Стандард:Детето демонстрира интерес за учество во разни форми на визуелна креативност.Детето може да воспостави контрола на движењата на дланките и прстите
Цели:Развој на креативноста кај детето и поттикнување за правилно користење на ликовниот материјал
Да се поттикне да држи ножички со едната рака и да сече хартија по зададена линија
Тек на активноста:Започнете разговор со детето. Започнете со прашање: Што носиме кога сонцето е јако? Што носиме за да ги заштитиме нашите очи? Очила за сонце. Времето е сончево и е одличен момент да го поттикнете вашето дете креативно да се изрази со изработување на весели очила на свој начин. Нека создаде нешто ново и да го сподели со своите другарчиња во искористување на заедничката игра. Потребно е да направите шаблон, односно да нацртате со помош на молив очила, а потоа исечете по линија со помош на ножички. На крај украсете ги по ваша желба, односно желба на детето. Во прилог на ова погледнете ги наѓите примери за изработка. ПРИЈАТНА ЗАБАВА!
Материјали и средства за работа: картон, ножички, лепак, разни украси, стикери.
Воспитувач :Анета Димковска