Активност 1
Тема на активност :Фатија облеката со истата боја како што е штипката.
Домен:Пристап кон учење.
Стандард:Детето може да воспостави контрола на движењата на дланките и прстите.
Цели :Да се развива вештината за движењата на прстите и дланките.
Потребни материјали:ножици,хартија или материјал и штипки.
Тек на активноста:Заедно со вашите дечиња,нацртајте делови од облека во разни бои,исечете ги и нека детеето одбери штипки соодветни на бојата на облеката. Поставете ги сите делови од облеката на маса.Детето избира блуза,панталони и ја пронаоѓа соодветната штипка. Нека се обидува само да ја отвори штипката и да ја фати за облеката,за да ја развива истовремено мускулатурата на раката.Играта завршува кога сите делови од облеката се споени со соодветна штипка.
Активност 2
Домен: Когнитивен развој и стекнување на општи знаења.
Стандард :Детето демонстрира интерес за учество во разни форми на визуелна креативност.
Цели :Да се поттикне интересот кон истражување на различни материјали,текстури и облици,
Потребен материјал :2 чаши пченкарен скроб ,2 чаши кафеав шеќер, 10 лажици бебешко масло.
Тек на активноста:заедно измешајте ги состојките .Откако добро ќе го измешаат и почне да се рони,песокот е спремен за игра.Готовиот песок истурете го во поширок плех или некаква површина која ќе е погодна за оваа активност.може да изработува што сака по негова желба.После играта песокот мозе да се сочува во некоја најлонска ќеса и пластична кутија за да се користи повторно кога ќе посакаат децата да играат.
Активност 3
Наслов на тема: Имитирање на движењето на животните и птиците.
Домен :Здравје и моторички развој.
Стандард :Детето може да ги контролира движењата на телото.
Цели: да се усовршат основните природни движења трчање, скокање, провлекување.
Тек на активноста:Оваа активност може да се изведе надвор (во двор) и во домашни услови.По вежбите за загревање,преложете му на вашето дете да проба да ги имитира движењата на животните и птиците.Ви предлагам неколку фотографии за да ви послужат како пример за имитирање на движењата на животните.
Активност 4
Наслов на активноста: Криенка
Домен :Социо-емоционален развој
Стандард :Детето може да развие социјални вежтини во интеракција со други деца.
Цели: Да се потикнува развивање способност за разбирање на правилата на однесување во игрите.
Тек на активноста:Денешната игра Криенка е традиционална игра од нашето детство која се пренесува од генерација на генерација.Играта ја играат повеќе деца и се одредува простор каде што можат да се сокријат. Со бројалка се одредува детето што ќе мижи. Детето мижи и брои до десет детето почнува да ги бара скриените деца.Кое дете прво ќе го види го ,,поплукува,, на местото каде што мижело и тоа дете излегува од игра. Играта продолжува се додека не се најдат сите деца.Последното дете е победник додека детето кое што е прво видено останува да мижи и да ги бара скриените деца.
Негувател :Славица Спасовска