Стандарди: Детето го развива поимот за себе
Цел: Да се поттикнува во создавање и усвојување на позитивна и реална слика за себе
Тек на активноста: Денес на детето можете да му зададете задача да го доцртува својот лик во зависност од неговите емоции. Најнапред земете една поголема фотографија од детето, потоа земете бел лист и преклопете ја едната половина од фотографијата. Задачата на детето да биде да може да ја преслика другата половина, или да ја доцрта. При цртањето на детето можете да му дадете идеја, да се доцрта како плаче, како се смее, како се лути и така натаму, така што детето ќе има слика за себе како ќе изгледа во различни емоционални ситуации.
Материјали и средства за реализација: фотографија, лист хартија, боички
Воспитувач: Даниела Трајковска