Светскиот ден на миење раце е ден за промоција за миење на раце со сапун како лесен, ефикасен и достапен начин за спречување на болести и спасување животи.
Од 2008 година па наваму, е широко прифатен и одбележуван ширум светот од влади, училишта, меѓународни институции, граѓански организации, невладини организации, приватни компании, поединци и многу повеќе.
На пример, УНИЦЕФ, се труди да создаде; Иако бара малку средства – сапун и мала количина вода – придобивките се значајни.
Ефективно е миењето на раце со сапун!
Кога миењето раце со сапун се практикува редовно и во клучни времиња, како највпечатливи примери би ги издвоиле после употреба на тоалет или пред контакт со храна, може драматично да го намали ризикот од дијареа и пневмонија кои може да предизвикат сериозни здравствени компликации и смрт. Инвестициите во промоција на миење раце се многу економични и можат да ги зголемат здравствените придобивки од други интервенции – од пристап до чиста вода и санитарна инфраструктура до промоција на исхраната.
Грижете се за вашето здравје !
Наши вредни другарчиња од Објектот "Палешка" го одбележаа денот со разновидни активности :
Воспитувач :Софче Мојсиевска
Воспитувач: Маја Младеновска