вода. Разговараме за услови, каде може да се постави садот со засадена пченица за да може да никне.

* Потребна е светлина.

landscape.png

  Воспитувач:
  Анита Николиќ   

03.04.2020

ИГРИ СО СЕМЕЈСТВОТО

 

Играта е една од најубавите работи во детството.

Децата често и сами си смислуваат игри, но убаво е кога се вклучени родителите и целото семејство се забавува.

1. „Колку предмети има?“

Натпреварувачките игри се одличен начин децата да се забавуваат.


На послужавник ставете 10 мали предмети и покријте ги со крпа.

Откријте ги и дадете му на детето време до 10 секунди да ги проучи, да ги разгледа. Потоа, нека каже какви предмети има.
Победник е оној кој ќе наброи најмногу предмети од послужавникот.
Играта трае додека детето има интерес.

2. „Измислуваме приказна“

Игра совршена за развивање фантазија.


На детето му се кажуваат логички неповрзани зборови. Пример: месечина, чај, автомобил, бран, снег, итн.
Изненадување од детска фантазија!

3. „Меморија“

Игра за деца од 5 години.

*Развива внимание и размислување кај детето и служи за добра забава.

  Земете 10 играчки, нека детето се обиде да ги запамети, а потоа ги затвора очите.

  Поместување на играчките на места и детето ќе ги стави во оригинален ред.

Детето ги затвора очите, отстранувате играчка. Детето одредува која играчка недостасува.

 

Воспитувач:

Маја Цоканова

06.04.2020

ЗЕЛЕНЧУКОВА ГРАДИНА

Детето утврдува и проширува знаења за зеленчукови плодови.

Разговараме, набљудуваме и опишуваме зеленчукови плодови, зошто е здраво да се конзумира зеленчук и како правилно го подготвуваме.

Заедно подготвуваме зеленчукова салата.

Може да моделирате зеленчук со пластелин, да цртате зеленлукови плодови, да бојат по контури.

Воспитувач:
Валентина Гавриловска
                                 

vegetables.png

07.04.2020 

ВИНОЖИТО ЗА МОЕТО ДРУГАРЧЕ

Детето развива социјални вештини во интеракција со други деца.

Јакнење на другарство во група и позитивни емоции.

Разговор за виножито и неговите бои.

Секое дете има задача да наслика виножито и истото да му го подари на своето другарче.

Rainbow.png

Воспитувач:
Јелена Вангелова

08.04.2020

Е - Занимална: 3 до 4 години - Наука - Запознавање и разбирање на околината - „Петте сетила“

Воспитувач:
Роса Цветановска

09.04.2020

Е - Занимална: 4 до 6 години - Весела Математика - Бројот 3, Златка и трите мечиња

Воспитувач:
Славица Ристеска

10.04.2020

Е - Занимална: 3 до 4 години - Наука - Запознавање и разбирање на околината - „Секој има право да се храни здраво“

Воспитувач:
Роса Цветановска

We use cookies to improve our website and your experience when using it. Cookies used for the essential operation of the site have already been set. To find out more about the cookies we use and how to delete them, see our privacy policy.

I accept cookies from this site.
EU Cookie Directive plugin by www.channeldigital.co.uk