-Во еколошкиот календар 22 септември е запишан како СВЕТСКИ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ. Автомобилите се најголемите загадувачи на воздухот. Тие испуштаат чад што е многу штетен за здравјето на луѓето и за целата природа. За да се заштити околината од штетните издувни гасови што ги испуштаат автомобилите, како и големата бучава што ја создаваат, сите треба да го избегнуваат превозот со нив.Дечињата од другите возрасни групи од Објект "Пинокио" и оваа година ќе го одбележат "Светскиот ден без автомобили "со пригодни спортско-рекреативни активности и разновидни ликовни изработки.
Стандарди:Детето е свесно за своето тело во однос на постоење други подвижни и неподвижни објекти.Детето осознава за човекот како живо и општествено суштество.
Цел:Да се потикне да комбинира секвенции на неколку моторички движења на организирани начини.Да се потикнува процесот на осознавање на одредени основни фактори и услови за опстојување и развој на ѓивиот свет.
Наши вредни другарчиња:
Воспитувач: Елена Тодоровска