Во градинката „Корчагин‘‘ , во која доаѓа Вашето дете, децата се распоредени по воспитни групи.
Со нив работат, стручно оспосбени кадри: негователки и воспитувачи, во постојана корелација со директорот, педагогот, музичкиот педагог, логопед и други стручни лица по потреба.
Важно! Важно! Важно!
Бидете секогаш позитивни и насмеани!
Вашиот позитивен став спрема градинката, позитивните емоции, довербата кон воспитниот тим во групата,претставуваат модел на однесувања и чувства кои децата ќе ги пренесат во градинката.