Стандарди:Детето презема активности поврзани со личната нега и хигиена.-Детето може да развие социјални вештини во интеракција со други деца.
Цел:Да се поттикне да ги препознава штетните и опасни навики по здравјето ..-Да ги запознава и прифаќа елементарните морални норми со кои се регулира односот кон себе и другите (толерантност,соработливост,упорност, самостојност, умереност,вистинољубивост,мирољубивост) како и поттиикнување на одбивноста кон се она што е спротивно на овие особини.
Тек на активноста:Денешната активност ќе започенеме со читање на сликовницата ,,Лекарката Маја,, и разговор со децата зошто посетуваме лекар ,што прави лекарот .Ќе истражуваме за што служат инструментите кои ги користат лекарите на пример стетоскопот.Со помош на пластични капачиња и сламки децата ќе прават стетоскоп.
Материјали и средстава за реализација :пластични капачиња,сламки ,лепак
Воспитувач:Марија .Н.Димиќ