Стандард:Детето се гордее со своите постигнувања и верува во своите спсобности
Цели: Поттикнување да покажува радост и задоволство од успешно завршена работа.
Детството е период , кој многу брзо минува и никогаш повеќе не се враќа. Уживајте во играта со своите деца, додека имате можност за тоа. Децата освен со купени, може да играат и со обични предмети кои не се играчки, како на пример кујнски садови, алатки, камчиња, гранчиња и друг природен материјал... Вашето дете ви нуди шанса повторно и Вие да бидете дете и да ја откриете заборавената магија на играта. Прифатете ја понудата и бидете негов другар и партнер во играта, за да го поттикнувате да се развива.
Тек на активноста: (играта има три нивоа)
Прво ниво: Поставете на едниот крај на собата еден сад или кошница, а спротивната страна нека биде старт. Вашето дете нека земе по еден компир во рака и нека го однесе во кошницата.
Второ ниво: Детето нека земе по еден компир и нека го стави меѓу колената. Целта е што побрзо да дојде до садот и да го спушти компирот точно во него.
Трето ниво: Компирчињата може да ги носи со мала лопатка или лажица.Искористете ги компирчињата и за печатење.
Наградата ќе биде чинија варени компирчиња и декорирана овошна салата. Ви посакуваме добра забава!
Материјали и средства за работа: компири и кошница или друг сад, лажица или лопатка, темперни бои четка, лист хартија.
Воспитувач :Анета Димковска