Стандарди: Детето може да зборува и комуницира;Детето може да ги препознае и соодветно да ги изразува своите емоции;
Цели: Да се поттикнува да развива способност за започнување дискусија и поставување прашања;Да се поттикнуваат и развиваат психички процеси;
Да се развива чувство на емпатија;
Тек на активноста: Активноста започнете ја со краток разговор за настинките. Од што се разболуваме, зошто се разболуваме и најважно од се како се чувствуваме кога сме настинати и болни. Поттикнете го детето да се искажува со цели реченици. Во продолжение прочитајте ја стихотворбата неколку пати, објаснете ја содржината, а потоа преминете на меморирање на истата. Откако ќе ја научи стихотворбата може заедно да ја рецитирате. Во продолжение детето може да ја игра играта „ болното кукле“.
Материјалии средства за реализација : Детска поезија, разни играчки, кукли, докторски сет и др.
Прилог бр.1
Настинка
Настинав, кашлам, грлото ме боли
Очите ми солзат, челото ми гори
Дај ми мамо топло чајче, јас да си пијам
И во креветче меко, јас да си спијам.
Воспитувач: Валентина Гавриловска