Стандарди:Детето демонстрира интерес за учество во разни форми на визуелна креативност.-Детето може да развие социјални вештини во интеракција со други деца.
Цел:Да се поттикнува самостојноста во користење на различен ликовен и останат неликовен материјал.-Да ги запознава и прифаќа елементарните морални норми со кои се регулира односот кон себе и другите (толерантност,соработливост,упорност, самостојност, умереност,вистинољубивост,мирољубивост) како и поттиикнување на одбивноста кон се она што е спротивно на овие особини.
Тек на активноста:Денешната активноста ќе ја реализираме на тема Пингвин.Поттикнувајќи ги децата да размислат дали пингвинот спаѓа во групата на животни или на птици ,каде живее ,како изгледа итн. и според дадениот опис на децата ќе им се понуди ликовен материјал од кој треба да изработат пингвин. Пријатна работа.
Материјали и средстава за реализација :Ножици,лепак,колаж и хартија во боја.
Наши вредни другарчиња:
Воспитувач:Марија .Н.Димиќ