Стандарди :Детето демонстрира способност да истражува и да открива нови работи.Детето може да развие социјални вештини во интеракција со други деца.
Цел:Да се поттикнуваат и да се развиваат мисловните процеси (заклучување, помнење, логичко поврзување, креативност, итн.) Да се поттикнува почитување и споделување
во игра со други деца;
Тек на активноста:Играта ,,Тетрис,,потекнува уште кога вашите родители беа деца . Играта е многу интересна и пред многу години се играше на уред сличен на калкулатор.Но вие можете да ја направите уште поинтересна.Искористете ги таблите од јајца ,една табла нека биде како подлога ,а една табла исечете ја на нееднакви делови и секој дел обојте го во различна боја.На детето ќе му понудите една картичка а тоа според неа треба да ги нареди деловите од таблата според соодветната слика .Играта се игра додека детето има интерес.Пријатна работа.
Материјали и средстава за реализација :табла од јајца,темперни бои,фломастери.
Воспитувач:Марија.Н.Димиќ