Стандарди: Детето може да научи нови работи и да стекне нови искуства .Детето демонстрира интерес за учество во разни форми на визуелна креативност .
Цели : Да се развива потребата од поставување прашања со цел да се добие одговор за нештата кои не се јасни.
Да се развива способноста за истражување и откривање на различни ликовни материјали , техники и нивни комбинации.
Тек на активноста :ќе ја започнеме со мал експеримент ,,Како ги валкаме коцките ‘’, ке ги обоиме дланките со креда и пред децата ќе ставиме неколку коцки и ќе им дадеме задача да направат нешто , откога ќе завршат ќе водиме разговор за тоа дали приметуваат дек на коцките оставиле дел од кредата , ќе им објасниме дека така се валкаат коцките и дека тоа на нив може да бидат бактерии со цел да разберат зашто редовно треба да ги миеме рацете. Потоа ќе им го поделиме материјалот и ќе започнеме со манипулативната игра , поттикнувајќи ги на креативност и истрајност во работата. Активноста ќе ја завршиме со пеење на песната ,,Тажната чешма’’.
Воспитувач :Милка М.Јовановска