Стандарди: Детето може да научи нови работи и да стекне нови искуства;Детето може да ја одржува рамнотежата на телото;
Цели: Да се поттикнува да поставува прашања за она што не го знае;Да се оспособува да ја одржуа рамнотежата на телото;
Да се запознае со спортот уметничко лизгање;
Тек на активноста: Обезбедете слики или искористете ги приложените слики и набљудувајте ги. Поттикнете го детето да ги опишува сликите, како се облечени лизгачите, што имаат на нозете, на што се движат. Понудете му на детето да проследи снимка од уметничко лизгање на You Tube. Проследете го видеото, а во исто време и коментирајте го. Објаснете му на детето дека подготовката на лизгачите содржи и вежби во сала и танцови вежби. На крајот понудете му на детето да ги обои приложените боенки.
Материјали и средства за реализација: Компјутер, слики, боенки, дрвени или друг вид на боици.
Воспитувач Валентина Гавриловска