Стандарди :Детето може да ги користи своите сетила (вид слух допир мирис вкус)за регулирање на движењето
Цел: Да се збогатуваат сетилните искуства преку допирање на различни материјали
Тек на активноста: Исечете тркалезни дупки од двете страни на картонската кутија, доволно широки за детето да може да ги протне рацете низ нив Обидете се да соберете колку што е можно повеќе различни предмети, како маица, хартиена чинија, клуч, сунѓер, банана и др. Додека детето миже, ставете ги предметите во кутијата. Без да гледа во кутијата, детето ги става двете раце низ дупките, ги допира предметите и се обидува да открие што е предметот.
Материјали и средства за реализација :Картонска кутија ножички разни предмети
Воспитувач :Маја Цоканова