Стандард:Детето може да научи нови работи и да стекне нови искуства.Детето може да слуша и разбира говорен јазик.
Цели:Да се поттикнува развивањае свесност за сопствените начини и пристапи во откривањето нови сознанија.Да се развиваат способности за јасно рецитирање на стихотворба со промена на интонација на гласот.
Тек на активноста:Во пресрет на празникот 8ми септември денот на нашата татковина на денешната активност ќе ја читаме и усвојуваме стихотворбата 8ми Септември а креативноста на денешната тема ќе ја збогатиме со изработка на огномет .На темна подлога или црн а4 формат ќе нанесеме течен бел лепак во вид на распрскан огномет , потоа додека не се исуши лепакот врз него истураме крупна сол или шекер, откако ќе се исуши првото постапкапката ја повторуваме неколку пати.На убаво исушениот лепак и сол се протресува целиот сол се што е одвише да паде , потоа со четка и водени боици по малку наенесуваме на солта , користите бои по желба така што ќе добиете прекрасен огномет.
Честит празник другарчиња
Материјали и средства за реализација: Црн А4 формат., течен бел лепак, четка, водени бои,вода, сол или шекер во покрупни кристали.
8ми Септември
Знамиња се веат во секој наш крај,
Осми септември денеска е знај.
И старо и младо од радост блика,
го славиме празникот на нашата република.
За своја Македонија честитки се гласат,
мир , добрина, среќа вечно да ја красат.
Нека ни е вечна , државата мила
Воспитувач: Даниела Трајковска