Наслов на активноста: Игра на имитирање.
Цел: Детето покажува интерес за различни звуци, гласови.
Потребен материјал за реализација: Гумени играчки (животни), звучна сликовница со домашни животни.
Тек на активноста: Ќе му дадеме на детето гумени играчки (животни) или звучна сликовница на кои со притискање ќе ги испуштаат звуците од домашните животни, како на пример (кравата му-му,кучето ав-ав, мачето мјау-мјау) се со цел да ги имитира истите.
Наслов на активноста:Која е иста сликичка.
Цел: Детето покажува интерес да истражува и открива.
Потребен материјали: Сликички од познати предмети.
Тек на активноста: Оваа игра се организира со слики од познати предмети. Секое дете извлекува по една сликичка. На крај сликичките се помешуваат и се бара соодветната слика што детето ја избрало предходно.
Наслов на активноста: Сликовница со зеленчук.
Цел: Детето е способно да истражува и открива нови работи.
Потребен материјал: Сликовница (зеленчук).
Тек на активноста: Ќе земете сликовница со зеленчук и исто време ќе му ги покажете сликите од зеленчукот.Објаснете му за здрава храна и дека треба многу да се јаде зеленчук свеж.
Наслов на активноста: Боење со прсти.
Цел: Детето може да ја користи својата креативност во секојдневните активности.
Потребен материјал:Темперни бои и подлога за цртање.
Тек на активноста: На подот ставете подлога за цртање каде што пред дететонќе ставите темперни бои и заедно со неговите прстиња ќе боите на подлогата правејќи разни фигури.
Наслов на активноста:Одење по скали со наша помош.
Цел: Детето може да одржува рамнотежа на телото.
Тек на активноста: Со ваша помош детето да се искачува и симнува по скали.Охрабрете го вашето дете дека може само.
Негувател :Јасмина Петровска
Негувател :Снежана Шикалоска