Стандарди:Детето стекнува информации за средината преку набљудување и манипулација-Детето може да развие социјални вештини во интеракција со други деца.
Цел:Да се поттикнуваат способности за препознавање на одредени природни појави; (сонце, дожд, снег, ветер).-Да ги запознава и прифаќа елементарните морални норми со кои се регулира односот кон себе и другите (толерантност,соработливост,упорност, самостојност, умереност,вистинољубивост,мирољубивост) како и поттиикнување на одбивноста кон се она што е спротивно на овие особини.
Тек на активноста:Времето е вистинско чудо. Може да биде сончево ,дождливо магично со снег.Времето не прави среќни ,тажни,лути....Другарчиња погледнете надвор какво е времето денес? Ајде малку да играме.Земете бели и сини балони (белите се снег а сините дожд).Децата нека застанат во круг,а едно дете нека застане во средина .На знак ,,Дождлив облак,дождлив облак ,еден,два ,три,заврни сега ти,, треба децата со сините балони да ги пуштат врз детето кое стои во средина . На знак ,,Паѓа снег,паѓа снег,, децата со бели балони треба да ги пуштат врз детето кое стои во средина.Децата се менуваат наизменично.Пријатна игра.
Материјали и средстава за реализација :бели и сини балони
Воспитувач: Марија Накова Димиќ