" /> Сонца во обравчињата на Лиле03.09.2020

Стандарди: Детето може да зборува и комуницира;Детето покажува интерес кон печатени материјали;Детето демонстрира интерес за учество во разни форми на визуелна креативност;

Цели: Да се оспособува да раскажува по серија слики;Да се поттикнува и охрабрува да користи разни печатени материјали;Да се вежба во моделирање разни предмети од пластелин;Да се поттикнува упорноста и истрајноста во извршување одредени задачи;

 зеленчук 1овошје 1

Тек на активности: Активноста започнете ја со краток разговор за правилната и здрава исхрана и кои продукти треба да се консумираат за да бидеме здрави. Опишувајте ги и именувајте ги овошните и зеленчуковите плодови. Следи креативна визуелизација која ја води родителот и читање текст „ Сонца во обравчињата на Лиле “. Во продолжение поттикнете го детето да раскажува по сликите, а потоа и да моделира различни плодови од пастелин.

Материјали и средства за реализација: Серија слики, текст, пластелин, мушама, восочни бои, боенка, дидактички слики

  

КРЕАТИВНА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА

Седиме во тишина. Бројам од три до еден. На бројот еден ги затвараме очите. Со мислите ќе се пренесеме во една овошна градина. Ги гледаме лисјата на дрвјата како нежно треперат од тивкото ветре.Ги впиваме боите на овошните плодови. Со нас е чистиот воздух. Го вдишуваме и издишуваме. Уживаме во прекрасната музика на природата. Сега ќе бројам од еден до три и ќе ги отворима очите и ќе си се насмевнеме еден на друг. Сега сме спремни за приказна.

СОНЦА ВО ОБРАВЧИЊАТА НА ЛИЛЕ

Лиле ја виде кошничката со јагоди и весело плесна со рацете. -Ура, ура, јаготка! Зеде една јаготка од кошничката, ја допре до усните и нежно ја бакна. - Колку си убава, румена и миризлива! - рече Лиле. А јаготката уште повеќе зарумене од убавите зборови на Лиле. - Каде беше минатата недела? - ја праша Лиле. - Тогаш бев на нивата, сеуште бев мала и зелена- рече јаготката. - А кој ти ги обои обравчињата? - праша Лиле. - Сонцето – рече јаготката. – Тоа секој ден ме грееше со топите зраци, а јас растев. Ја пиев неговата светлина и топлина. Така моите обравчиња станаа румени.

лиле

Сега во моето миризливо срце свети и грее едно малечко сонце. – Тогаш и јас ќе одам надвор на сонце, за да ми станат обравчињата румени како твоите- се насмеа Лиле. – Не, не така! – рече јаготката. – Ти прво треба да се најадеш румени јаготки, па да излезеш на сонце. Дури потоа сонцата од нашите срца ќе минат во твоето тело, а обравчињата ќе ти станат румени.

-         А ако не сакам да јадам јаготки? – праша Лиле. – Тогаш ќе изгаснат нашите мали сонца- рече тажно јаготката. Лиле изми цела чинија јаготки и слатко се најаде. Потоа излезе на сонце да си игра. Обравчињата навистина и станаа румени како јаготки.

Воспитувач:Валентина Гавриловска

crtanje zelencuk

 

 

 

We use cookies to improve our website and your experience when using it. Cookies used for the essential operation of the site have already been set. To find out more about the cookies we use and how to delete them, see our privacy policy.

I accept cookies from this site.
EU Cookie Directive plugin by www.channeldigital.co.uk