Стандарди: Детето може да ја одржува рамнотежата на телото;Детето покажува истрајност во преземените активности;
Цели: Да се развива способноста да скока нанапред;Да се зајакнува целокупната мускулатура;Да се поттикнува упорноста во изведување на различни активности;
Тек на активноста: За оваа подвижна игра ви е потребно да подготвите самолепливи ленти и да ги залепите во ходникот или дневната соба како што е прикажано во прилогот. Објаснете му ги на детето правилата на играта. Детето треба со скокање од лента на лента да дојде до целта. Откако ќе го подготвите полигонот направете вежби за загревање и истегнуање. Играта може да започне и ќе трае додека има интерес кај детето. На крај прогласете го победникот, а детето нека продолжи со конструирање спортска сала.
Материјали и средства за реализација: Самолепливи ленти, градежен материјал.
Воспитувач:Валентина Гавриловска