" /> Бадникарско лепче 05.01.2021

Стандарди:Детето може да научи нови работи и да стекне искуство,Детето може да воспостава контрола на движење на дланките и прстите.

Цел:Да се развива вештина на дланките и прстите за користење на конкретна цел.

Тек на активноста:Денешната активност ќе ја посветиме на изработка на Бадникарско лепче со паричка .Направето го вие заедно со вашите најмили во прилог ќе ви оставиме рецепт за бадникарско лепче и песни коледарскаи кои ќе можете да ги слушате во текот на изработката уживајте ......

Божиќни песни Во чест на Христијанскиот празник 

 

Материјали и средства за реализација:Тавче,рецепт за тесто/Квасецот растворете го во малку млака вода и додадете по една лажичка шеќер и брашно па оставете го да стаса.

Во длабок сад ставете го брашното, додадете шеќер и сол, ставете го и маслото па додадете го стасаниот квасец. Постепено додавајќи од водата замесете меко тесто кое нема да се лепи за рацете. Оставете да стаса околу 45 мин. Потоа премесете го и повторно оставете да стаса.
Откако по вторпат ќе стаса, премесете го и поделете го на 4 топчиња од кои 3 поголеми и едно топче помало. Земете едно поголемо топче и расукајте го во округла кора со пречник од 24см. Ставете го на хартија за печење и во средината премачкајте го со малку маслиново масло. Од другото поголемо топче расукајте исто таква кора и исечете ја на 12 триаголници кои ќе ги наредите врз првата кора. Краевите од триаголниците премачкајте ги со маслиново масло. Истото направете го и со третото поголемо топче. Четвртото мало топче служи за во средина од лепчето и во него се става паричката.
Земете го врвот од еден триаголник и повлечете го десно нанадвор кон вас. Триаголникот под него извлечете го налево нанадвор. И така со сите триаголници. Во средина ставете го малото топче, па заедно со хартијата ставете во округло тавче со пречник од 24см. Покријте со крпа и оставете да стаса. Премачкајте со маслиново масло и ставете да се пече 30-40 мин. на 200° во претходно загреана рерна. По желба украсете одозгора со фигури од тесто.

Наши вредни другарчиња:

lepce so paricka 1lepce so paricka 2

lepce so paricka 3 lepce so paricka 4 

lepce so paricka 5 lepce so paricka 6 lepce so paricka 7lepce so paricka 8

Воспитувач :Даниела Трајковска и Милка М.Јовановска

We use cookies to improve our website and your experience when using it. Cookies used for the essential operation of the site have already been set. To find out more about the cookies we use and how to delete them, see our privacy policy.

I accept cookies from this site.
EU Cookie Directive plugin by www.channeldigital.co.uk