Стандарди :Детето демонстрира способност за количина, бројки и броење.Детето демонстрира способност да истражува и открива нови работи.
Цел :Да се развива свесноста за количеството на броевите до 8.Да се развиваат способности за користење на истражувањето и набљудувањето за учење и откривање
Тек на активноста :Најнапред активноста ја започнуваме со дидактички фотографии за Октоподот,потоа преку прашања и одговори ќе се запознаеме со живеалиштето на октоподот, Каде живее? Како се храни?. На детето можете да му објасните зошто го добил името Октопод, дека тоа е така поради неговите осум пипки, а зборот „окто“ на грчки јазик значи „осум“. Активноста можете да ја продолжите со изработка на октопод од хартија во боја, каде што најпрво ќе ја исечете главата, а потоа ќе исечете 8 ленти кои ќе ги претставуваат неговите пипки, преку што ќе ги мотивирате децата да бројат до осум. За да биде играта поинтересна, на секоја лента во низа нека лепат по едно кругче од хартија, од едно, до осум соодветно, како што е прикажано на сликата.Исто така во прилог можете да изработите Октопод од разни материјали или да зготвите октопод кои ќе ви ги понудеме во прилог.Направете семејство Октоподи!
Уживајте и забавувајте се со вашите најмили !
Материјали и средства за реализација:картон(од тоалетна хартија),лепак,колаж,хамер,ножици,шише пластично,за готвење(виршли,шпагети за пипци...)
Воспитувач:Даниела Трајковска