Стандарди:Детето може да научи нови работи и да стекне нови искуства;Детето може да воспостави контрола на движењата на дланките и прстите;
Детето демонстрира способност да истражува и открива нови работи;
Цели: Да се поддржува љубопитноста кај детето кон новите предмети и настани во опкружувањето;Да се развие способноста да лепи хартија и други материјали;
Да се поттикнува самостојност кај детето при изведуање на едноставни истражувачки активности;
Тек на активноста: Активноста започнете ја со слушање песна „ Ало амбуланта “. Поттикнете го детето на разговор кога и зошто одиме на лекар, како се чувствува кога е болнo. Прашајте го детето за неговото мислење како се разболуваме и кој не разболува. Кажете му дека постои еден невидлив свет на вируси и бактерии кои не можеме да го видиме со голо око, а потоа предложете му да гледате низ лупа. Одберете некои ситни предмети или едноставно ситни бројки или букви и гледајте ги со лупа. Излезете во дворот или околината на зградата и набљудувајте ја кората на дрвата или почвата. Разговарајте што забележало детето. Може да се продолжи со игра и набљудување низ детски микроскоп. Објаснете му на детето дека микроскопот ни овозможува да го гледаме невидливиот свет на бактерии и вируси. Потоа со ваша помош детето нека изработи лупа.
Материјали и средства за реализација: Лупа, детски микроскоп, слики, картон, лепак, фолија.
Линк за песна :
Воспитувач :Валентина Гавриловска