Стандард: Детето може да ја користи својата креативност во секојдневните активности
Цели : Да се оспособува за творештво при набљудување, користење,комбинарање и истражување со различни ликовни и неликовни творечки материјали.
-Да се стекнува со вештини за користење на разни ликовни постапки (гмечење,туткање,кинење,лепење,сечење,цепкање и др.).
Тек на активноста:На бел лист потребно е детето да го нацрта тоа што сака, по своја желба (пеперутка,сонце или сладолед).Потоа се бираат оние бои од салфетки што е потребно за изработка.Се цепка салфетката на ситни делови,потребно е тоа да се направи со сите салфетки од тие бои што ни се потребни.Потоа од секој исцепкан дел со дланките се формира кружна форма(мали топчиња ).Кога ќе бидат сите готови се лепат на нацртаната форма и се добива прекрасна ликовна творба.
Потребни материјали и средства за работа :бели листови,молив,салфетки во различни бои,лепак, водени боици.
Воспитувач: Анета Димковска