Стандарди: Детето покажува интерес кон печатени материјали;
Цели: Да се поттикнува и развива навика и потреба за користење разни списанија, сликовници и др. печатен материјал;
Тек на активноста: Активноста започнете ја со краток разговор за шумските животни, а потоа прочитајте ја приказната или погледнете ја на видеото. Потоа побарајте од детето да ја прераскаже приказната по слики. Во продолжение може да се обиде да нацрта желка или зајак, или да го нацрта она што најмногу му оставило впечаток од приказната.
Линк од приказната:
Материјали и средства за реализација: Сликовница, видео приказна, разни играчки, лист, фломастери.
Наши вредни другарчиња:
Воспитувач:Валентина Гаврлиловска