Стандард:Детето се гордее со своите постигнувања и верува во своите способности
Цел:Да се потикнува да искажува радост и задоволство од успешно завршената работа
-да се развива способноста за искористување на играта и игровните активности во функција на учење и откривањето
Тек на активноста:Низ разговор со помош на слики го потсетуваме детето за најзастапениот спорт во светот-фудбалот. Потоа детето треба да направи макета од фудбалски терен. Поттикнете ја самостојноста кај детето, оставете го да работи само и помогнете само ако тоа ви побара помош. Кога ќе ја завршите макетата играта може да започне. Правилата на игра одредете ги заедно со детето.
Потребни средства и материјали: картонска кутија, хартија во боја, ножички, лепак, фломастери, топче од туткана хартија или пинг-пинг топче, цевки, штипки, стапчиња.
Воспитувач :Анета Димковска