Стандард:Детето може да препознае пишани симболи и букви.
Цел:Да се развиваат способности за објаснување на дадена слика со користење на 3-4 збора.
Тек на активноста:Поттикнете го вашето дете заедно со вас да го „читате“текстот за Снегулките,во кој освен зборови има вметнато илустрации кое што треба да ги погоди.Потоа преку прашања охрабрете го да ја прераскаже,а на крај заедно можете да нацртате (насликате)снегулки од различен ликовен материјал.
Материјали и средства за реализација:детско списание „Росица“ бр.5/2021,листови бела хартија,фломастери,водени или креон бои(воштани).
Воспитувач:Кристина Лабудовиќ