Стандард:Детето демонстрира способност за учество во разни форми на визуелна креативност.
Цел:Да се поттикне способноста за истражување и споредување на бои.
Тек на активност:За оваа активност потребно е детето на картон (или хамер)да нацрта бранови(линии) а потоа врз нив ставете лепак веднаш потоа истурете сол,а вишокот отсранете го.Потоа со водени бои и четка,детето може да нанесува бои кои со помош на водата и солта ќе се прелеваат.
Материјали и средства за реализација:картон(хамер),водени бои,четки(дебели и тенки),сол,лепак(универзален).
Воспитувач :Кристина Лабудовиќ