Стандард : Детето демонстрира интерес за учество во разни форми на визуелна креативност.
Тек на активноста: Децата ќе имаат за задача да ја раскажат/ кажат нивната омилена приказна. На тој начин издвојуваме некои карактеристични моменти и преку прашања ги издвојуваме истите. Како изгледаат куќичките на трите прасиња , на Снежана и 7 -те џуџиња и сл. Тоа го цртаме на весникот а потоа со темперни бои ќе го избоиме.Нацртаните работи од весникот ги сечеме и ги лепиме на предходно обоен лист од блок. Од детските цртежи правиме изложба во вашиот дом.Во прилог ви предложуваме фотографии и од примери за изработка.