Стандарди:Детето умее да ракува со играчки и разни предмети за општа употреба.Детето демонстрира способност за класификација и серијација.
Цел:Развивање на навики за внимателност при работа.Да се потикне способност за класификација ,компарација според боја,форма,големина,вид,и род.
Тек на активноста:Активноста ја започнуваме најнапред со повторување за формите(квадрат,круг,коцка,правоаголник,триаголник) со цртање на форми на шпатули или картонска подлога ,потоа доколку е картон (ќе ги исечеме на еднакви делови,доколку е на шпатула ќе ги измешаме).Задачата на детето е да ги спои формите како сложувалка.Сложувајте и забавувајте се.
Материјали и средства за реализација:Шпатули,фломастери,лепак,картон.
Воспитувач:Светлана Лукарова