Стандарди: Детето може да воспостави контрола на движењата на дланките и прстите;Детето може да ја користи својата креативност во секојдневните активности;
Цели: Да се развива способноста да витка и лепи хартија;Да се поттикне да ги користи и зајакнува дланките и прстите;Да се поттикнува на различни начини да ги изразува своите идеи;
Тек на активноста : Активноста нека започне со разговор за тоа што се извидници и каква опрема им треба на извидниците. Подгответе го материјалот за работа и започнете заедно со детето да изработувате двоглед и фотоапарат користејќи го материјалот кој е предложен или друг материјал кој ви е достапен дома. Откако ќе ги изработите двогледот и фотоапаратот направете шатор ( скривалиште )од столици или маса и чаршав. И, играта може да започне. Детето може да користи и разни други играчки за творечката игра. Играта трае додека постои интерес кај детето.
Материјали и средства за реализација:Ролни од тоалетна хартија, самолеплив колаж, ножици, волница или врвка, амбалажа од лекови, столчиња или маса, чаршав.
Воспитувач :Валентина Гавриловска