Стандард : Детето демонстрира способност да истражува и открива нови работи.
Цели : Да се поттикнуваат и развиваат мисловните процеси.
Тек на активноста :Пред да започнете со играта Меморија треба да подготвите картички кои од внатрешната страна ќе имаат одредени симболи или цртеж а од надворешната страна броеви или други симболи. Детето избира две картички , ако картичките се исти , односно со исти цртежи или симболи се острануваат , а доколку не се исти тие повторно се превртуваат како што биле.Играта трае се додека се погодат сите парови.
Материјали и средства за реализација : хамер молив ножици дрвени боици и листови со контура .
Воспитувач :Милка Јованова Митевска