Стандарди: Детето покажува интерес кон печатени материјали;Детето можеда ги препознае и соодетно да ги изразува своите емоции;
Детето може да ја користи својата креативност во секојднените активности;
Цели: Да се поттикнува и развива љубов и навика за користење разни печатени материјали;Да се оспособува да ги препознава позитивните и негативните емоции;Да се поттикнува правилен и грижлив однос кон сликовници, книги и др.Да се развива детската креативна фантазија:
Тек на активноста: Поттикнете го детето да размисли како може да се забавува во надворешниот простор. Понудете му ја сликовницата и прочитајте ја.
Слончето со ролшули
Слончето им завидувало на зајчињата кои се возеле со ролшуи.
„Зошто да не се возам и јас “ – си помислило еден ден.
По лудото возење зајчињата си легнале под ладовината на едно дрво да се одморат, а слончето им земало еден пар ролшуи.
Зајчињата се разбудиле и потрчале по него.
„ Врати ги ролшуите ти си претежок за нив “
„ Подалеку од мене “- викнало слончето налутено и ги испрскало со вода.
„ АУУУ ова е многу потешко отколку што мислев “
„ Помооош“
„ Помош, ќе паднам, ќе се удрам “ – плачело слончето и излетало од стазата за возење и ја пробило оградата. Завидливото слонче се удрило со главата во едно дрво.
„ Леле, леле колку боли “
Во тој момент дошла жирафата и му рекла „ Ха ха ха така и ти треба кога им завидуваш на зајчињата “.
Разговарајте за емоциите и поврзете ги со содржината на приказната. Поттикнете ги децата да ја прераскажат приказната.
Може да се продолжи со илустрација по сликовницата и игри со плишани животни.
Материјали и средства за реализација: Сликовница, плишани играчки.
Воспитувач: Валентина Гаврилоска