Стандард:Детето демонстрира знаење за количина,бројки и броење.
Цел:Да се оспособи за препознавање на цифрите од еден до пет.
Тек на активност:За денешната активност најпрвин на картонска подлога залепете пластични капачиња и нацртајте корнети најдолу со цифрите од 1 до 5.Потоа од пластелин(може и памук во боја-помпони) детето да ги моделира своите омилени вкусови на сладолед и да ги става според бројот на капачињата.
Материјал и средства за реализација:картонска подлога,лепак,пластични капачиња,пластели,помпони ...
Воспитувач :Кристина Лабудовиќ