Стандард:Детето демонстрира интерес за учество во разни форми на визуелна креативност.
Цел:Да се оспособува за користење и комбинирање на различни ликовни и неликовни материјали.
Тек на активност:Преку прашања поттикнете го вашето дете да раскаже кои животни и растенија живеат во морето(риби,октоподи,медузи,кит,ајкула,алги ....),разгледајте илустрации од морскиот свет(сликовници,списанија,енциклопедии)а потоа заедно изработете Морски украс,кој што ќе го краси вашиот дом.
Материјали и средства за реализација :пластична чаша(проѕирна),конец,ножици,листови во боја,фломастери,лепило.
Воспитувач:Кристина Лабудовиќ