Стандард : Детето може да ја користи својата креативност во секојдневни активности
Цел : Да се поттикне на разлишни нацини да ги изрази своите идеи , мисли, чуства.
Тек на активност: ,, Мојата кола од шише’’ – креативна игра
За денешната активност треба да подготвите едно пластично шише за вода, 4 капачиња , две мали цевки , една голема цевка , балон , селотеп, лепак , ластичиња.. Потоа заедно со децата ке ја изработите ,,Мојата кола од шише ‘’ . Ќе ги земете малите цевки и на секој крај ќе залепите капачиња за да добиете тркала , ги лепите на шишето за да добиете форма на кола , потоа правите два отвори на шишето дијагонално , на големата цевка од една страна го ставте балонот , а другата ја протнувате низ шишето, накрај со ластичињата ја зацврстувате цевката. Сега може да го надувате балонот и да видите како се движи , пофалба.
Материјали и средства за реализација: пластично шише за вода , ц2 мали цевки , една голема цевка , балон, ластичиња лепак
Воспитувач : Милка Јованова Митевска